Нов обид на судиите и обвинителите преку Уставен да си обезбедат повисоки плати - Канал 5

Нов обид на судиите и обвинителите преку Уставен да си обезбедат повисоки плати

Судиите и јавните обвинители во последен обид да добијат поголеми плати во 2025 година и покрај најавите на Владата дека ќе нема зголемување на нивните плати поради лошите оценки и малата доверба во правосудството. 

Нов обид на судиите и обвинителите преку Уставен да си обезбедат повисоки плати

Иако законски не можат да интервенираат, тие преку Уставниот суд по втор пат се обидуваат да го вратат барем повисокиот коефициент според кој се пресметува нивниот личен доход и со тоа да добијат дополнителни 250 евра месечно.

Имено, Уставниот суд во среда по две иницијативи, поднесени од судии и обвинители, ќе одлучува за тоа дали намалувањето на коефициентите што го направи Собранието во февруари 2024 година било неуставно и мешање во нивната независност. Тогаш на судиите и обвинителите коефициентите им се намалија во просек 0,5 поени, како дел од општото намалување на платите на функционерите заради реакцијата на јавноста за нагло зголемување на нивните плати за 78 отсто во 2023 година.

Одлуката во среда за тоа дали да поведе постапка или не, ќе биде втора годинава што Уставниот суд ќе ја носи за иста работа. Имено, во јануари годинава, по барање на Здружението на обвинители и Советот на обвинители дека намалувањето на нивните коефициенти за плата е мешање во нивната работа, Уставниот суд одлучи дека нема основ за такво нешто. Тогаш уставните судии одлучија, цитираме: „Со намалувањето на коефициентите за пресметување на платите на јавните обвинители и членовите на Советот на јавните обвинители, Судот цени дека не се загрозува уставно загарантираната независност и самостојност на јавното обвинителство. Јавните обвинители земаат плата која одговара на нивниот статус, улога и дигнитет и нивната материјална состојба и сигурност не се загрозени како што се тврди во иницијативите, бидејќи тие влегуваат во групата јавни функционери кои примаат највисоки плати во државата“.

Но, ваквата одлука на Уставен не ги задоволила судиите и обвинителите и тие сега повторно се обидуваат да изнудат нова одлука дека намалувањето на коефициентите не е уставно и треба да се вратат старите повисоки коефициенти.

Имено, судиите Ерол Абдулаи и Александра Палашевска поднеле иницијатива до Уставен во која тврдат дека намалените коефициенти за платите на судиите биле неуставни и покрај претходната одлука на Судот, бидејќи од тогаш до сега се појавиле нови околности. Двајцата судии се повикуваат на граѓански тужби и одлуки од граѓански судови да се исплати разлика во плата за месец јануари 2024 година до повисокиот износ според старите коефициенти, наместо помалиот по кој била пресметана платата на некои судии.

„Покрај одлуката на Уставниот суд донесена во јануари 2024 година, да не поведе постапка, во меѓувреме се променети неколку околности, а за тоа посочуваат граѓански постапки за надомест на разлика на плата за месец јануари 2024 година, во кои е одлучено на тужителката да се исплати разлика за помала исплатена плата во нето износ од 15 115 денари, како и да изврши доплата на придонесите на тој износ. Притоа се наведува дека одлуката на Основниот суд Тетово ја потврдува и Апелациониот суд Гостивар, а во други судови и други судии имаат поднесено тужби со барања за помалку исплатена плата за јануари 2024 година. Според подносителот, со оспорените измени, утврдениот коефициент се намалува во 2024 година иако е стекнато право кое судиите го поседувале 17 години. Подносителот бара од Уставниот суд да направи соодветна процена, дали намалувањето на коефициентот кое се оспорува со предметната иницијатива следува како резултат на реални и објективни околности во државата или претставува само популистичка мерка“, стои во наводите на иницијативата на судиите Абдулаи и Палашевска.

Она што е дилема во ваквата иницијатива е зошто судиите се повикуваат на плата од јануари 2024 година, кога измените за пониски коефициенти се направени во февруари 2024 година, па јануарската плата и треба да биде пресметана според старите коефициенти, од што најверојатно се воделе и граѓанските судови кога донеле одлука за исплата на разлика.

Втората претставка е од Здружението на обвинители, преку претседателот Елвин Вели.

„Со оспорените закони се интервенира во член 6 каде што се намалува коефициентот за утврдување на плата, според кој од 2.43-3.21 се намалува на 2.15-2.84 за јавните обвинители, додека за членовите на Советот на јавните обвинители од 3.21-3.47 се намалува на 2.84-3.07. Подносителот тврди дека повреден е принципот на независност на јавното обвинителство и Советот на јавните обвинители, дополнително менувањето на платата преку намалување на коефициентите оди во правец да се изгуби предвидливоста во остварувањето на месечните приходи. Во иницијативата се наведува дека со измените во платите е нанесена директна штета на обвинителите и членовите на Советот врз нивниот личен имот, односно личните примања“, се пожалиле од Здружението на обвинители.

Она што е дилема во ваквата иницијатива е зошто јавните обвинители бараат од Уставен повторно да суди за веќе пресудена работа и не го почитуваат основниот принцип во правото „non bis in idem“ (не може за иста работа двапати), кога Судот веќе одлучил дека јавните обвинители земаат плата која одговара на нивниот општествен статус и дека со помалите коефициенти не се задира во нивната уставно загарантирана независност. Дополнително, обвинителите се повикуваат дека законската интервенција во коефициентите задира во нивниот личен имот, иако финансирањето на Јавното обвинителство, вклучително и платите на обвинителите, се прави со буџетски, народни пари, а не со приватен капитал. Впрочем, и самата плата на обвинителите е одредена со закон и секој обвинител сам не ја договара платата со претпоставениот, како што тоа има право да го прави кој било вработен во приватниот сектор, согласно Законот за работни односи, преку Договорот за вработување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се обрати Вучиќ по апсењето на градоначалничката на Смедерево: Ја уапсивте поради депонија (ВИДЕО)

Лидерот на листата „Александар Вучиќ - Единствена Србија“, Александар Вучиќ, се обрати до јавноста во врска со апсењето на градоначалничката на Смедерево.

Се обрати Вучиќ по апсењето на градоначалничката на Смедерево: Ја уапсивте поради депонија (ВИДЕО)

- Ја уапсивте поради депонијата! Не поради пари, туку поради депонијата - забележа тој на почетокот од своето обраќање, тврдејќи дека насилниците дошле во нејзината канцеларија за да ја принудат да поднесе оставка, што таа во тоа време го одбила, објави Телеграф.

Теророт е во тек, тврди Вучиќ, како и „затворањето на медиумите, мечот над главата на Информер, но и на сите други кои се осмелуваат да бидат непослушни“.

- Не го кажувам ова за себе, туку за тие луѓе, за нивните семејства да знаат дека сме со нив и дека не се криминалци. И второ, заради историјата, за да знаат дека утре ќе дојде, и дека ова сега ќе се нарече „вчера“. Бакиќ мисли дека тој е гениј, а ние сме глупави. Сите директно расистички изјави и никој од РЕМ не сака да ги казни за тоа. Едно знам дека има луѓе кои гласаа за Студентскиот список, а кои не го сакаа ова - рече Вучиќ.

- Луѓето сакаа мир и стабилност, а не нестабилност и непознавање на елементарната демократска пракса.

А денес, додаде тој, добил информација дека португалски инвеститор, со кого преговарал 2 години за инвестиција во Бачка Топола, како што стојат работите, се откажува.

- Дека една од најважните компании, која требаше да ни покаже нешто величествено и различно на ЕКСПО, се откажува. Ќе добиете официјално известување за ова во понеделник. Причините се едноставни: луѓето не се чувствуваат безбедно. Луѓето не се чувствуваат безбедно. Луѓето не ја чувствуваат стабилноста каква што отсекогаш сме имале и што отсекогаш сме ја обезбедувале. И можете да им кажете на луѓето, и можете да ги предупредувате секој ден: работите се влошуваат - рече Вучиќ.

- Ќе трошат огромни суми пари за здравствена заштита, нема казни за предвремено пензионирање. Па кој ќе работи за нас тогаш, луѓето ќе се пензионираат масовно - изјави Вучиќ и праша „а како ќе ја финансирате државата“.

- Некој многу посериозен мора да ја заврши таа работа. Па, да седнеме во фотелјата, да видиме кој ќе ја заврши таа сериозна работа.

Им рече на обвинителите и судиите дека ќе одговараат за она што го прават.

- Доаѓа време за пленуми и газење на демократијата. На луѓето во Србија кои нè поддржуваат, само сакам да кажам, знам колку ви е тешко. Знам што значи јавно да се срамат луѓе кои немаат ништо. Сè е исто како во времето на Демократската партија кога се правеа списоци на соодветни обвинители и судии - рече Вучиќ.

YouTube video

Тој рече дека Единствена Србија ќе биде столб на стабилност и дијалог.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Се одржа состанок посветен на спроведувањето на Реформската агенда

Денеска се одржа состанок посветен на спроведувањето на Реформската агенда.

Мицкоски: Се одржа состанок посветен на спроведувањето на Реформската агенда

Денеска се одржа состанок посветен на спроведувањето на Реформската агенда, на кој се разговараше за тековните активности, постигнатиот напредок и следните чекори во реализацијата на предвидените реформи.

Нашата определба останува јасна, доследно исполнување на преземените обврски, забрзување на реформските процеси и создавање поефикасни институции, посилен систем и подобри услови за живот на сите граѓани, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џони Деп некогаш заработуваше милиони, а сега е задоволен со многу помал хонорар (ВИДЕО)

Џони Деп ќе добие хонорар од пет милиони долари за неговата улога во новиот филм „Ебенезер“, што е значително помалку од сумата што ја заработувал во Холивуд. 

Џони Деп некогаш заработуваше милиони, а сега е задоволен со многу помал хонорар (ВИДЕО)

Извор близок до продукцијата тврди дека актерот се согласил на таков договор затоа што верува во проектот и сака да има удел во сопственоста на филмот.

„Тој се согласил на креативниот договор затоа што се грижи за проектот и сакал да обезбеди значителен дел од заработката. Не станува збор за потенцијален бонус, туку за фактичко сопствеништво на филмот“, рече изворот.

„Ебенезер“ е нова адаптација на познатото дело на Чарлс Дикенс „Божиќна приказна“. Се претставува како потемна, готска верзија на приказната и ќе биде режирана од Ти Вест, позната по хорор филмовите „X“, „Pearl“ и „MaXXXine“.

Некогаш заработувал толку многу што Форбс го прогласил за најпреплатениот актер

Деп некогаш беше меѓу најплатените холивудски актери, но списанието Форбс во 2015 и 2016 година го прогласи за најпреплатениот. Причината беше разликата помеѓу неговите хонорари и заработката на филмовите во кои глумеше.

YouTube video

Според анализата на Форбс, филмот од 2016 година „Алиса низ огледалото“ заработи само 2,80 долари на кино благајните за секој долар што му беше платен на Деп.

Уште во 2011 година, актерот отворено зборуваше за големите суми што ги добил за улогата на капетанот Џек Спероу. Потоа призна за „Венити фер“ дека прифаќа такви пари поради своите деца, ќерката Лили-Роуз (27) и синот Џек (24), кои ги има со поранешната партнерка Ванеса Паради.

„Ако се подготвени да ми платат толку луда сума пари, секако дека ќе ги земам. Морам. Гледате, тоа не е за мене. Го правам тоа за моите деца во овој момент. Звучи смешно, но на крајот на денот, тоа не е за мене. Тоа е за нив“, рече тој во тоа време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер