ЛДП: Предупредувавме, поставувавме пратенички прашања, баравме одговорност – денес онколошките пациенти повторно се без терапија
1ЛДП: Предупредувавме, поставувавме пратенички прашања, баравме одговорност – денес онколошките пациенти повторно се без терапија
СкијањеНов триумф на Шифрин во велеслаломАмериканката Микаела Шифрин ја оствари втора велеслаломска победа во два дена, откако денеска беше најдобра во австрискиот ски-центар Земеринг.До освои својата 25-та победа во кариерата во Светскиот куп, Америкнката стигна во тешки услови при силен снег. Како на вчерашната така и на денешната трка на истата патека, Шифрин го освои првото место пред Французинката, Теса Ворлеј. Денеска Американката по двете трки таа имаше вупно време од 2:09.40 минути, што беше само 15 стотинки подобро вкупно време од Французинката, односно само 18.стотинки побрзо од Викторија Ребензбург од Германија. Со новата победа Шифрин го зголеми водството во генерален пласман на 115 поени пред актуелната шампионка во Светскиот куп, Лара Гут од Швајцарија која денеска заврши на шестото место. Веќе утре, повторно во Земеринг, дамите ќе ја возат слаломската трка и тоа во вечерниот термин под рефлектори. Машкиот спуст кој требаше да се одржи во италијанскиот ски-центар Санта Катерина беше откажан поради силниот ветер. Доколку условите се подобрат таму според програмата утре треба да се одржи трката во комбинација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Предупредувавме, поставувавме пратенички прашања, баравме одговорност – денес онколошките пациенти повторно се без терапијаЛиберално-демократската партија (ЛДП) изразува целосна поддршка за онколошките пациенти кои утре ќе протестираат пред Министерството за здравство. Трагично е што луѓе кои водат најтешка битка за сопствениот живот повторно се принудени наместо во болница, да бараат правда на улица. ЛДП уште минатата година предупреди дека недостигот на онколошка терапија не е изолиран инцидент, туку сериозен системски проблем и побара одговорност од Министерството за здравство. Наместо решение, денес гледаме повторување на истиот срам. За секој ден без терапија некој мора да одговара. Не може секојпат кога ќе се испразнат залихите виновник да нема, а последиците секогаш да ги трпат пациентите. ЛДП бара: - Итно обезбедување на целата неопходна терапија; - Целосна јавна информација за причините за недостигот; - Утврдување лична и политичка одговорност за институционалниот пропуст; - План со кој ќе се гарантира дека ова никогаш повеќе нема да се повтори. Држава која што не може да обезбеди лекови за најтешко болните нема право да зборува за успеси во здравството. За онколошките пациенти нема втор обид. Секој изгубен ден може да чини човечки живот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август а дотогаш народот се труеМинистерот Клековски вчера објави: анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури до 20 август.Трујат луѓе со месеци. Епидемија на жолтица. Бактерии во водата. А резултатите ќе ги кажат дури за две недели. Како тогаш можеа да тврдат дека водата е „технички исправна“? Единствен одговор: Затоа што Мицкоски лично рекол дека е исправна. За да се претстави како спасител и да собере евтини политички поени. Министерот за полиција Тошковски прави хиперхлорирање и им рече на граѓаните „пуштете ја водата да истече“. Директорот Стојанче Ангелов јавно потврди дека има опасна бактерија во водата. А сега ќе чекаме до 20 август да чуеме официјална анализа. Власта си игра со животите на луѓето. Ја отруја и болницата во Гостивар. Пациентите се префрлаат во Тетово. Во болницата сред епидемија дежура еден инфектолог и неколку специјализанти – плус дерматолози како што објави ТВ 24. Мицкоски труе народ. Клековски, Тошковски и целата екипа ќе одговараат. Ова повеќе не е неспособност туку свесно труење и целосно немање на одговорност. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран соопшти дека постигнал договор со Оман за рута за превоз низ Ормутскиот теснецИран соопшти дека постигнал договор со Оман за рута за превоз низ Ормутскиот теснец.Портпаролот на иранското министерството за надворешни работи не даде дополнителни детали за договорот, за кој рече дека е „во завршна фаза“. Сепак, предупреди дека договорот со Оман нема да гарантира безбедна пловидба низ теснецот, тврдејќи дека безбедноста останува засегната од американската блокада на иранските пристаништа. САД и Оман не коментираа за предлогот.Откако САД и Израел го нападнаа Иран во февруари, Техеран во голема мера го блокираше Ормускиот теснец низ кој обично минува околу една петтина од светската нафта и течен природен гас. Пред два дена Трамп предупреди дека Иран ќе биде „многу силно погоден“ ако теснецот не се отвори „многу брзо“. Неговите коментари дојдоа откако високи американски претставници изјавија дека разговорите напреднале за да се овозможи потенцијално продолжување на испораките, иако Иран тврди дека не преговара со САД и оти нема планови да го стори тоа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook