3„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место!
АвтомобилизамНов удар од Кина- претставен е првиот електричен камионет за ЕвропаКинеската пенетрација го вклучува и доменот на комерцијални возила.Новиот адут доаѓа од Maxus и штотуку ѝ е претставен на европската публика. Тоа се случи деновиве во Хановер на автосалонот посветен на комерцијалните возила. Maxus е бренд на концернот SAIC, кој го поседува и попознатиот MG. Новитетот е eTerron 9, а е најавен како „првиот европски електричен пикап 4×4 изграден на наменска електрична платформа“. Сепак, препознатливиот американизиран дизајн навистина ги носи придобивките од електричниот погон, како во однос на перформансите, така и кога станува збор за предниот багажник. Вториот има волумен од 236 литри, додека системот за отворање на задното стакло овозможува транспорт на предмети долги до 2400 mm. Инаку, со должина од 5,5 метри, овој камион е забележливо подолг од староседелците на европските патишта. Тој е 140 mm подолг од Ranger, и 175 mm подолг од Hilux. Внатрешноста изгледа одлично, како поради двобојниот тапацир во кожа, така и поради металната декорација, атрактивниот дизајн и перформансите на пловечкиот екран. Дополнителна вредност е можноста за целосно преклопување на седиштето, со што се добива рамна површина долга дури 1700 mm - доволно за да се спие преку ноќ. Ајде да кажеме нешто за возењето. LFP, или подолга литиум-железо-фосфатна батерија, има капацитет од 102 kWh и обезбедува домет од 430 km. Сосема солиден ако се земе предвид дека вози два електромотори со вкупно 442 КС. Поддржува моќност за полнење до 115 KW, а може да придвижува и надворешни потрошувачи. Носивоста е 620 кг, а може да повлече до 3,5 тони. Да речеме и дека се потребни 5,8 секунди за спринт до 100 km/h. Продажбата на овој технолошки напреден пикап камион со воздушна суспензија и бројни изненадувања во Европа започнува до крајот на годината. Цената се уште не е позната.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГасниот интерконектор со Грција напредува според планотЗавршувањето се очекува следната година.Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, заедно со НОМАГАС и грчкиот оператор на гасниот преносен систем ДЕСФА (DESFA), ги усогласија следните чекори за реализација на гасоводниот интерконектор меѓу Македонија и Грција – еден од најзначајните енергетски инфраструктурни проекти за државата и регионот. На работните средби одржани во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, на кои присуствуваа министерката Сања Божиновска, извршниот директор на НОМАГАС АД Скопје, Недим Рама, и главната извршна директорка на ДЕСФА, Марија Сферуца, беа разгледани тековните активности за изградба на интерконекторот на двете страни од границата, како и динамиката за реализација на договорните обврски. Во фокусот на разговорите беше потврдената заедничка определба проектот да се реализира во согласност со утврдените рокови, преку интензивна координација меѓу институциите и операторите, со цел да се обезбеди нов, сигурен и диверзифициран пристап до природен гас за Македонија На средбите беше потврдена заедничката оценка дека гасоводниот интерконектор ќе биде завршен во текот на наредната година, во согласност со утврдените рокови и планови за реализација. На средбата меѓу министерката Божиновска и главната извршна директорка на ДЕСФА, посебен акцент беше ставен и на регионалната иницијатива „Вертикален гасен коридор“, која претставува значајна можност за унапредување на енергетската поврзаност, зајакнување на сигурноста во снабдувањето и интеграција на националните пазари во пошироките европски енергетски текови. „Гасоводниот интерконектор со Грција е стратешки проект кој директно ја зајакнува енергетската безбедност на државата и отвора нови можности за диверзификација на снабдувањето. Нашата цел е Македонија да обезбеди стабилен пристап до различни извори и правци на енергија, а ваквите инфраструктурни поврзувања се клучни за поголема независност, конкурентност и отпорност на енергетскиот систем“, истакна министерката Сања Божиновска. Извршниот директор на НОМАГАС, Недим Рама, нагласи дека успешната реализација на проектот бара континуирана координација и партнерство меѓу сите вклучени страни, додека главната извршна директорка на ДЕСФА, Марија Сферуца, ја потврди посветеноста на грчкиот оператор за навремена и успешна реализација на интерконекторот. Гасоводниот интерконектор со Грција претставува клучна инвестиција во енергетската иднина на Македонија. Со неговата реализација, државата ќе обезбеди пристап до нови извори на природен гас, ќе ја зајакне сопствената енергетска сигурност и ќе го унапреди своето позиционирање во регионалната и европската енергетска инфраструктура. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: интерконектор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Не растат платите 3–4 пати побрзо, загрижувачко е што Мицкоски верува во своите лаги Водачот на организираната криминслна група, Христијан Мицкоски денеска изјави дека растот на платите под неговата Влада е 3 до 4 пати поголем отколку во времето на претходната Влада на СДСМ.Ова е уште една во низата лаги на Мицкоски. Фактите се следни: Во времето на СДСМ, минималната плата беше зголемена од 8.000 на над 22.000 денари - скоро тројно. Просечната плата беше речиси двојно зголемена, од околу 22.000 на над 42.000 денари. Платите во образованието, здравството, полицијата и армијата беа значително зголемени преку колективни договори. Под Владата на Мицкоски, минималната плата не е зголемена со политичка одлука. Направено е само законско усогласување од 1.667 денари нето (од 24.379 на 26.046 денари). Ова е автоматско зголемување кое го предвидува законот, а не резултат на некаква економска политика. Во исто време, цените отидоа до плафон, затоа што Мицкоски не ги примени мерките што ги предложи СДСМ. Инфлацијата ги изеде платите. Реалната куповна моќ на граѓаните е помала отколку што покажуваат голите бројки за номинален раст. Мицкоски лаже кога вели дека платите растат 3-4 пати повеќе, како што лаже за сè. Мицкоски одбива да ја зголеми минималната плата на 600 евра, иако тоа го бараат синдикатите. Наместо реално зголемување на платите и подобрување на животниот стандард, граѓаните добиваат пропаганда и лаги. Ова е неуспех на Мицкоски. Загрижени сме дека Мицкоски верува во своите лаги. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРистески: Голем интерес за грантовите за отворање на сопствен бизнис во Пелагонискиот регионРистески го искажа своето задоволство и од големиот интерес за мерката во Пелагонискиот регион, каде во Прилеп до вчера пристигнале 311, а во Битола 180 апликации.Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, директорката на Агенција за иновации, научно технолошки развој и претприемништво-ИНОВА Даниела Димовска, како и градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски и Претседателот на Советот на Битола, Бојан Бојкоски денес ги посетија регионални канцеларии на Агенцијата за вработување во Прилеп и Битола. За време на посетата со раководителите на регионалните канцеларии и вработените во центрите дискутираа за текот на пријавувањето за јавните повици, како и за потенцијалите предизвици со кои се соочиле и ги надминале за време на поднесувањето на пријави. - Денес е последниот ден на аплицирањето за јавните повици од мерката за Претприемништво - Самовработување со грант и интересот е голем во целата држава и центрите за вработување беа преполни со заинтересирани граѓани. Сакам да им се заблагодарам на вработените кои овие две недели со нивната професионалност и посветеност на работата беа на ниво на задачата, успешно се справија со сите предизвици и излегоа во пресрет на сите граѓани – кажа заменик-министерот Ристески. Тој потенцираше дека интересот е многу висок за трите јавни повици и дека пред почетокот на последниот ден од аплицирањето на државно ниво надмината е бројката од 5.000 лица. - По историски големиот интерес минатата година, како и пристигнатите над 5.000 апликации досега, се потврдува исправноста на нашата одлука за зголемување на обемот на средствата од Оперативниот план за оваа мерка и проширување на опфатот за дополнителни 300 лица. Исклучително сум задоволем од бројот на апликации, кои само потврдуваат дека нашите граѓани сакаат да работат, сакаат да имаат сопствен бизнис и имаат одлични и иновативни идеи – додаде Ристески. Ристески го искажа своето задоволство и од големиот интерес за мерката во Пелагонискиот регион, каде во Прилеп до вчера пристигнале 311, а во Битола 180 апликации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook