Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како преку модуларните болници да го наполни џебот, Абази уште го штити
1Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како преку модуларните болници да го наполни џебот, Абази уште го штити
МакедонијаНов Владика на МПЦ-ОА е Епископот Полјански ЈаковВо манастирската црква „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици" во Струмица вечерва се одржа наречение на новоизбраниот Епископ Полјански г. Јаков.Радосната вест пред верниците ја соопшти Светиот археирејски синод на чело со поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, со што одлуката беше потврдена пред црквата и народот. Со одржување на наречението и воведувањето на новиот владика за нов член на Светиот синод и заедничко причестување со вино и леб, новиот владика седна на заедничка маса со другите браќа. Пред голем број верници одлуката на Светиот синод за наречение на новоизбраниот Епископ Полјански Јаков, ја прочита поглаварот Стефан, а заедно со останатите владици ја водеше церемонијата на наречението на новиот Епископ на Светиот синод на МПЦ-ОА. Епископот Полјански Јаков е досегашен старешина во манастирот „Свети Антониј и свети великомаченик Георгиј", во Ново Село,Струмичко и тој новиот, тринаесетти, владика во Синодот. Тој сега ја носи титулата Епископ Полјански и во иднина ќе биде викарен епископ на Митрополитот струмички господин Наум. Одлуката на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА е донесена на 29 септември оваа година, а чинот на хиротонија или ракополагањето ќе се случи утре на соборот на епископите, кој ќе се одржи во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и Свети Леонтиј во Водоча". Тука поглаварот на МПЦ г.г. Стефан заедно со членовите на синодот ќе отслужи и Божествена литургија на која ќе се изврши хиротонијата на новоизбраниот епископ Полјански Јаков. Новиот владика е роден на 23 ноември 1983 година во Куманово. Во 2004 доаѓа во Струмица како искушеник, а следната година се замонашил. Дипломирал на теолошкиот факултет во Скопје оваа година. Цели осум години е старешина на манастирското братство во манастирот „Свети Антониј и свети великомаченик Георгиј", во Ново Село. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаЛефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како преку модуларните болници да го наполни џебот, Абази уште го штитиЗа Ислам Абази, обвинителот во заминување, морето од документи, вештачења за модуларната болница во Тетово не значеле ништо, не значел ништо ниту фактот што 14 лица живи изгореа во истата болница.Казни добија само поранешните директори на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, и Артан Етеми и тоа условни затворски казни, а казнета беше и болницата како правно лице со парична казна. Но, за мозокот на операцијата модуларни болници, Венко Филипче, обвинителството, замислете вели, не бил виновен. И ова по пет години го кажува обвинителот кој цел мандат им служи само на СДС и ДУИ. Да потсетиме, тоа се болници за кои немало надзор, за кои ниту општините, ниту надлежното министерство не издавале одобрение, односно биле поставувани целосно вон правилата од Законот за градење. Иако здравствената криза, Филипче во тој момент мислел само на профитот, а не на човечките животи. За ова говори и фактот што тој склучил и анекс на договор со фирмата која ги поставувала модуларните болници и ја зголемил цената за 20%. Во ваков контекст и покрај зборот на обвинителот на СДС и ДУИ, Абази, јавноста треба да знае дека во случај на нови докази постапка за истото дело може да има повторно. Сега, пак граѓаните треба да слушнат образложение од Абази зошто го штити Фичипче? Исто така и зошто Филипче ја зголемил цената на модуларните, каде завршле овие пари? Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Миле Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Граѓаните бараат решенија, надлежните претпријатија мора да си ја завршат работатаОпштина Центар и овој викенд е на терен. Вчера и денеска со два багери и два камиони се расчистуваат диви депонии во Крњево, Маџир Маало и Ново Маало, а паралелно продолжува и чистењето на локациите кои беа зафатени од невремето.До Општина Центар секојдневно пристигнуваат голем број поплаки од граѓани за натрупан отпад, неисчистени јавни површини, паднати гранки и зеленило. Иако дел од овие обврски не се во надлежност на Општината, општинските екипи излегуваат на терен и интервенираат таму каде што е потребно, затоа што проблемите не можат да останат нерешени на штета на граѓаните. Градоначалникот Горан Герасимовски упати апел до ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Паркови и зеленило“ редовно и навремено да ги извршуваат обврските за кои се надлежни. „Граѓаните не треба да бидат заложници на тоа кој за што е надлежен. Тие со право очекуваат чисти улици, собран отпад и уредени јавни површини. Најголем дел од поплаките завршуваат кај нас во Општина Центар и затоа реагираме секогаш кога можеме. Но, не можеме трајно да ги преземаме обврските на другите институции. Апелирам до ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Паркови и зеленило“ да бидат присутни на терен и да си ги извршуваат своите надлежности. На граѓаните им треба решение, а не префрлање на одговорноста“, порача Герасимовски. Општина Центар ќе продолжи со расчистувањето на критичните точки и со интервенциите по невремето. Истовремено, апелираме и до граѓаните да не оставаат отпад на јавните површини и да не се создаваат нови диви депонии на местата што се расчистуваат. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски бара алиби за изборите - ќе му го дадат руската и српската службаМицкоски бара алиби за избори. Кажува дека нема да има предвремени избори, но може ако некој му фрли ракавица. СДСМ јасно порача дека нема да биде алиби на Мицкоски. Тој не сака да признае дека нема пари во буџетот. Сè потрошил за криминални тендери. Секоја недела нови задолжувања, но тоа нема да може да оди во недоглед. Сепак, за секое задолжување или кредит, потребни се гаранции. Со водење на ваква економија од денес за утре, нема да добие можност за ново задолжување. Го нема повеќе Орбан, па да пласира кинески пари преку Унгарија во земја членка на НАТО. Сега скока Левица, стариот добар руски сателит во заштита на Мицкоски. Мицкоски е руски прокси-играч. Исклучиво работи за лична материјална корист, но истовремено ја исполнува и руската и српската анти-ЕУ агенда. Единствено ним им одговара Македонија да остане надвор од ЕУ, како тампон-зона. Ова лично му одговара и на Мицкоски, бидејќи со ЕУ доаѓа и европското обвинителство, а тогаш некој ќе мора да одговара за криминал и корупција. Владата и Мицкоски немаат ниту еден резултат. Економија, земјоделство, образование, здравство, дипломатија - ЕУ процесот. Ништо. Вучиќ најави избори. Мицкоски мора да ги распише изборите во исто време со него. Не може да чека тој да изгуби како и другиот негов ментор Орбан, кој целосно ја изгуби власта. Мицкоски, покрај 40 проценти орбанови медиуми, воведува тешка српска медиумска артилерија преку АЛО групата и лиценцата на Euronews. Кампањата е заснована на поделби по моделот на Ванчо Михајлов. Повеќе не можат да ги користат Бугарите во кампања како минатиот пат, бидејќи се компромитираа - цело ВМРО и нивните семејства не само што имаат бугарски државјанства, туку и фирми. Потребен е нов измислен противник. Ќе го најдат, ќе го измислат кај Албанците. Веќе видено сценарио - тоа не е потребно само за националистичката кампања на ВМРО во Македонија, туку и за менторот Вучиќ. Затоа Стоилковиќ деновиве е во Србија на договори со СНС. На Мицкоски му треба алиби - ќе го добие од српските и руските служби, преку своите сателити во Македонија. Народе, гледајте го сценариото во режија на Александар Вучиќ. Мицкоски е само главната улога. СДСМ нема да учествува во оваа игра. Нема да бидеме алиби. Граѓаните заслужуваат вистина, а не режирана претстава. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10