Носела танга, па завршила на итна операција: Среќа што сум жива(ВИДЕО) - Канал 5

Носела танга, па завршила на итна операција: Среќа што сум жива(ВИДЕО)

ТикТок ѕвездата Хилари Зинк ја сподели со своите придружници приказната за тоа како завршила на итна операција поради тангата и и беше кажано дека тоа можело да ја убие.

Носела танга, па завршила на итна операција: Среќа што сум жива(ВИДЕО)

На видеото што досега го гледале шест милиони луѓе, таа објасни дека нејзиниот задник ја болел со недели, а со текот на времето болката била толку силна што не можела да седи нормално додека патувала со авион.

Таа се пожалила на нејзината мајка, која и го прегледала задникот, но не видела ништо, но бидејќи болката не престанала, тие отишле во службата за итни случаи. Таму утврдиле дека има апсцес (гноен чир) и ја упатиле на итна операција. На видеото, низ смеа, таа опиша како и го стискале гнојот, но открила дека ситуацијата била многу сериозна.

„Лекарот ми рече дека имав среќа што сум дошла, затоа што ова можело да ме убие“, рече таа.

Целата ситуација настанала заради - танга.

@hillary.zinks

GET CHECKED if you have new symptoms you have and NO IDEA why ! It can save your life

♬ original sound - Hillary Zinks

„Тангите што ги носев направиле микроскопски засек што се заразил и таа инфекција можела да ме убие“, објасни таа.

Таа за Buzz Feed изјави дека сакала да ја сподели приказната за да ги охрабри луѓето да одат на лекар ако забележат необични симптоми.

"Ако го игнорирав апсцесот, можеше да ми ја затруе крвта и на крајот да ме убие. За среќа, мајка ми ме натера да одам во болница и таму ме оперираа, така што нема да имам трајни проблеми. Сè започна затоа што тангите ми беа премногу тесни. Се сеќавам на точниот момент кога се случи расекотината. Ја повлеков тангата премногу високо и почувствував нешто како мал убод, но мина за секунда. Немаше да го поврзам ако лекарот не ме прашаше дали носам танга “, рече таа.

Новинарите на „Баз фид“ контактирале и со д-р Џенифер Линколн која објаснила за што станува збор.

"Овој тип на циста или чир не е невообичаен. Апсцес во областа на анусот теоретски може да биде предизвикан од мал расек што се заразил. Ако сакате да носите танга, изберете поголем број и од помек материјал како памук. Тоа е многу подобро од синтетички ткаенини кои потенцијално се груби и можат да задржат влага и бактерии “, објаснила докторката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 9. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 9. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 9. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат.

Кариера

Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго.

Здравје и совет

Обидете се да бидете полежерни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти.

Кариера

Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди.

Здравје и совет

Разделете ја реалноста од фантазијата.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас.

Кариера

Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време.

Здравје и совет

Внимавајте на грлото.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане.

Кариера

Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени.

Здравје и совет

Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба.

Кариера

Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство.

Здравје и совет

Бидете трпеливи во љубовта.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно.

Кариера

Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право.

Здравје и совет

Искреноста е доблест.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа.

Кариера

Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка.

Здравје и совет

Бидете искрени кон себеси и кон другите.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа.

Кариера

Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво.

Здравје и совет

Почитувајте ги другите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате.

Кариера

Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм.

Здравје и совет

Не сте на трка . Опуштете се.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира.

Кариера

Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба.

Здравје и совет

Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна.

Кариера

Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа.

Здравје и совет

Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате.

Кариера

На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина.

Здравје и совет

Ја одржувате добрата форма.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир Гајдов

 Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер