Нов Голф со максимална брзина удара во камион Сканија (ВИДЕО)

Scania објави видео во кое се проучува безбедноста на електричните батерии.

Во фазата на електрификација, големите батерии би биле поставени на камионите на најзгодно место, а тоа е во подот до возилото. Сепак, ова се места кои се многу изложени на удари, па шведскиот производител мора да ја провери нивната безбедност пред комерцијализацијата.

И, тие одлучиле да го проверат тоа жртвувајќи го новиот Голф, кој буквално го пуштија да налета на страната на камионот и го погоди предниот дел на големиот сет батерии. Како што се очекуваше, влијанието на автомобилот е многу различно од влијанието извршено со фиксна бариера. Товарот на конструкцијата е уште поголем, па производителите претпочитаат тестови кои се повеќе слични на реалните судири.

Ова е особено важно кај конструкциите каде батериите се поставени на местото на поранешните резервоари за гориво и затоа се изложени на механички напрегања во далеку поголема мера отколку на батериите заштитени во подот на автомобилот. Сканија користи погон на електричен мотор ладен со масло од околу 400 КС, кој се напојува од голем сет батерии со капацитет до 300 kWh. Во овој случај, Scania гарантира опсег под полн товар од 250 км.

Канал 5 со отворено студио „Македонија одлучува“ ќе ги следи изборните резултати

Канал 5 веќе е подготвен за повеќе часовното отворено студио, кое ќе следува веднаш по овие вести..

Александар Видиновски е дел од тимот од отворената програма „Македонија одлучува“... Александар што се ќе опфати отвореното студио..

Излезноста до 17 часот повисока за девет проценти во однос на изборите пред пет години

Значително повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5..

Јован Ѓорговски ја има анализата.. Јован, што покажуваат бројките?

Хамас објави видео од израелско-американски заложник

Хамас објави триминутно видео на кое наводно е прикажан 23-годишниот израелско-американски заложник Херш Голдберг-Полин.

На видеото, Голдберг-Полин го потврдува својот идентитет и бара од израелските власти да го вратат дома, а се гледа како му недостига дел од раката поради повреда за која се верува дека била предизвикана во нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

„Во заробеништво сум речиси 200 дена“, вели Голдберг-Полин во видеото, што укажува дека тоа е неодамна снимено, пренесува Тајмс оф Израел.

Голдберг-Полин беше киднапиран од забава организирана на 7 октомври во близина на границата со Појасот Газа.

притисни ентер