ЗдравјеНорвешка ќе стане уште една земја без пушачи на цигари, ги заменуваат со алтернатива Следејќи ја Шведска, Норвешка е на пат да постигне статус без чад, со широко распространета алтернатива на цигарите - орални никотински производи, според најновиот Извештај за намалување на штети од тутун во светот (GSTHR)*.Според дефиницијата на Светската здравствена организација, една земја добива статус на „земја без чад“ кога стапката на пушење кај возрасните е под 5 проценти. Оваа промена, поттикната од тоа што пушачите се свртуваат кон помалку ризични форми на употреба на никотин, ќе ги намали штетите поврзани со пушењето, смета GSTHR. Пушењето има значително влијание врз животот и здравјето на населението во Норвешка. Во 2015 година, истражувачите откриле дека една од пет предвремени смртни случаи кај Норвежаните на возраст под 70 години била предизвикана од пушење, а во 2021 година, студијата покажала дека повеќе од 8 од 10 случаи на рак на белите дробови кај Норвежанките можеле да се избегнат доколку не биле пушачи. Во извештајот се наведува дека Норвешка со Законот за тутун од 1975 година презела мерки за намалување на пушењето пред многу други земји и е меѓу првите пет во Европа во однос на строгоста на мерките за контрола на тутунот. -Иако пушењето е во опаѓање во Норвешка, во последните две децении бевме сведоци на значително забрзување на падот на бројот на пушачи, што се совпадна со зголемување на употребата на оралниот тутунски производ снус. Во споредба со пушењето тутун, snus нуди многу побезбеден начин за консумирање никотин, велат од организацијата. Според официјалната статистика од 2005 година: • 25% од Норвежаните на возраст од 16 до 74 години пушеле дневно • Кај младите на возраст од 16 до 24 години, тој процент бил 24% • 5% од Норвежаните на возраст од 16 до 74 години користеле снус дневно До 2023 година: • Дневната стапка на пушење падна на 7% • Само 3% од пушачите меѓу оние на возраст од 16 до 24 години • Употребата на орални никотински производи е зголемена на 16% кај жителите на возраст од 16 до 74 години • Повеќе од двојно повеќе луѓе сега користат орални никотински производи во споредба со цигарите (16% наспроти 7%). Оралните никотински производи како снус и никотинските кеси се сметаат за остварлива опција за оние кои сакаат да се откажат од пушењето, бидејќи тие доставуваат слична количина на никотин како во цигарите. -Длабоките промени во потрошувачката на никотин во Норвешка покажуваат дека статусот на соседна Шведска без чад можеби не е единствен. Стапката на пушење во Норвешка исто така е намалена поради широката замена на смртоносните запаливи цигари со многу помалку штетна алтернатива. Во двете земји тоа се случи без официјално одобрение од владата. Потрошувачите самите го прифатија намалувањето - а податоците зборуваат сами за себе. Замислете што би можело да постигне интегрирана стратегија за намалување на штетите од пушењето - изјави Дејвид Мекинтош, директор на британската агенција за јавно здравје KAC (Knowledge Action Change), која го води проектот за намалување на штетите од пушењето во глобални рамки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ФудбалЛинекер има предлог за Сити за „спас на Премиер лигата“ Поранешниот англиски репрезентативец Гери Линекер смета дека Манчестер Сити треба да признае дека ги прекршил финансиските прописи и да ја прифати паричната казна, со цел да се зачува угледот на клубот и на Премиер лигата.Богатиот англиски фудбалски великан, Манчестер Сити се соочува со обвиненија за 115 наводни прекршувања на финансиските правила во периодот меѓу 2009 и 2018 година. Клубот ги оспорува обвиненијата и настојува да докаже дека не ги прекршил правилата. Линекер, кој сега работи како спортски коментатор, смета дека признавањето на грешката и прифаќањето на евентуалните санкции би било најдоброто решение за завршување на случајот. „Оваа ситуација секако изгледа лошо за ’Сити‘ и лошо за фудбалот. Би сакал ’Манчестер‘ да излезе во јавноста и да каже: ’Да, згрешивме. За доброто на играта и на Премиер-лигата, ќе ја прифатиме каква било казна што ќе ни биде изречена и ќе продолжиме понатаму‘“, изјави Линекер. Според него, таков потег би можел да помогне во зачувувањето на угледот на англиското првенство, но тој смета дека е малку веројатно оти клубот ќе се одлучи на таков чекор. „Мислам дека тоа би било добра работа и донекаде би ја зачувало нивната репутација, како и угледот на лигата. Сепак, такво нешто изгледа малку веројатно. Разочарувачки е; ми е жал за играчите и за нивните навивачи“, додаде поранешниот англиски напаѓач. Линекер зборуваше и за можноста на Манчестер Сити да му бидат одземени титулите освоени во периодот опфатен со обвинувањата. „Не би се изненадил доколку дојде до таква казна. Но, повторувам, на крајот на краиштата, кој најмногу страда поради тие санкции? Играчите и навивачите“, заклучи Линекер.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Шоу бизФото: Амал Клуни блесна во златен фустанСопругата на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни убавата Амал привлече внимание во златен фустан.Амал Клуни блесна синоќа на еден настан во Лондон. Може да се каже дека вниманието овој пат беше насочено кон нејзината неверојатна креација. Синоќа во Лондон се одржаа наградите „Албис“ (Albies Awards), а на гала-настанот присуствуваа бројни славни личности. Вниманието на јавноста го привлече еден пар кој повеќепати се нашол во центарот на вниманието поради своите модни комбинации. Џорџ и Амал Клуни беа добредојдени гости на овој настан, а познатата адвокатка не се двоумеше да блесне во гламурозно издание на црвениот тепих. Таа избра златен фустан од модната куќа „Гучи“, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура. Станува збор за креација со спуштени раменици што ги спојува модерниот гламур и класичната елеганција. Тагови: Џорџ Клуни Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Дилета Леота е повторно во топ формаУште едно заводливо издание на најубавата спосртска новинарка во Италија. Дилета Леота привлече многу погледи од целиот свет. Овој пат, таа едноставно ја откопча кошулата. Леота уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните спортски новинарки на светот. Русокосата убавица често избира комбинации што ја истакнуваат нејзината витка фигура, а особено бујните гради. На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот деловен и приватен живот, таа сподели компилација од фотографии од Рим. Покрај прекрасните кадри од градот, вниманието го привлече и со својот сведен, а сепак шик изглед. За обична прошетка, таа облече бела кошула со длабоко деколте, која ја искомбинира со златни модни додатоци. Ја пушти косата слободно да паѓа, а шминката беше во дискретни, земјени тонови што ја истакнуваа нејзината убавина.Тагови: Дилета Леота Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter