Норман Дејвис: За името да одлучат граѓаните

Познатиот историчар од Оксфорд, проф. Норман Дејвис, коментирајќи го проблемот меѓу Атина и Скопје за прашањето за името, вели дека во минатото имало слични спорови околу имиња на држави, но во случајот со Македонија суштинско е за името да решат граѓаните, а не некој однадвор.

- Апсолутно го познавам проблемот со името кој Македонија го има со Грција. И тоа не од денес, туку од поодамна. Не сочувствувам со Грција, зашто не гледам причина зошто истото име не би можело да го користат и двете земји. За мене суштинското прашање останува - граѓаните, жителите на Македонија се тие кои одлучуваат како ќе им се вика земјата, а не името да се решава однадвор, изјави за Дојче веле професорот Дејвис, историчар од универзитетот Оксфорд, кој подолго време се занимава со Европската унија и движењата во Европа, особено по последните проширувања и финансиската криза.

Тој синоќа во претставништвото на Европската комисија во Берлин говореше за перспективите на Централна Европа и Унијата, подвлекувајќи дека како историчар логично би било повеќе да говори за минатото, но се’ почесто одговара и на предизвикот да го анализира идниот можен развој.

Како историчар, професор Дејвис оценува дека проблеми од типот на оној на Македонија имало и во минатото. Тој се наврати на слична голема расправија од пред 200 години во срцето на Европа.

- Вакво слично искуство имаше и Прусија. Кога во 1701 од војводството Прусија Фридрих Први го создаде Кралството на Прусија, државата не можела така да се именува зашто дел од Прусија бил на територијата на Кралството Полска. Било јасно дека тогашното Кралство Полска нема да ја признае новата држава како Кралството на Прусија. Се размислувало и се нашло решение, па државата се именувала како ’Кралство во Прусија’, а Фридрих Први станал ’крал во Прусија’. Дури 70 или 80 години подоцна државата била преименувана во познатото „Кралство Прусија“. Тоа е пример за бариера околу името, за која сепак било најдено решение и државата преживеала“, објаснува професорот Дејвис.

Прашан дали проблемот ќе се реши наскоро, имајќи предвид дека е актуелен, се преговара, се посредува, се притиска, сега и од страна на Унијата, или пак ќе потрае, тој со одговор: „Сметам дека грчката позиција е се’ послаба и послаба. Јас не сум политичар, туку историчар и уште еднаш го кажувам мојот став: луѓето од државата треба да одлучат како ќе им се вика земјата“.

Сите држави од поранешната Југословенска федерација во Европската Унија, според историчарот Дејвис, ќе се вклучат постепено, чекор по чекор. Во оваа смисла, по Словенија и Хрватска, која годинава треба да стане полноправна членка, неминовен е натамошниот развој во насока на ЕУ и на останатите земји наследнички. Тоа би резултирало со поуспешно заздравување на раните кои ги предизвикала војната и стабилизирање на целиот регион.

- Тоа ќе се случи, но мора да се смета дека е потребно време и сето тоа ќе потрае. Вклучувањето во Унијата е најдобриот пат за нормализирање на односите меѓу државите, кои не толку одамна, една против друга војувале, коментира професорот Дејвис од Оксфорд.

Пред берлинската публика тој пласираше дузина интересни тези за иднината на Унијата, чиј процес на развивање и проширување ќе потрае. Унијата има потенцијал во себе да обедини најмногу 41 држава и тоа почнувајќи од некогашната Источна Европа (Украина, Молдавија , Белорусија), преку Турција, до земјите од Балканот и Кавказот. Русија и Израел, како и соседниот арапски свет и Северна Африка не доаѓат предвид: ќе останат соседи, но не и членки на Унијата. Професорот проценува дека еврозоната ќе се стабилизира и во неа ќе се вклучат и други држави, како на пример Полска. Проширувањето ќе ја наметне и потребата од повторно доработување и менување на европскиот устав.

Освен позитивната визија за иднината на ЕУ, проф. Норман Дејвис, кој иако вели дека е историчар, а не астролог, сепак предвидува и критични точки кои можат да го доведат во прашање функционирњето и воопшто постоењето на Унијата. Според него, прво и основно треба да се расчисти и редефинира функционирањето на безбедносната политика и нејзината улога во рамките на Унијата и во НАТО. Тој не исклучува и внатрешни процеси кои би предизвикале сломови и бришење на некои држави од европската карта. Како примери проф. Дејвис го споменува Обединетото Кралството Велика Британија кое го сочинуваат Англија, Велс, Шкотска и Северна Ирска и каде наредната година престои референдум за осамостојување на Шкотска. Иако не е убеден дека нешто драматично може да се случи, потсетува дека доколку референдумот сепак успее, тоа би значело исчезнување на Обединетотот Кралство во некоја поинаква државна формација. Во ризичната група е и Шпанија каде има чести барањата за отцепување на одделни провинции, но и Белгија каде се наоѓа „централата“ на Унијата (Брисел), но каде има континуирани искричења.

Во „црното сценарио“ е и евентуалниот слом на еврозоната, но спред Дејвис, еврото како валута нема да исчезне, туку ќе остане како јадро поткрепено од силните држави како Германија, а од него ќе се одделат оние кои се на периферијата на еврозоната. Вистинска закана за иднината на Унијата е и евентуалниот неуспех на проширувањето, особено со големите држави како Украина, што може да произведе затегнатост, поради чувството дека победила Русија, наспроти про-европската линија. Сепак, најголемата опасност и закана за Унијата доаѓа оддалеку. Во глобализираниот свет, како што коментира професор Норман Дејвис, вистински крах може да предизвика една силна економска рецесија на Кина, која со себе би ги повлекла сите оние (и стопанствата на Унијата) кои сега функционираат како едно со големиот светски „играч“



Параглајдерист преживеал пад од 30 метри- камерата го снимила ужасот (ВИДЕО)

Јутјуберот Ентони Вела го тестирал леталото над државниот парк во Аризона кога доживеал несреќа.

Тој објави видео од инцидентот на популарната платформа, откако падна на земја од околу триесетина метри, врескајќи и плачејќи.

Ентони некако повикал помош.

„Тој звучеше очајно, го повика диспечерот и рече дека се урнал со својата летечка машина“, беше објавено.

Неговиот пријател пристигнал за неколку минути, а властите „во живо“ ги следеле драматичните моменти, пренесува Дејли Стар.

Диспечерот го прашал пријателот дали жртвата имала повреди или крвари, а Ентони тврдел дека е добро. За жал згрешил, бидејќи подоцна било откриено дека има неколку скршеници.

На пат кон болница ѝ се јавил на сопругата и ѝ рекол: „Колабирав, ми се скрши раката. Ќе бидам добро, љубов, не грижи се“.

Исплашената жена одговорила: „Што сакаш да кажеш, не грижи се?“.

Се верува дека инцидентот бил предизвикан од дефект на моторот, а Јутјуберот ги предупредил луѓето тројно да го проверат секој дел пред да полетаат.

Доктор имал интимни односи со жени во ординацијата, додека пациенти чекаат на ред

На лекарот кој се снимал себеси за време на интимните односи во ординација, додека пациентите го чекале својот ред, му се заканува крај на кариерата.

Том Плимер (40) се појави во ТВ шоуто „Први средби“ уште во 2018 година, а снимката наводно ѝ ја покажал на својата колешка од Свиндон. Потоа ѝ испратил на медицинска сестра 197 експлицитни фотографии откако таа била „принудена во врска со него“.

Трибуналот кој се занимава со жалби против лекарите откри дека способноста на д-р Плимер за професионална работа била нарушена поради недолично однесување, пишува Дејли Меил.

Членовите на трибуналот слушнале дека тој наводно поканил две жени на лекар, кои ги запознал преку Интернет, а потоа водел љубов со нив во работното време.

Се тврди дека имал интимни односи со најмалку шест жени во канцеларијата, а на поранешните љубовници им испраќал контроверзни фотографии додека пациентите го чекале својот ред.

За време на неговото појавување пред трибуналот, д-р Плимер се извинил за неговото „одвратно однесување“.

Тој претходно беше прогласен за виновен по повеќе обвиненија, меѓу кои и шетање по извршена операција со откопчани панталони, испраќање експлицитни видеа, како и ставање рака на колешка на гениталиите.

Против него е поднесена дополнителна пријава за полови дејствија во ординација.

Медицинската сестра тврди дека започнала „пријателство“ со докторот по „двосмислените пораки за чоколадното зајаче“. Тој наводно ѝ се доверил дека е зависник од секс и разменил 5.000 пораки со неа.

Една порака наводно гласела: „Можам ли да ти дозволам да влезеш во некоја тајна? Ти си мојата омилена“.

Плимер ѝ покажал 197 фотографии и видеа на кои тој има односи со други жени, било кажано на Трибуналот.

Лекарот минатата недела изјави дека „се опоравува од зависноста“ со поддршка од пријатели и зема лекови. Тој признава дека испраќал експлицитни видеа на жени, но тврди дека сѐ било со согласност.

Трибуналот допрва треба да донесе конечна одлука за овој случај.

Полицијата ги растера студентите пред елитната Сорбона на пропалестински протести (ВИДЕО)

Полицијата растера десетици демонстранти кои денеска кампуваа во дворот на Универзитетот Сорбона во Париз за да протестираат против војната во Газа, изјави тамошен студент.

Протестите се случија три дена по протестите на елитниот универзитет Сајнс По во главниот град и следеа антиконфликтни собири во кампусите низ Соединетите држави, објави Франс24..

„Имаме секаква причина, како на Јеил, Колумбија, Сајнсс По... да го осудиме она што го гледаме дека се случува“, рече студент, кој се претставил само како Леонард, на друг митинг пред влезот на Сорбона.

Универзитетот, еден од најстарите во светот, ги затвори своите згради за време на мирните протести. Студентите извикуваа „Слободна Палестина“ и ја повикаа институцијата да го осуди Израел. Вкупно 253 заложници беа заробени во напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври. Според израелските податоци, членовите на Хамас во нападот убиле околу 1.200 Израелци.

Израел возврати со наметнување опсада на Газа и воздушен и копнен напад. Според здравствените власти во Газа, израелската војска убила најмалку 34.488 Палестинци во тие напади.

Неколку француски политичари, меѓу кои и Матилд Пано, која ја предводи левичарската група пратеници на ЛФИ во Националното собрание, ги повикаа поддржувачите на социјалните мрежи да се приклучат на протестите во Сорбона.

притисни ентер