Нов бран коронавирус оваа есен- Европа стравува од ковид, ова се симптомите - Канал 5

Нов бран коронавирус оваа есен- Европа стравува од ковид, ова се симптомите

Коронавирусот не исчезна - иако пандемијата официјално помина, есента 2025 година би можела да донесе нов бран на инфекции, објавуваат австриските медиуми.

Нов бран коронавирус оваа есен- Европа стравува од ковид, ова се симптомите

Пет години по почетокот на пандемијата, бројот на случаи повторно расте, а најновите податоци од австрискиот Институт Роберт Кох (RKI) покажуваат дека варијантата XFG Stratus, од семејството омикрон, доминира, објави oe24.at.

Бројот на заразени лица е во пораст

RKI вели дека бројот на пријавени случаи на Ковид-19 е малку зголемен. Во претходните месеци, варијантата Nimbus (LP.8.1) беше најчеста, но сега Stratus учествува со 42% од случаите. Симптомите вклучуваат треска, течење на носот, болки во мускулите, засипнатост и сува кашлица.

Зголемен број се регистрира и во постројките за третман на отпадни води, што укажува дека бројот на непријавени случаи е поголем отколку што покажуваат статистичките податоци.

Се очекува бран во септември и октомври

Експертите предупредуваат дека сценариото е слично на претходните години: по летните одмори, бројот на инфекции со коронавирус се зголемува, особено во земји како Шпанија, Франција, Холандија и Данска. Врвот се очекува во септември и октомври, по што бранот би требало да ослабне.

Вирологот Моника Редлбергер-Фриц вели дека точните прогнози не се можни бидејќи вирусот постојано мутира:

„Колку корона ќе нè погоди на есен и зима зависи од тоа колку вирусот ќе се промени. Ако се појават сосема нови варијанти, ова може значително да влијае на текот на инфекциите.“

Вакцината е сè уште најдобрата заштита

Иако брзите антигенски тестови од минатата година сè уште можат да се користат, експертите нагласуваат дека вакцината е најсигурната заштита.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5 наместо 7 дена како досега

Од вторник, 1 декември, почнува примената на новите правила за отворање и продолжување на боледувањата, со кои се менуваат надлежностите на матичните лекари и постапката за одобрување подолго отсуство од работа... 

Од 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5 наместо 7 дена како досега

Додека се на боледување, објавуваат слики од плажа или од зимување на планина...Ваквата пракса на злоупотреби што според податоците на Фондот најчесто ги има во државниот сектор надлежните сакаат да ја прекинат, па затоа ги сменија правилата на издавања на боледувања и од вторник, први декември, матичниот нема повеќе од старт да може да потпише една недела дома. Сега матичниот лекар ќе има право првично да даде само пет дена, а за повеќе мора да има преглед и од специјалист за со неговиот извештај и документацијата да може да го продолжи периодот до 15 дена. Од здружението на матични лекари го поддржуваат новиот правилник, но побарале од Фондот да дадат одреден период да се тестира новиот систем како ќе функционира во пракса, бидејќи за одредени боледувања, како што се оние за грижа за дете, може да има технички проблеми.

Дали одреден период новиот правилник ќе биде ставен на тест засега не се знае, но покрај построгите критериуми за засилена контрола, новиот правилник предвидува и олеснувања за пациентите. Таков е примерот со олеснувањата за одредени дијагнози за кои нема да биде потребно пациентите да се упатуваат на лабораториски испитувања, туку проценката ќе може да ја направи матичниот лекар. За тешко болните, неподвижните и тешко подвижните пациенти, како и за лицата кои се на болничко лекување, боледувањето ќе може да се утврди и без физичко присуство на осигуреникот.

Според информациите на Фондот најбројни злоупотреби се регистрираат во т.н. „униформни“ сектори, како што се полицијата, одбраната и здравството. Во одреден дел како што се јавните болници, статистиката од лани покажува дека секој петти вработен е на боледување, најчесто поради дијагноза - спондоза или болки во грбот.

Од ФЗО велат дека измените се резултат на повеќемесечна стручна анализа, со цел да се осовременат критериумите кои не се сменети речиси 15 години.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветто партиско собрание на ЛДП, делегатите ја реизбраа Моника Зајкова за претседател

Либерално-демократската партија денеска го одржува деветтото Собрание .

Деветто партиско собрание на ЛДП, делегатите ја реизбраа Моника Зајкова за претседател

Либерално-демократската партија денеска го одржува деветтото Собрание под мотото „Напред, Либералдемократи!“, на кое делегатите ја реизбраа Моника Зајкова претседател на партијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедии

Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедии, сега Владата ги расчистува правните збрки на СДС и планира старт на изградбата на Клиничка болница Штип.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедии

Венко Филипче е последен кој може да зборува за здравството и состојбата во која се наоѓа оваа област.

Практично неговите пишувања на социјалните мрежи, сега конкретно за Болницата во Штип, се врв на политичко лицемерие.

На Филипче треба да му е јасно дека граѓаните не забораваат дека токму Филипче со години беше министер за здравство и имаше целосна власт и буџет да ја изгради новата клиничка болница во Штип.

Филипче наместо да гради модерен клинички центар за целиот источен регион, остави само карабина, раскинати договори, судски спорови.

Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии, сомнителни набавки и трагедии како модуларните болници, а не по инвестиции и грижа за пациентите.

Владата предводена од Христијан Мицкоски ги расчистува правните и административните лавиринти што тој ги остави и обезбедува средства за конечно довршување на штипската болница.

На Филипче му преостанува едно само да прекине со евтини манипулации и слики од проблеми таложени со децении да собира ситни политички поени, се наведува во партиската реакција .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер