Нов паркинг на улица "Козјак" во Кисела Вода

Нов паркинг простор е во завршна фаза во населбата Кисела Вода. Градоначалникот Ѓорѓиевски денес изврши увид на улицата “Козјак”, каде на 400 квадратни метри се обезбедуваат нови 25 паркинг места. 

Со ова, бројот на новоизградени паркинг места за овие две и пол години се искачува на околу 1400.

-Продолжуваме да работиме со силно темпо грижејќи се нашите жители да имаат што подобри услови во секој сегмент од нивните животи. Решавањето на проблемот со недостиг од паркинг места со кои се соочувавме со години наназад е поставен високо во моите приоритети, а дека е така говори тоа што, иако во мојата програма имав ветено 1000 нови паркинг места, веќе ја достигнавме бројката од 1400 и тоа само за две и пол години. Новиот паркинг на улицата "Козјак" во населбата Кисела Вода нуди можност за уште 25 паркинг места. Просторот се протега на околу 400 квадратни метри, поплочен е со павер елементи и секако ќе придонесе во безбедноста и удобноста на сообраќајот во мирување. Секако, вакви градежни активности во периодот што следи ќе имаме и во сите останати месни и урбани заедници, на што веќе интензивно работиме-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Хамнеи прогласи петдневна жалост во Иран поради смртта на Раиси

Хамнеи прогласи петдневна жалост во Иран поради смртта на Раиси кој загина во пад на американски хеликоптер.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска прогласи петдневна национална жалост поради смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси кој загина во хеликоптерска несреќа.

Хамнеи претходно изјави дека првиот потпретседател на Иран Мохамед Мохбер е одговорен за извршната власт и оти има рок од 50 дена за одржување претседателски избори.

Според Уставот, во случај на смрт на иранскиот претседател, првиот потпретседател ја презема функцијата шеф на државата во текот на 50-дневен преоден период до одржување на избори, што е предмет на одобрение од иранскиот врховен лидер, кој го има последниот збор во сите државни прашања.

Хеликоптерот во кој загина Раиси беше американски Бел (Bell) 212 кој го развила компанијата „Bell Helicopter“ за канадската армија во доцните 1960-ти како надградба на оригиналниот UH-1 Iroquois.

Цивилната верзија на тие хеликоптери од ерата на Виетнамската војна беше во широка употреба низ целиот свет и ја користат и влади и приватни оператори. Хеликоптерот беше претставен во 1971 година и набргу потоа почна да се користи во САД и Канада, според американски документи за воена обука.

Хеликоптерот Бел 212 е прилагодлив на сите типови ситуации, вклучително и превоз до 15 луѓе, распоредување на воздушна противпожарна опрема, транспорт на товар и монтирање оружје.

Иранскиот модел што се урна вчера беше модифициран за да носи државни функционери. Хеликоптерите Бел 212 ги користат, меѓу другите, крајбрежната стража на Јапонија, агенциите за спроведување на законот во САД, полицијата во Тајланд. Иранското воздухопловство и морнарица имаат вкупно 10 вакви хеликоптери, а не е познато колку летала од овој тип користи иранската влада. Во последната несреќа во Иран со хеликоптер Бел 212, што се случи во 2018 година, загинаа четири лица.

Фото: Елегантната Деми Мур блеска во Кан!!

Холивудската ѕвезда Деми Мур блесна во фустан поради кој сите се едногласни во ставот, дека само вака се доаѓа во Кан!!!!

Познатата актерка е главна ѕвезда на филмот „The Substance“ кој вчера премиерно беше прикажан на Канскиот фестивал.

Убавата актерка на црвениот тепих во Кан се појави како вистинска дива.

Канскиот фестивал е во полн ек, а вчера се одржа премиерата на филмот „The Substance“, во кој главната улога ја има холивудската дива Деми Мур.

Познатата актерка пред премиерата на филмот прошета на црвениот тепих во елегантен фустан со кој уште еднаш потсети зошто е една од најубавите и најдобро облечените дами во светот на славните.

Таа позираше пред претставниците на медиумите во елегантна креација со потпис на модната куќа Скиапарели, тоалет во боја на шампањ.

Фото: Олимписка шампионка се соблече за роденденот!!

Руската уметничка лизгачка Алина Загитова вчера го прослави својот 22 роденден. 

Најпознатата Татарка објави фотографии од роденденот во Дубаи, а на радост на голем број обожаватели атрактивната Алина се сликала на јахта во костим за капење.

Загитова е единствената уметничка лизгачка во историјата која ги освоила сите светски титули во уметничко лизгање.

Алина е олимписка шампионка во поединечна конкуренција, светски и европски шампион, победник на финалето на Гран при, шампион на Русија.

притисни ентер