СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!
2СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!
ЗдравјеНов апарат за дензитометрија ставен во функција на Ортопедската клиника „Мајчин дом“ Нов апарат за дензитометрија, односно мерење густина на коските, од денеска е ставен во функција на Ортопедската клиника „Мајчин дом“ во Скопје. Проф. д-р Марта Фотева од Универзитетската клиника за ортопедски болести рече дека апаратот, кој е бил постар од 20 години, пред една година престанал да работи и со сопствени средства набавиле нов современ апарат за дензитометрија. Појасни дека секогаш за итни случаи имаат слободен термин, а за редовно снимање пациентите треба да закажат. - Со овој нов апарат и со превентивните прегледи ќе може да се намали бројот на случаи со скршеници и ќе се направи заштеда за здравствениот систем. Се надеваме дека со Министерството за здравство ќе формираме регистар на пациенти со остеопороза за да може да ги следиме. Апаратот ќе се користи за научна апликација во рамките на Медицинскиот факултет - Скопје - истакна проф.д-р Фотева. Директорот на Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), Игор Мерџановски, рече дека направен е голем чекор со тоа што, наместо стариот, е набавен нов апарат, кој моментно е најсовремен. Тој посочи дека во државава има 13 апарати за мерење густина на коските, а пет во Скопје. - Многу е мал бројот на апарати кои се превенција за луѓето што имаат заболувања на коските, особено по 50-тата година. Покрај тоа што Клиниката за ТОАРИЛУЦ лекува пациенти оперативно, конзервативно, веќе влеговме и во новата фаза со превенција, каде што ќе направиме нова патека и сите овие пациенти нема да дозволиме да дојдат на оперативен стол ако превентивно ги следиме и да добиеме резултати со овој апарат. Со програмата што ја работиме со Владата, Министерството за здравство и со Фондот за здравствено осигурување таргетот ни е на собирање информации што ги имаме, ги селектираме, ги ставаме во базата, правиме патеки и креираме политика за подобрување на македонското здравство и давањео здравствени услуги - рече д-р Мерџановски. Генералниот директор на ФЗО, Сашо Клековски, рече дека особено го радува што ортопед хирург како Мерџановски, кој работи сериозни операции, става фокус на превентивата. Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека секојдневно докажуваат оти сакаат да има здравствен систем што ќе превенира, а не кој само ќе лекува. - Купен е апарат што ќе ги следи остеопорозните промени кај граѓаните, кои ќе може полесно потоа да се следат. Ние ќе продолжиме во тие пет столба, кои ни се дефинирани, а еден од нив е вложување во инфраструктура и апаратура, да се подобрат условите во сите здравствени институции и од техничка гледна точка да може да се купуваат соодветни апарати, кои ќе може да ги следат здравствените проблеми кај граѓаните. Со тоа им нудиме поквалитетен живот на граѓаните, но и од економска гледна точка Министерството за здравство и Владата ќе трошат помалку средства - посочи Алиу. Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека здравствениот систем бара многу инвестиции и веќе во светот пристапот е друг, односно не се купуваат апарати, туку се изнајмуваат. - Веќе сериозно правиме анализи за да може да пристапиме кон моделот на изнајмување апарати, кое ќе биде ад хок решение на ниво на држава. Тоа значи дека може 20, 30 истовремено да се инсталираат на ниво на здравствените институции, а од друга страна, и одржувањето и следењето од техничка гледна точка на таа апаратура ќе биде полесно - додаде Алиу. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВо Кина се запали зграда, 14 загинатиЧетиринаесет лица загинаа во пожар што избувна во зграда во Тајуан, во северната кинеска провинција Шанси, објави денеска државната новинска агенција „Синхуа“.Вкупно 25 лица сè уште се наоѓаат во болница, од кои девет се здобиле со сериозни повреди. Ова денеска го пренесоа медиумите, повикувајќи се на информации од надлежните органи. Детали сè уште не се познати. Five dead after fire engulfs high-rise building in China A major fire has swept through a high-rise building in Taiyuan, Shanxi Province, China, leaving five people dead and 33 others injured. The blaze broke out at Haocheng International Apartments on Sunday, November 8, 2026, https://t.co/Xpwx8ZE3WI — Metropunch (@metropunch) November 9, 2026 Вчера попладне, според локалното време, избувна пожар во зграда во центарот на Таијуан, а на пожарникарите им беа потребни околу два часа за да го изгаснат. Причината за пожарот моментално е предмет на истрага.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!ВМРО-ОКГ вели ширеме паника. Ние не ширеме паника. Ние предупредуваме од декември. Единствената паника е кај ВМРО и шефот на бандата Мицкоски.Уште во декември минатата година објавивме работи поврзани со банката. Финансирање на медиуми преку неа. Врски Вучиќ-Мицкоски. Луѓе на БИА во владата. Бизнис партнерот, хулиган-навивач на кого му пукале во нозе и му го палеле автомобилот, а кого Мицкоски го постави за почесен конзул да ни ја претставува земјата во Србија. Кога објавивме за 5те тони дрога што Мицкоски со холивудски апсења сакаше да ги прикрие, додека дрогата заврши кај сестринската партија СНС. Објавивме и за доаѓањето на Вучиќеви медиуми, спојувањето со Орбановата шема и Латас како началник на пропагандата. На првите објави за Алта банка токму гувернерот што сега ја префрла вината на Мицкоски, Трајко Славески, се закануваше и советуваше Aлта банка да не тужи. Денес Мицкоски топката и одговорноста ја префрла токму на Славески. Во исто време нема реакција на обвинителството. Во Србија апсењата се секојдневни. Кај нас никој од полицијата и обвинителството не се огласува додека Вучиќевата банка, пералница на пари стекнати со криминал и корупција, е под присилна управа. Народот не може да дојде до своите пари, додека гувернерот дозволи компаниите непречено да ги користат своите средства и покрај предупредувањата од Србија дека големи суми пари се префрлаат во Македонија и Русија. Во исто време се поставува прашањето за гувернерот: ако е таква ситуацијата, зошто дозволата не е одземена? Што всушност прави Трајко Славески заедно со Мицкоски? Ако банката официјално е во стечај, треба веднаш да се исплатат по 30.000 евра по штедач. Но вака, исплаќајќи 650 евра месечно (со лимит), за некој да ги извади тие 30.000 евра, ќе бидат потребни четири години! Уште една подмолна работа на оваа банда. На граѓаните мора да им биде јасно дека Мицкоски брза да ја продаде банката со сила, само затоа што не сака да се откријат сметките и трансферите во банката. Наскоро почнуваат истраги што ќе доведат и до овој дел од балканскиот картел, до овој дел од македонската организирана криминална група што ја предводи Мицкоски. Знае арамијата и неговата банда дека деновите им се одбројани. Наскоро доаѓа времето на правдата. Бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионкаАмериканскиот технолошки гигант „Нвидиа“ отвори независна истрага по медиумските извештаи дека нејзиниот извршен директор Џенсен Хуанг имал блиски односи со жена осомничена дека е кинески шпион.Според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг работела за Пекинг. Од компанијата соопштуваат дека одборот на директори засега нема причина да верува дека биле компромитирани деловните тајни или националната безбедност на „Нвидиа“. Хуанг, пак, признал дека бил неверен на сопругата и јавно ѝ се извинил за болката што ѝ ја нанел нејзе и на нивните деца. Од „Нвидиа“, која е меѓу највредните компании во светот и е клучен производител на хардвер за вештачка интелигенција, порачуваат дека Хуанг и натаму е посветен на водењето на компанијата. Независната истрага треба да ги разјасни наводите и евентуалните последици од неговите контакти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook