Нов чекор во борбата против смртоносниот сој на ебола: Првиот пациент прима експериментален третман - Канал 5

Нов чекор во борбата против смртоносниот сој на ебола: Првиот пациент прима експериментален третман

Првиот пациент денес беше запишан во клиничко испитување на третман за сојот на ебола Бундибугио во Демократска Република Конго, што е пресвртница во напорите за ограничување на болеста.

Нов чекор во борбата против смртоносниот сој на ебола: Првиот пациент прима експериментален третман

Во моментов нема одобрени вакцини или третмани за сојот на ебола Бундибугио, кој инфицирал повеќе од 1.400 луѓе во Демократска Република Конго, вклучувајќи 438 смртни случаи.

Во Конго има просечно 38 нови потврдени случаи дневно во текот на изминатите две недели, рече Тедрос.

Клиничкото испитување, кое може да трае со месеци и да вклучува повеќе од 1.000 пациенти, ќе ја процени ефикасноста на два лека.

Тоа се „MBP134“ на „Biopharmaceuticals“, кој ќе биде тестиран како самостоен третман за сојот на ебола Бундибугио, како и во комбинација со антивирусниот лек „Ремдесивир“ на „Gilead Sciences“.

Според СЗО, има доволно залихи од лекови за испитувањата.

Организацијата, исто така, соопшти дека е во преговори со Соединетите Американски Држави, кои донираа залихи од „MBP134“, и со „Gilead“ за да се осигури дека лековите ќе им бидат достапни на пациентите по испитувањата, доколку се покаже дека се безбедни и ефикасни.

Шефот на СЗО, исто така, рече дека има и други знаци на подобрување, при што 10 лаборатории сега можат да тестираат за ебола и да се спроведе следење на контактите за четири од пет контакти, иако треба да се идентификуваат повеќе контакти по случај.

Капацитетот за лекување е исто така проширен, со достапни 650 кревети, од кои околу 96 проценти се моментално зафатени. Тедрос рече дека СЗО и нејзините партнери работат на додавање на уште 300 кревети.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Не чекаме да нѐ ,,изненади”, делуваме пред да падне првиот снег!

Не чекаме да нѐ ,,изненади”, делуваме пред да падне првиот снег!

Ѓорѓиевски: Не чекаме да нѐ ,,изненади”, делуваме пред да падне првиот снег!

Уште од доцните попладневни часови, по најавите за снег, екипите на зимската служба на Град Скопје превентивно дејствуваат на скопските сообраќајници.

Посебно внимание посветуваме на повисоките места, особено на Водно, каде што веќе падна првиот снег.

Додека снегот создава проблеми во регионот, ние остануваме на терен цела ноќ за скопјани и утре рано да тргнат по безбедни и проодни улици.

За наше Скопје!, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Снежно време со температура до 5 степени

Денеска времето ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места особено долж Повардарието од дожд и снег, информираат од УХМР. 

Снежно време со температура до 5 степени

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

-6 Попова Шапка, -5 Маврови Анови, -3 Крива Паланка, Крушево, Лазарополе, -2 Берово, -1 Тетово, Куманово, 0 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, Битола, Прилеп, Велес, Виница, Кавадарци, Демир Капија, 1 Штип, 2 Струмица, 3 Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)

42 Пожаране, 35 Демир Капија, 34 Струмица, Маврови Анови, 33 Попова Шапка, 31 Претор, 30 Битола, 27 Берово, 25 Крушево, 24 Гевгелија, 22 Охрид, 16 Велес, 15 Крива Паланка, 14 Виница, 13 Тетово, 11 Скопје-Петровец, Прилеп, 10 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Тополчани, 9 Лазарополе, 2 Кавадарци.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот во (cm)

28 Маврови Анови, 27 Крушево, 18 Попова Шапка, 15 Лазарополе, 10 Тетово, 9 Куманово, 8 Тополчани, 5 Берово, Битола, 4 Крива Паланка, 1 Скопје-Петровец.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Облачно со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места особено долж Повардарието од дожд и снег. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од снег. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 2 степена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 29. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за недела, 29. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 29. ноември 2026 година

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе бидете склони кон попуштање во се и сешто , а некои целосно ќе ги симнат критериумите за љубов. Самците би можеле да бидат со личност по принципот ,,која и да е” .

Кариера

Ако сте решени да делувате од сенка, денеска е ден кога на таков начин може да постигнете успех.

Здравје и совет

Прво промислете , а потоа делувајте.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно ќе ја повикате саканата личност на интимна вечера , каде ќе покажете завидно кулинарско знаење.

Кариера

Иако некои колеги ќе бидат малку почувствителни и ќе прават драма , добро е што ќе донесете креативност и нови решенија.

Здравје и совет

Освежете се на чист воздух.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе се веселите со пријатно друштво и нема да дозволите ништо да ви ги расипе добрите односи , расположението и забавата.

Кариера

Подобро од другите знаете дека дека со мали чекори се минува исто растојание како и со големи.

Здравје и совет

Релаксирајте се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Блиска личност ќе ви го отвори своето срце и ќе ви ги покаже своите емоции . Ќе возвратите со иста мерка.

Кариера

Една состојба или дел од работата ќе биде дефиниран, созреан и заклучен. Од тоа ќе произлезат нови иницијативи.

Здравје и совет

Можна е мала настинка.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Кулминацијата на поврзаноста со пријателите ќе ви донесе радост , а секако ќе ги подобри и личните особини.

Кариера

Би сакале да воведете некои измени во процесот на работата. Денеска ќе размислувате за деталите.

Здравје и совет

Крајот делото го краси.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе заклучите дека е време на другите да им покажете колку се сакате и да ја официјализирате врската. Некои тоа само ќе го посакаат.

Кариера

Ќе работите без напор и нема да се зимачувате со премногу прашања . Имате добра перспектива , позитивен став.

Здравје и совет

Сега живеете уредно.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Богатството на еротиката и сензуалноста ќе бидат главна одлика на овој ден. Уживајте.

Кариера

Можете слободно да направите нешто за себе. На кого било да му објасните , ќе го разбере вашиот став и ќе го прифати како нешто нормално.

Здравје и совет

Ќе знаете да се справите со проблемите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Вашите скриени чувства денеска ќе се појават , на ваша среќа. Ќе бидете малку збунети , но ќе ви биде мило.

Кариера

Заклучоците до кои доаѓате ќе останат познати само за вас и за никој друг. Тоа не е типично за вас , но овој пат така е најдобро.

Здравје и совет

Никаде не треба да брзате.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Малите естетски вештини ќе бидат ваш начин да и се приближите на саканата личност , со која сте на дистанца. Делумно ќе имате успех.

Кариера

Оние кои работат во лаборатории , болници , институции од затворен тип и слично ќе добијат унапредувања и добри резултати.

Здравје и совет

Не влегувајте во расправии.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се обидете на другата страна да и се претставите во најдобро светло, но тоа нема да биде вашето најдобро издание. Резултатот може да биде менлив.

Кариера

Резултатите од вашата работа би можеле да излезат на виделина , со што ќе ви порасне гордоста. Продолжете да го градите започнатото.

Здравје и совет

Мала меланхолија.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

За да ја подобрите вашата љубовна состојба , денеска послужете се со вашата интуиција. Нека таа ве води и се ќе биде подобро.

Кариера

Во сите дејности , кои се поврзани со луѓе ќе постигнете денеска завидни резултати. Другите ќе соработуваат.

Здравје и совет

Не освојувајте по секоја цена.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе продолжите да заведувате драга личност. За неа ќе бидете неодоливи. На тој начин ќе ја зголемите блискоста во врската.

Кариера

Ќе дојде до мали преиспитувања во врска со финансиски вложувања , за кои ќе мислите дека не се стабилни. Ќе смислите нов план.

Здравје и совет

Не можете вие да одработите за другите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер