3Објавени се најпознатите „предвидувања“ на Баба Ванѓа- следбениците тврдат дека го знаела и крајот на светот
ФормулаНорис најбрз во утринската сесија од вториот ден на третиот тест во Формула 1 Возачот на Мекларен, Ландо Норис, е лидер по утринската сесија од вториот ден од последниот тест во Формула 1. Лидерот на Ред Бул, Макс Верстапен, е втор, а Џорџ Расел од Мерцедес е трет. Пласман на десетте најбрзи, време на најбрз круг и вкупно извозени кругови: 1. Ландо Норис (Мекларен) – 1:33.453 (72 круга) 2. Макс Верстапен (Ред Бул) +0.131 (56) 3. Џорџ Расел (Мерцедес) +0.658 (77) 4. Алекс Албон (Вилијамс) +1.677 (71) 5. Габриел Бортолето (Ауди) +1.810 (29) 6. Оливер Берман (Хас) +1.826 (69) 7. Франко Колапинто (Алпинто) +2.053 (54) 8. Лиам Лосон (Рејсинг Булс) +3.506 (27) 9. Фернандо Алонсо (Астон Мартин) +4.019 (40) 10. Луис Хамилтон (Ферари) +6.217 (5) Вториот ден од третото и последно претсезонско тестирање во Формула 1 е во тек во Бахреин. Новата сезона во Формула 1 ќе почне во Мелбурн од 6 - 8 март со трката за Големата награда на Австралија. Тагови: Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаЖивко Мукаетов го зголеми својот сопственички удел во „АЛКАЛОИД“Во соопштение доставено до Македонската берза, од компанијата информираат дека Претседателот на Управниот одбор и Генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, г. Живко Мукаетов, купил нови 277 акции од компанијата.Со оваа трансакција неговиот удел во компанијата се зголеми за 9,21%, и тој во моментов поседува 131.777 обични акции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветОрмутскиот теснец -Иран губи дел од контролата; се отвора алтернативен коридор за танкериИран губи дел од контролата на Ормутскиот теснец, се отвора алтернативен коридор за танкери.Според изворите, резултатот е враќање во оптек на околу десет милиони барели дневно.Иако тврдењата на Доналд Трамп дека Соединетите Држави имаат целосна контрола врз Ормускиот Теснец не се сосема основани, се чини дека одредени околности сè повеќе работат против Техеран. Според аналитичарите со кои разговараше CNN, повеќе од 80 отсто од суровата нафта што поминала низ Ормускиот теснец во изминатите 14 дена била транспортирана преку оманската рута. Овој коридор е признаен од Обединетите нации, додека Иран го смета за повреда на својот суверенитет над теснецот. Проценките укажуваат на тоа дека и речиси целиот преостанат сообраќај се одвива по оваа рута; сепак, некои пловни објекти се движат „во мрак“ – односно со исклучени транспондери – за да избегнат да станат цели на патролите на Корпусот на гардата на исламската револуција (IRGC). Хомајун Фалакшахи, раководител на одделот за анализа на пазарот на сурова нафта во компанијата „Kpler“, истакнува дека пред само еден месец речиси и да немало комерцијален сообраќај по оваа рута. Во рок од само неколку недели, ситуацијата целосно се променила. Според неговата проценка, станува сè поочигледно дека Иран изгубил барем делумна контрола врз тој дел од морето. Оваа промена не се однесува само на транспортот на сурова нафта. Во периодот од 1 до 19 август, низ Ормускиот теснец поминале вкупно 236 пловни објекти од различен тип. Осумдесет и три пловни објекти ја користеле иранската рута, три го користеле оманскиот коридор, а два се движеле по старата централна рута што се користела пред војната. Останатите 148 пловни објекти – што претставува повеќе од шест од секои десет – поминале со исклучени транспондери. Пред војната, таквите пловења сочинувале околу 35 проценти од вкупниот број. - На тој начин, Иран делумно би ја изгубил контролата врз теснецот: танкерите за нафта минуваат низ него, игнорирајќи ги предупредувањата од Техеран, но тоа го прават под придружба. Тука настапува Вашингтон. Веб-страницата „Аксиос“ (Axios), повикувајќи се на двајца американски функционери, објави дека Соединетите Држави веќе неколку недели дискретно управуваат со транзитен коридор долж јужниот канал – во близина на водите на Оман: секоја ноќ, танкерите за нафта влегуваат и излегуваат од теснецот во две долги колони – една за влез и една за излез – под координација на оперативна група стационирана во Форт Брег, историското седиште на 82-та воздушно-десантна дивизија. Резултатот, според изворите, е враќање во оптек на околу десет милиони барели дневно; иако ова претставува половина од обемот пред војната, сепак означува огромен пораст во споредба со драстичниот пад забележан во последните месеци – пренесува италијанскиот весник „Кориере дела сера“ (Corriere della Sera).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Разорен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Перу Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди јужниот дел на Перу, соопшти Националниот сеизмолошки центар (CENSIS).Епицентарот на земјотресот се наоѓаше на 35 километри северно од Коракора, во покраината Паринакочас. Според објавените информации, земјотресот е опишан како „бранен земјотрес“ – хоризонтално движење на почвата што се манифестира преку нишање и бранување на површината. Земјотресот беше почувствуван низ целиот јужен Перу, а во Лима потресот се почувствува главно на горните катови од зградите. MAGNITUDO 7.2 EARTHQUAKE SHAKES PERU Thursday, 20th August 2026 pic.twitter.com/AzYWEB0YAQ — Agraprana Pahlawan (@skynewsagra) August 20, 2026 Земјотресот беше долготраен и траеше околу една минута. Досега не се пријавени штети или жртви по земјотресот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter