ООУ „Вера Циривири-Трена“ дел од меѓународен проект за поврзување на училиштето и семејството преку STEAM учење
2ООУ „Вера Циривири-Трена“ дел од меѓународен проект за поврзување на училиштето и семејството преку STEAM учење
ЕкономијаНов пресврт: Русија го прекинува протокот на нафта кон Германија Извозот на нафта од Казахстан во Германија преку рускиот нафтовод „Дружба“ во 2025 година изнесувал вкупно околу 2,146 милиони метрички тони, или околу 43.000 барели дневно.Русија ќе го укине овој вид испорака на нафта од 1 мај, според извори од индустријата. Три извори изјавија за Ројтерс дека нов, прилагоден распоред за извоз веќе е испратен до Казахстан и Германија. Изворите зборуваа под услов да останат анонимни, пренесе Пословни. Одлуката доаѓа во време на затегнати политички и економски односи меѓу Русија и Германија поради конфликтот во Украина, при што Берлин продолжува да го поддржува Киев. Руските претставници не ги коментираа веднаш обвинувањата. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека не е запознаен со одлуката за суспендирање и дека ќе ги провери информациите. Германија ги стави локалните единици на руската нафтена компанија „Роснефт“ под државна администрација во 2022 година, дополнително ослабувајќи ги долгогодишните енергетски врски со Русија. Казахстан моментално ја снабдува Германија со нафта преку северната гранка на нафтоводот „Дружба“, кој поминува низ Полска. Испораките постојано се прекинуваат поради напади со беспилотни летала врз инфраструктурата во Русија. Една од најголемите рафинерии во Германија, PCK во Швет, останува делумно зависна од казахстанската нафта што пристигнува преку оваа рута, откако увозот на руска нафта беше прекинат во 2022 година.Тагови: нафта русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалГаштаров сепак ќе игра за Македонија, Србите ја намалија еуфоријата Откако периодов во фокусот на јавноста во Србија е Матеј Гаштаров со првотимскиот статус во Црвена Звезда, автоматски започна со приказната и за потенцијален негов „репрезентативен“ трансфер од Македонија во Србија.Како што е добро познато, Гаштаров е младински репрезентативец на Македонија со официјален повик за А репрезентацијата од денеска со официјализирање на списокот на селекторот Гоце Седлоски за претстојните мечеви во Лигата на Нациите. Сепак, откако Гаштаров стана првотимец на Звезда, го доби пасошот на Србија, но со причина. За да може да биде „џокер“ У21 играч за тимот. Само, и исклучиво поради тоа и стартуваа шпекулациите за негово преселување во дресот на Србија. Еден од водечките луѓе во Фудбалскиот сојуз на Србија, Ранко Стојиќ пред десетина дена во едно интервју јавно кажа дека ќе се обидат да го преусмерат Гаштаров, но на сите тие шпекулации денеска им дојде крајот. Селекторот Седлоски и официјално го повика Гаштаров, и објасни дека во личниот разговор со играчот на Црвена Звезда јасно е ставено до знаење за кого Гаштаров планира да игра. Медиумите во Србија неволно ја пренесоа попладнево таа информација, очигледно сметајќи го ова за некаков си неуспех. Со кој што ќе мора да се помират очигледно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСпецијализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаБурни реакции во Косово, Албанија и Македонија по изречените пресуди во ХагРеакциите од пред судот во Хаг, се прелеаја и во Приштина каде исто така се регистрирани инциденти.. Солзи, свирежи, жестоки скандирања против Хаг и пцовки на „сметка“ на Србија – градскиот плоштад во Приштина одекна од незадоволството од неколкуте стотици насобрани кои дојдоа заеднички да ги слушнат пресудите на ХАГ за четворицата лидери на УЧК кои добија вкупно 81 година затвор. Според насобраните, ваквата пресуда е неправедна, наведувајќи дека борбата против Србија била ослободителна. Откако ги слушнаа пресудите се упатија по градските улици, а скандирањата продолжија пред просториите на цивилната мисија во Косово – ЕУЛЕКС, каде дојде до ескалација. Неприфатлива неправда, голема и штетна казна – вака ја оцени пресудата на хашкиот суд за четворицата косовскиот премиер Албин Курти. Според него, ваквата пресуда треба да се промени во натамошниот процес, за кој најави дека и натаму владата на Косово ќе издвојува средства. „Осудителните заклучоци се однесуваат на конкретни обвиненија за воени злосторства, вклучително и тортура врз лица кои биле сметани за соработници на српскиот режим. Ова се неправедни наоди, но тие не се конечни и ќе бидат предмет на разгледување во жалбената постапка. Оваа пресуда мора да биде изменета и исправена во жалбената постапка, и тоа што е можно поскоро“ Албанскиот премиер, Еди Рама со фотографија на социјалните мрежи истата ја нарече срамна. Реакции стигнаа и од албанските политичари и партии во земјава. Собранискиот спикер – Африм Гаши, напиша дека четворицата осудени се дел од славната историја на Косово, а лидерот на ДУИ, Али Ахмети изрази разочарување од исходот. Реагираше и политичката партија ВРЕДИ, според кои, изречените казни се високи и неприфатливи. „Изречените казни се високи и неприфатливи. Денешната пресуда не ја доведе во прашање легитимноста на ОВК. Војната на ОВК беше праведна борба за слобода, водена во услови на репресија и злосторства на режимот на Милошевиќ. Оваа историска вистина не може да ја промени ниту една пресуда.“ „Денешната одлука против Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими ја сметам за неправедна и длабоко разочарувачка. Во овие тешки моменти повикувам на зрелост и единство. Не смееме да паднеме во замката на оние кои се обидуваат да создадат тензии, поделби или да фрлат дамка врз ослободителната војна на народот на Косово. “ Од косовската полиција пак порачаа дека се максимално подготвени да се справат со реакциите на улиците кои ги предизвика пресудата. Оперативен план, уверуваат, е спроведен на целата територија на Косово, а не само во Приштина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаООУ „Вера Циривири-Трена“ дел од меѓународен проект за поврзување на училиштето и семејството преку STEAM учењеСо ваквите иницијативи, училиштето и семејството стануваат уште посилни партнери во образованието на децата, а учењето – заедничко истражување, создавање и откривање.ООУ „Вера Циривири-Трена“, како партнер во меѓународен проект, заедно со партнерски организации од Холандија, Хрватска и Словенија, учествуваше во развојот на TOGETHER Tool – практичен прирачник чија цел е да го зајакне поврзувањето меѓу училиштето и семејството преку заедничко STEAM учење. Алатката е наменета за наставници и родители и содржи практични насоки, идеи и активности преку кои науката, технологијата, инженерството, уметноста и математиката се поврзуваат со ситуации и предизвици од секојдневниот живот. Она што го издвојува TOGETHER Tool е акцентот на заедничкото учење и истражување. Децата и родителите се поттикнуваат заедно да поставуваат прашања, да експериментираат, да размислуваат, да создаваат и да бараат различни решенија. На тој начин, учењето станува можност за разговор, соработка и квалитетно поминато време во семејството. Прирачникот нуди разновидни активности што можат да се реализираат и во домашни услови, со едноставни материјали. Преку практична и забавна работа, учениците ги применуваат стекнатите знаења и ги развиваат љубопитноста, креативноста, критичкото размислување и вештините за решавање проблеми. Учеството на ООУ „Вера Циривири-Трена“ во создавањето на оваа алатка претставува значајно искуство и можност за размена на знаења и добри практики со образовни партнери од повеќе европски земји. Преку заедничката работа, партнерите создадоа ресурс што може практично да се применува во училиштата и семејствата. Конечната верзија на TOGETHER Tool е достапна онлајн и отворена за наставници, родители и сите заинтересирани за примена на современи, креативни и практични STEAM активности во процесот на учење. Со ваквите иницијативи, училиштето и семејството стануваат уште посилни партнери во образованието на децата, а учењето – заедничко истражување, создавање и откривање. Прирачникот можете да го најдете на веб-страницата на проектот FASTEAM: https://learninghubfriesland.wixsite.com/.../together-tool ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСпецијализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00