Нов обид на Брисел да се најде решение на северот на Косово - Канал 5

Нов обид на Брисел да се најде решение на северот на Косово

Нов обид во Брисел за договор во последен момент, пред утрешното стапување на сила на режимот на изрекување казни за Србите на Косово кои управуваат автомобили со регистерски таблички издадени од Србија. 

Нов обид на Брисел да се најде решение на северот на Косово

Главните преговарачи на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бислими, попладнево со специјалниот претставник Мирослав Лајчак ќе се обидат да го направат тоа што пред два дена не успеаја Вучиќ и Курти – да ги намалат тензиите кои произлегоа токму поради проблемот со регистерските таблички. И додека во Брисел се преговараше, во неколку косовски градови се одржаа протести за поддршка на Србите на Косово. Во Северна Митровица околу три илјади жени маршираа под мотото Мајките на Косово против гетото на Курти.

Тука сме да кажеме дека ни е доволно од теророт на Курти и дека нема повеќе да го трпиме., изјави една од учесничките на протестот.

Американскиот амбасадор во Белград, Кристоефер Хил денеска побара пpашањето со регистерските таблички да се одложи на една година, што засега не наоѓа одек кај Курти, кој процесот веќе го одложи за 48 часа. Денеска го обвини првиот европски дипломат Борел дека застанал зад Белград и дека наместо за конечен договор, се фокусирал само на техничките прашања.

-Потребата од француско-германскиот предлог исчезна од масата, приспособувајќи се на намерата на Србија, која во Брисел беше дојдена не за предлог, туку за регистарски таблички. Јас не сум ниту полицаец, ниту командир на станица, ниту шеф на катастар за да се занимавам со секакви технички прашања. , изјави Албин Курти, премиер на Косово

Шефот на српската дипломатија, Дачиќ пак, оцени дека по последните постапки на Курти, Западот конечно сфатил кој е фактор за опструкции и дестабилизација на регионот.

-Меѓународната заедница дојде до крајот на можната толеранција и нема веќе каде. Алтернатива е да се почне со конфликти. Тој (Курти) мисли дека е месија кој дошол да го спаси албанскиот народ. Он размислува кој ќе наплатува кзни, тоа не е реално. Тоа е како ние сега да одлучиме сообраќајна полиција да тргне да наплаќа казни за брзо возење во Приштина. , вели Ивица Дачиќ, министер за надворешни работи на Србија

Ситуацијата на северот на Косово се искомплицира откако на 5 ноември припадниците на српската заедница ги напуштија косовските институции, спротивставувајќи се на одлуката за издавање предупредувања за пререгистрација на возилата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Австралија нареди отстрел на ајкула поради напад, потрагата по телото на пливачот продолжува

Мажот кој вчера наутро загина во напад од ајкула на плажата Соренто во Перт, Австралија, е идентификуван како 63-годишниот Грег О'Нил. 

Австралија нареди отстрел на ајкула поради напад, потрагата по телото на пливачот продолжува

Тој пливал близу до брегот кога бил нападнат од голема бела ајкула. ​​

Неговото семејство го опиша како посветен татко и сопруг и голем љубител на океанот, пренесува ABC News.

„Нашето семејство е длабоко потресено и скршено од ужасната трагедија во која животот го загуби еден татко, иден дедо, брат, вујко, сопруг и пријател – Грег Џејмс О'Нил“, се вели во соопштението на семејството.

„Тој беше великодушен и посветен семеен човек кој на своите деца им пружаше огромна љубов, внимание и можности. Грег го сакаше океанот и беше страстен пливач, љубител на спортот, посветен работник и, пред сè, великодушен и духовит човек. Длабоко сме благодарни за сите изрази на сочувство и поддршка што ги добивме.“

Министерката за рибарство на Западна Австралија, Џеки Џарвис, издаде налог за фаќање и убивање на ајкулата. Сепак, таа нагласи дека не смета оти е соодветно да се спроведе поширока акција за нивно истребување по овој инцидент.

Плажите во северните предградија на Перт и денес остануваат затворени додека продолжува потрагата по ајкулата и по телото на жртвата, О'Нил.

Министерката Џарвис објаснила дека одлучила да издаде налог за уништување откако полицијата успеала да ја идентификува ајкулата пред таа да отплива.

„Ја донесов одлуката земајќи ги предвид вонредните околности на нападот, опасноста што ја претставуваше таа ајкула и можноста за прибирање докази за истрагата на судскиот вештак“, изјави Џарвис.

Џарвис забележува дека ова е првпат по десет години во Западна Австралија да се издаде налог за фаќање и убивање ајкула, но нагласува дека масовното истребување на големите бели ајкули не е решение во овие околности. „Големите бели ајкули се меѓународно заштитеен вид. Тоа не значи дека ќе ги истребиме сите грабливци во океанот. Не сакам да им давам на луѓето лажно чувство на сигурност, бидејќи е невозможно целосно да се елиминира секој ризик“, изјави таа.

Досегашната стратегија на Западна Австралија се потпираше на обележување и следење на ајкулите, апликации за предупредување, сирени, заштитни мрежи и лични уреди за одвраќање на ајкули. Министерката најави дека владата ќе ги преиспита постоечките мерки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин: Русија нема агресивни намери кон Европа

Русија нема агресивни намери кон Европа и е подготвена да ги обнови односите и да соработува со своите европски соседи, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Путин: Русија нема агресивни намери кон Европа

Говорејќи на состанокот на Воено-индустриската комисија во петокот, Путин обвини одредени европски лидери дека се подготвуваат за војна со Русија и тврдеше дека тие ги користат конфликтот во Украина и наводната руска закана за да ги оправдаат своите политики.

„Сакам уште еднаш да нагласам: Русија нема агресивни намери кон Европа или кон европските земји“, истакнал Путин. „За тоа едноставно нема никаква основа. Подготвени сме за соработка и за обновување на односите со нашите европски соседи.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Работни средби во Вашингтон.

-Работни средби во Вашингтон.

Мицкоски: Работни средби во Вашингтон.

Со јасен план за посилна и просперитетна Македонија, напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски кој со владина делегација е на работни средби во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер