ЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!
2ЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!
МакедонијаНов десетгодишен план за заштита на Дојранско Езеро: Управувачко тело, чуварска служба и зонирање на подрачјетоФормирање управувачко тело за заштита, воспоставување чуварска и инспекциска служба, зонирање на подрачјето околу Дојранското Езеро и распределба на дозволени и недозволени активности во зоните.Формирање управувачко тело за заштита, воспоставување чуварска и инспекциска служба, зонирање на подрачјето околу Дојранското Езеро и распределба на дозволени и недозволени активности во зоните, како и строго управување со милта и талогот од пречистителните станици, се поважните мерки кои ги пропишува Предлог планот за управување со споменикот на природата - Дојранско Езеро, за периодот 2026-2035. Станува збор за прв плански документ за целосна заштита на езерото, изработен согласно Законот за прогласување на подрачјето за Споменик на природата. Документот, кој ќе биде ставен на јавна расправа, е изработен од Здружение за одржлив развој „Милиеуконтакт Македонија“ во партнерство со Општина Дојран, во рамки на проект со финансиска поддршка од Партнерски фонд за критички еко системи-CEPF. Според Законот, со заштитеното подрачје управува Општина Дојран како единствен субјект-управувач, која веќе формирала Совет на засегнати страни и Научен совет како консултативни тела. - Претставниците на двата совети беа вклучени во подготовката и дадоа суштински придонес во изработката на Планот, а исто така дадоа и заедничко позитивно мислење. Предлог-планот, кој е предмет на овој извештај се изготвува по прв пат и претставува алатка за управување со заштитеното подрачје и приказ на реалната состојба врз основа на целокупно извршената проценка на природните вредности, заканите со кои се соочува подрачјето, неговото национално и меѓународно значење, социо-економските вредности, како и препораки за управување со заштитеното подрачје, се посочува во Нацрт-извештајот за Предлог-планот за Дојранското Езеро. Фактичка состојба на Дојранското Езеро Предлог - планот, во кој се анализира состојбата на Дојранското езеро во 2020 и 2021 година, во период кога хидросистемот за полнење на езерото сè уште не е исклучен, а езерскиот водостој е висок, за најголеми ги детектира заканите од отпадните води и од урбанизацијата, а посебно ги истакнува високите концентрации на нутриенти од отпадни материи, кои предизвикуваат таканаречена еутрофикација односно процес на зголемување на хранливите состојки во водните екосистеми со појава на „воден цвет“ проследен со позеленување на водата. Ова настанува при испуштањето на хемиски материи од фабриките, употреба на синтетички детергенти и вештачки земјоделски ѓубрива. Во документот се посочува дека најголема закана за езерото во последната декада се високата еутрофикација и хипоксичните услови во езерото, кои се последица на постојниот притисок од високи концентрации на нутриенти од отпадни материи. Ова, како што е наведено, резултира со континуирана лоша еколошка состојба и лош квалитет на водата во езерото, како и чести масовни алгални цветања и драстична промена на фитопланктонските заедници. Како што е наведено во Предлог-планот во последните години поради обилни врнежи и постојаниот доток на вода од хидросистемот, езерото ја надминало максималната кота, поради тоа што не постоеле активни мерки кои би го регулирале домашниот доток на вода и истекувањето на водата преку испуст од грчката страна. За да не доаѓа до еутрофикација на екосистемот, во документот се посочува дека е потребно да се воспостави прекугранична соработка со грчките власти кои управуваат со Дојранското Езеро и да се воспостави траен и одржлив механизам со кој активно ќе се регулира нивото на водата на дневна основа. Според оценката дадена во Предлог планот, туризмот, иако е значајна економска гранка на општина Дојран, истовремено зависи и од квалитетот на заштитеното подрачје, а од друга страна оваа гранка има штетно влијание најмногу преку непланскиот развој (дивите градби), недоволната поврзаноста на туристичките објекти на канализациската мрежа и пречистување на отпадните води, загадување со цврст отпад итн. Затоа се бара локалните власти да воведат нова стратегија за развој на туризмот, односно да го заменат конвенционалниот/масовен туризам со алтернативен, еколошки и одржлив туризам. Управувачко тело и буџет од пет милиони евра за пет години За ефикасно управување, се предлага формирање управувачко тело – во рамки на општината или како посебен субјект, вработување стручни лица (еколози, биолози, хемичари), воспоставување чуварска служба и опремување мониторинг-станица. Анализата покажала дека досега општината како управувач со заштитеното подрачје не поседува капацитети, ниту услови и не одвојува никакви финансиски средства за раководење со заштитеното подрачје. - До 2021 година Општина Дојран нема предвидено ставка во буџетите не само за заштита на споменикот на природа, туку воопшто за заштита на животната средина. Досегашното финансирање на активности поврзани со заштитеното подрачје е обезбедено само од донаторски проекти. Истата година Владата доделува 70.000.000 денари за заштитеното подрачје Дојранско Езеро, кои е планирано да се искористат за изградба на нова пречистителна станица и санација на главниот колекторски систем, се посочува во документот. Во десетгодишниот план, кој треба да се ревидира по првите пет години, се наведува дека за негово спроведување ќе бидат потребни над 5 милиони евра во првиот петгодишен период, со препорака да се обезбеди долгорочна и одржлива финансиска рамка од национални, меѓународни и прекугранични извори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМасакрот во Краков ќе се истражува како терористички напад, напаѓачот сѐ уште не е испитанПолската државна обвинителска канцеларија објави дека ќе го истражи масакрот во Краков, во кој вчера беа убиени шест лица, како кривично дело од терористичка природа. Тоа е важен нов развој во истрагата за нападот, кој, заедно со трите тела пронајдени во домот на напаѓачот, го доведе вкупниот број на мртви на девет. Портпаролот на Окружното обвинителство во Краков, Томаш Вашчук, изјави за TVP Info дека денес обвинителството планира формално да отвори истрага и правно да го квалификува нападот како терористички прекршок. Ова сè уште не значи дека терористичкиот мотив е потврден. Истражителите сè уште се обидуваат да утврдат што го навело 24-годишниот Михал О. да изврши крваво дивеење. Напаѓачот сè уште не е испрашуван, го чува полицијата Вашчук, исто така, откри дека поради сериозните повреди, напаѓачот сè уште не е испрашуван, ниту е извршено формално апсење против него во процедурална смисла. Михал О. е во болница откако беше ранет од полицајци за време на интервенцијата. Тој беше подложен на операции и цело време беше чуван од полицајци. „Доколку неговото здравје се подобри доволно за да можеме да преземеме процедурални чекори, ќе го сториме тоа“, рече Вашчук. Тој додаде дека може да му се изрече доживотна казна затвор за кривичните дела за кои се товари. Тие го истражуваат неговото минато и можните врски Истражителите продолжуваат да испитуваат локации поврзани со нападот и собираат снимки од камерите за надзор за да ги реконструираат движењата на напаѓачот. Поточно, ќе бидат истражени неговото минато, личните односи и околностите под кои го стекнал оружјето. Според досегашните информации, 24-годишникот имал дозвола за поседување оружје и претходно не бил казнет. Полскиот министер за внатрешни работи Марчин Киервински претходно изјави дека напаѓачот имал многу радикални ставови. Беше спомената и можна врска со крајно десничарски идеологии, но досега не е потврдено дека тие биле мотивот за нападот. Девет мртви поврзани со масакрот Да ве потсетиме дека 24-годишникот вчера влегол со автомобил на главниот плоштад во Краков малку по 15 часот и почнал да пука кон минувачите. Тој убил шест лица и ранил уште 15, вклучувајќи двајца полицајци кои помогнале да го запрат. По пукањето, полицијата пронашла уште три тела во неговиот дом во Островјец Свјетокржиски. Потврдено е дека станува збор за негови родители и сестра. Околностите на нивната смрт се исто така под истрага. Полска прогласи дводневна национална жалост како одговор на трагедијата, а во Краков жалоста ќе трае до среда.Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиУжас во рингот: Прекинат е меч поради страшна деформација на главата на боксерот (ВИДЕО)Англискиот боксер Зак Милер влезе во рингот со големи амбиции и желба да ја освои британската титула во перо категорија, но неговиот меч против Гали Паувар заврши на начин што ги шокираше љубителите на боксот. По десет рунди и драматични сцени во рингот, тепачката беше прекината поради страшниот оток на главата, кој целосно го промени изгледот на неговото лице. Борбата за слободниот шампионски појас се одржа на боксерски настан, чии главни актери беа Џошуа Буатси и Вили Хачинсон. Пуар беше поактивен во поголемиот дел од натпреварот, но пресвртот дојде по ненамерниот судир на глави. Над окото на Милер почна да се создава огромен хематом кој од минута во минута стануваше се поголем. Веќе на крајот од седмата рунда последиците беа застрашувачки. На лицето му се појавил голем оток, додека дополнителна загриженост предизвика расекотина над другото око. Ситуацијата набрзо дополнително се влошила. Уште еден огромен хематом се појавил на спротивната страна од главата, а двата отоци продолжиле да растат. Во деветтата рунда беше побарана лекарска проценка, но Милер доби дозвола да ја продолжи борбата. Не се откажа и покрај страшните повреди Во десеттиот круг сцените станаа уште подраматични. Отоците толку многу ја искривиле главата на боксерот што судијата повторно го повикал докторот на ринг. Овој пат немаше дилема - по краток преглед беше препорачано прекинување на тепачката и итна медицинска помош. The fight has been STOPPED due to severe swelling on Zak Miller’s face! 😬 #BuatsiHutchinson2 | Live NOW on DAZN ▪️ https://t.co/ePPcK5SiPA — DAZN Boxing (@DAZNBoxing) November 7, 2026 Бидејќи повредите настанаа како резултат на ненамерен судир на глави, победникот беше решен според картоните на судиите. Паувар славеше со едногласна техничка одлука. Така 24-годишникот стигна до титулата британски шампион во перо категорија, додека Зек Милер и покрај големата желба и упорност мораше да се задоволи со пораз.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!Забрзана интеграција на Македонија во Европската Унија и итен пристап до европскиот пазар и фондовите на Унијата се бара во резолуцијата на Либералната интернационала усвоена изминатата недела на конгресот во Бангкок. Резолуцијата истакнува дека 78% од македонската економија е поврзана со европската и дека претворањето на евроинтеграцијата во подвижна цел за Македонија и за земјите кандидатки води кон слабеење на европските позиции. Предлозите од оваа резолуција носат директни решенија за секојдневните маки на македонските граѓани и бизниси – крај на повеќечасовните чекања за камионџиите на границите поради новиот ЕЕС-систем, ослободување од дополнителни такси за влез во ЕУ како новиот ЕТИАС-систем, слободно движење и работа ширум Европа, како и силна економска ињекција преку фондовите што ќе го подобрат стандардот на граѓаните. ЛДП во континуитет истакнува дека е потребна редовна координација на меѓународните секретари и раководствата на партиите кои имаат членство во меѓународните и европските политички семејства за да се промовираат координирани национални позиции. Водењето надворешна политика водена исклучиво од интересите на една партија е погрешно и штетно. На овој значаен настан, Емил Кирјас ја доби силната доверба и реизбор за потпретседател на светското либерално семејство, потврдувајќи го угледниот македонски глас на меѓународната сцена. „Од либералите имаме постојана, директна и сесрдна поддршка. Тоа е последица на напорна работа, блиски контакти, искрени односи и непоколебливо држење до вредностите. Тоа државата мора да го искористи сега, а не утре,” изјави по усвојувањето на резолуцијата потпретседателот на ЛИ, Емил Кирјас. “Како народ и како нација немаме луксуз да чекаме подобри времиња преку илузорни странски гаранции. Градењето функционална, правична, некорумпирана и здрава држава, со самозаштитни клаузули за европската иднина и економскиот просперитет, мора да биде заедничка обврска за сите. Мора да ја промениме реалноста во која доминираат манипулациите и празните говори, наместо конкретните резултати“, додаде Кирјас. ЛДП останува отворена да ги поддржи вистинските државни интереси кои водат кон итно деблокирање на европските интеграции и конкретни придобивки за македонските граѓани и македонскиот бизнис. Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter