Нов план за евакуација поради можна голема ерупција на вулканот Везув-загрозени се 700.000 луѓе - Канал 5

Нов план за евакуација поради можна голема ерупција на вулканот Везув-загрозени се 700.000 луѓе

Во Неапол е претставен нов план за евакуација на црвената зона, блиску до градот, поради ерупција на вулканот Везув.

Нов план за евакуација поради можна голема ерупција на вулканот Везув-загрозени се 700.000 луѓе

Планот вклучува неаполски населби со население од околу 37.000 жители.

Тие ќе треба да бидат евакуирани во рок од 48 часа доколку вулканот еруптира. Овој временски период е потребен за целосно да се испразни црвената територија околу вулканот Везув.

Според италијанските медиуми, ќе бидат преместени речиси 23 илјади автомобили. Планот детално дефинира како луѓето ќе бидат евакуирани.

Црвената зона е поделена на три сектори и им е доделен приоритет за евакуација. Има три места наречени чекални каде граѓаните со автобуси ќе се превезуваат на безбедно. Тие се дефинирани и со маршрутите по кои ќе се движат автобусите.

Овој план е креиран на предлог на градоначалникот Гаетано Манфреди, кој го создаде Одделот за цивилна заштита на чело со советникот Едоардо Козенца. За да стапи во сила, тој мора да биде одобрен од Градскиот совет на Неапол, кој е закажан за 14 јануари 2025 година.

Црвената зона на Везув е поделена на зони 1 и 2. Таа опфаќа 25 општини во провинциите Неапол и Салерно, вклучувајќи дел од областите Бара, Понтичели и Сан Џовани, со вкупно население од 700 илјади.

Оваа област е најмногу изложена на ризик од наплив на пирокластични текови во случај на ерупција (зона 1) и висок ризик од колапс на покривите поради акумулација на пепел (зона 2).

Во 2015 година беше одредена и жолта зона која ќе биде изложена на вулканска пепел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во болница почина убиецот од Полска

 Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.

Во болница почина убиецот од Полска

24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро.

„Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението.

Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител.

Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.

Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Од денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола.

Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер