2На граничните премини „Богородица“, „Дојран” и „Табановце” се бележи зголемена фреквенција на возила
ФормулаНорис ја освои пол-позицијата на Големата награда на САДВозачот на Мекларен, Ландо Норис, победи во квалификациите за Големата награда на Лас Вегас возени утрово.Во одлучувачкиот сегмент, најдобриот круг на Британецот беше 1 минута 47,934 секунди. Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, заврши втор (+0,323 секунди), а возачот на Вилијамс, Карлос Сајнц, трет (+0,362). Тимскиот колега на Норис, Оскар Пјастри, заврши петти (+1,027). Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од Ферари заврши на 20-то место, последното место во квалификациите. Главната трка во Лас Вегас ќе се вози утре (23 ноември) со почеток во 5 часот по македонско време. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Болеро рецептВо понеделник (15.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Христијан Божинов (Кико Болеро)Состојки за денешниот рецепт: 250 гр. пилешки стек 200 мл. кисела павлака 150 гр. конзервирани печурки 5 кисели краставички малку магдонос масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотDove претставува дезодоранс за цело тело: 24 часа свежина и нега за секој дел од кожатаВо секојдневната грижа за телото, повеќето луѓе најчесто се фокусираат на подрачјето под пазувите кога станува збор за спречување на непријатните мириси. Сепак, новите сознанија покажуваат дека само мал дел од потта на телото доаѓа токму од оваа област. Затоа Dove го претставува својот иновативен дезодоранс за цело тело, создаден да обезбеди свежина, заштита и нега на сите делови од кожата каде што најчесто се јавуваат потење, влага и триење. Зошто дезодоранс за цело тело? Според податоците на брендот, само околу 1% од потта на телото потекнува од под пазувите. Најголем дел од потењето се јавува на други делови од телото како што се внатрешните бутови, под градите, грбот, стомачните набори, стапалата и интимните области. Токму затоа Dove разви производ кој е наменет за употреба на целото тело, овозможувајќи долготрајна свежина и чувство на удобност во текот на целиот ден. Дерматолошки тестиран и безбеден за чувствителна кожа Една од најважните карактеристики на Dove дезодорансот за цело тело е неговата формула која е дерматолошки тестирана и одобрена. Производот е наменет и за најчувствителните делови од телото, обезбедувајќи нежна нега без иритации. Формулата нуди: - До 24 часа свежина; - 0% алуминиум; - Состојки кои ја хидрираат и смируваат кожата; - Поддршка на природната заштитна бариера на кожата; - Заштита од непријатни мириси и триење. Одредени варијанти се и гинеколошки тестирани за употреба во интимната област, што дополнително ја потврдува нивната безбедност и нежност. Достапен во повеќе практични форми Dove дезодорансот за цело тело е достапен во неколку различни пакувања, со цел секоја жена да може да го избере производот кој најдобро одговара на нејзините потреби и дневна рутина. Спреј Овозможува лесно и рамномерно нанесување на различни делови од телото. Крем Збогатен со витамини за обновување и подобрување на состојбата на чувствителната кожа. Гинеколошки е тестиран и погоден за употреба и во интимните области. Стик Практичен за нанесување на делови како внатрешните бутови и кожните набори. И оваа варијанта е гинеколошки тестирана за употреба во интимната зона. Три освежителни мирисни варијанти Корисниците можат да изберат помеѓу три различни мирисни ноти: Original – препознатливиот и чист мирис на Dove; Лаванда и камилица – смирувачка билна свежина; Малина и роза – свежа и овошна комбинација. Каде може да се користи? Производот е наменет за нанесување на сите делови од телото каде што се појавуваат потење, непријатни мириси или триење, вклучувајќи: - Внатрешни бутови; - Под градите; - Гради; - Грб; - Стапала; - Кожни набори; - Интимни области. Со новиот дезодоранс за цело тело, Dove нуди сеопфатен пристап кон секојдневната хигиена и нега, комбинирајќи свежина, удобност и заштита за целото тело во текот на целиот ден. Тагови: Dove дезодоранс за цело тело Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Карпош вложува во модернизација на јавниот просторОпштина Карпош започна со реализација на активности за унапредување на јавниот простор, поттикнување на рекреативни содржини и создавање места за дружење и активен живот на граѓаните. Како дел од овие активности, поставени се пет нови шах маси со две седишта кои овозможуваат истовремено користење од двајца играчи. Со оваа иницијатива, јавниите површини во Карпош добиваат содржина која ги обединува генерациите и го поттикнува развојот на интелектуалните и социјалните вештини. Шах масите се поставени на пет локации низ општината: УЗ Влае – плоштад „Делфина“, УЗ „Пецо Божиновски Кочо“ – кај бродчето, УЗ „Кузман Јосифовски Питу“ – кај споменикот, плато кај Млечен и Карпош 3 – кај фонтаната. Проектот во наредиот период ќе продолжи да се реалиизра и во останатите урбани заедници, со цел што повеќе жители ќе добијат можност да уживаат во оваа древна интелектуална игра и квалитетно поминато време во своето маало. Средствата за реализација на активноста се обезбедени преку Годишната Програма за спорт на Општина Карпош, а реализатор на проектот е компанијата Мегаспорт од Скопје. Општина Карпош останува посветена на создавање современа, функционална и достапна средина за сите граѓани, со содржини кои придонесуваат за подобар квалитет на живот и посилна локална заедница. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook