3ЛДП: „Скопје 2014“ на 35-годишнината од независноста - Наместо да ги објават како за Стевановска, сега ги кријат неверојатните хонорари, ЈО разбудете се!
Шоу бизНов скандал во Холивуд: Беше силен. Ме совлада и ме силувашеЈунакот на една од најпопуларните серии во светот „Gossip Girl”, Ед Вествик обвинет е за силување на актерката Кристин Коен која на својот Фејсбук во детали опиша како тоа се случило. Коен која го обвини Вествик дека ја силувал пред три години, кога за прв пат го запознала во неговиот стан, кој тогаш го посетила со тогашниот партнер. Младата актерка изјави дека атмосферата од почетокот била непријатна, бидејќи актерот цело време сугерирал дека сите тројца би требало да имаат секс. Кристина изјави дека од својот партнер, инаку продуцент, веднаш побарала да заминат, но тој и рекол да останат уште 20 минути за да не дојде до недоразбирање. Изјави дека била многу уморна, а Вествик и предложил да отиде во една соба во станот и да легне. „Одеднаш се разбудив и го почувствував Ед на мене, а неговите прсти влегуваа во моето тело. Му реков да престане, но беше силен. Се борев колку што можев, но тогаш со своите раце го фати моето лице и рече: „Сакам да те е*ам“. Бев парализирана, уплашена. Не можев да зборам, не можев да се помрднам. Ме совлада и ме силуваше“ – напиша на Фејсбук пост. Кога подоцна на својот партнер му реков што се случи, тој очекувано ја нападнал обвинувајќи ја дека “активно учествувала во чинот“. Наводно и рекол на никого да не кажува за ова бидејќи Ед познава луѓе во филмската индустрија кои можат да и ја уништат кариерата. Исто така и рекол да “не биде една од оние силувани актерки“ поради што не требало ништо за ова да им спомне ниту на пријателите, „Чувствувам гнев кога ќе видам луѓе како Ед како добиваат почитување од публиката. Тој дава изјави за Оксфорд Универзитетот, каде е прогласен за еден од оние луѓе кои го формираат нашиот свет. Како ќе се заврши тоа? Луѓето како Ед ја користат својата слава и сила да спроведат насилство и да заплашуваат, а продолжуваат да собираат награди“ – напишала на крајот на својот исповед. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАвион нагло загуби височина поради турбуленции- патниците во паника, има повредени (ВИДЕО)Најмалку осум лица се повредени откако силни турбуленции го погодија авионот што леташе за Њујорк, принудувајќи го да направи итно слетување.Авионот на „Авијанка“ полета од Меделин, Колумбија, во четврток во 22:40 часот по локално време кон аеродромот ЏФК, но беше принуден да го промени курсот и да слета во Мајами само три часа по почетокот на летот, објави Ен-Би-Си. Авионот „Ербас А320“ се искачи на околу 35.000 стапки додека леташе над Јамајка и Куба, упатувајќи се кон север, пред нагло да се спушти околу 2,5 часа по почетокот на летот. Видео од пилотската кабина објавено од американските медиуми по слетувањето на авионот ги покажа луѓето во состојба на шок. Авионот се спушти 25.000 стапки (7.500 метри) за само неколку минути, според податоците на FlightRadar24, пред да слета во Мајами. „Повеќе пациенти се повредени“, изјавија претставници на противпожарната и спасувачка служба во Мајами-Дејд откако авионот слета околу 3:30 часот наутро, а најмалку едно лице е во сериозна состојба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
ТенисЃоковиќ по поразот во Шангај: Беше речиси невозможноНовак Ѓоковиќ не успеа доволно да се опорави од заморот и освојувањето на Пекинг, па загуби од Хуберт Хуркач на првиот тест на Мастерсот во Шангај, но немаше причина за очај.- Пекинг беше одличен, а потоа рана елиминација овде... Но, добро. Имав одлична недела во Пекинг, сега сакам малку да одморам и да се подготвам за затворениот дел од сезоната - изјави Новак, а потоа подетално објасни: - Површината е исклучително брза, сосема поинаква од онаа во Пекинг. Ако изгубите сервис еднаш по сет, може да биде доволно да го изгубите мечот. Токму тоа се случи. Многу е тешко да се врати неговиот сервис, речиси невозможно - сервираше навистина добро. Не се адаптирав, а соочувањето со него веќе на првиот меч овде беше многу тешка ждрепка за мене - изјави Новак, пренесе Телеграф. Потоа го коментираше мечот со Хуркач кој го загуби во два сета каде Полјакот сервираше навистина неверојатно. - Ако претрпите пауза, доволно е да го загубите натпреварот. Еден брејк по сет и тоа се случува. Многу е тешко да се врати на негов сервис, беше речиси невозможно. Не се адаптирав, имав многу тешка ждрепка, особено што морав да играм со него веќе на првиот меч - потенцира Ѓоковиќ. Сега го чека турнирот „Шест кралеви“ во Ријад, но најголема желба му е да обезбеди учество на завршниот Мастерс во Торино, за кој моментално ја држи позицијата, но ќе биде многу тешко да остане таму. - Би сакал да го одиграме завршниот Мастерс во Торино. Се уште планирам да играм во Париз, па да видиме... Се надевам дека таму ќе имам добар резултат - заврши Ѓоковиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКрадци украле 30.000 шишиња вино во вредност од 5 милиони евра во ИталијаНевообичаена кражба во Италија.. Крадци украле 30.000 шишиња вино во вкупна вредност од околу 5 милиони евра од позната италијанска винарија, објави Би-Би-Си.„Марчези Антинори“, една од најголемите семејни винарии во Италија, соопшти дека кражбата во нивниот магацин во Тоскана се случила во саботата, додека компанијата се подготвувала да испрати пратка до клиенти во странство. Се претпоставува дека најмалку седум маскирани мажи ги деактивирале алармите и ги исклучиле камерите пред да натоварат два големи камиони со тоскански црвени Вина Тињанело, Солаја и Гвадо Ал Тасо на компанијата. Извршниот директор котарела изјавил дека ова е најголемата кражба од ваков вид во Италија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook