Нов скандал во Мелбурн-Ѓоковиќ повторно приведен, го чека депортација?! - Канал 5

Нов скандал во Мелбурн-Ѓоковиќ повторно приведен, го чека депортација?!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе биде приведен и депортиран од Австралија.

Нов скандал во Мелбурн-Ѓоковиќ повторно приведен, го чека депортација?!

Српски политиколог за телевцизија Прва изјавил дека предмалку во Мелбурн повторно е приведен најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Според доверливите информации на Нина Марковиќ, Новак предмалку бил приведен и го чека депортација иако судијата Енотни Кели пресудил во негова корист .

Официјални лица на емиграциското биро пред 15 минути пред канцеларијата на двокатот каде бил Ѓоковиќ му рекле тој да тргне со нив и дека е приведен, за подоцна да биде депортиран.

YouTube video

Братот на Новак, Ѓорѓе Ѓоковиќ потврди дека најдобриот свтески тенисер е уапсен!

„Непроспиени ноќи за целото семејство. Поминуваме низ многу тешки моменти, Новак покажа колку е упорен и колку верува во своите идеали и дека е голем човек и се борел не само за себе туку и за целиот свет. На од друга страна имаме систем во Австралија „Тој донесе одлука во полза на сите факти и немаше причина за каква било друга одлука, а сега добиваме информации дека министерот за внатрешни работи очигледно е над судот“, рече. Ѓорѓе Ѓоковиќ.

Според информациите од Австралија голем број на полицајци влегле во зградата во која е Новак со својот адвокатски тим, пред зградата е полициско комбе во кое би требало Ѓоковиќ да биде однесен во емиграциски притвор.

И покрај тоа што судијата нареди тенискиот ас да биде ослободен од карантин министрите имаат моќ да го поништат ова и сепак да го депортираат, јавија британски медиуми.

„Властите во Австралија имаат дискреционо право да му ја укинат визата на Ѓоковиќ врз основа на 'закани за јавното здравје' и случајот може пак да се врати на суд", јавија британски медиуми.

Судот во Мелбурн претходно ја поништи одлуката на сојузната влада на Австралија за депортација и укинување на визата за Новак Ѓоковиќ. Адвокатите на Ѓоковиќ поднесоа жалба на владината одлука, аргументирано ја образложија и потврдија дека најдобриот тенисер во светот има комплетна документација за медицинско изземање, поради што судијата Ентони Кели пресуди во негова корист. Одлучено е да му се платат трошоците и да му се вратат пасошот и сите лични документи. Судот посочи дека е „неразумна" одлуката на Владата да му ја укине визата за влез на, во моментот, најдобриот тенисер во светот.

Новак Ѓоковиќ не е уапсен, јавија некои австралиски медиуми.

Иако полициски сили влегле во зградата каде што е најдобриот тенисер на светот со своите адвокати, тој сè уште не е приведен, јавува добро информираниот новинар Пол Сакал, а тоа го потврди и за „The Age" за кој пишува, како и за „Сиднеј Морнинг Хералд".

„Сиднеј Морнинг Хералд" пишува дека според четири владини и тениски извори, српскиот тенисер не е уапсен.

Истиот весник јавува дека во зградата во која се наоѓа Ѓоковиќ нема гранична или федерална полиција.

И покрај одлуката на судот, за депортација на Новак Ѓоковиќ одлучува министерот за имиграциско право, Алекс Хок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Светската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови.

Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година.

Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика.

„Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети.

Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем.

„Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците.

Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора.

Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Голема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ.

Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти.

По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот.

За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови.

Почитувани граѓани,

Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите.

Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело.

Сами против сите.

Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена.

Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер