Номинираниот за шеф на НАСА предлага испраќање мисија на Марс во 2026 година - Канал 5

Номинираниот за шеф на НАСА предлага испраќање мисија на Марс во 2026 година

Номинираниот од американскиот претседател за шеф на НАСА, милијардерот Џаред Исакман, предложи испраќање беспилотна мисија на Марс уште следната година, објави Блумберг.

Номинираниот за шеф на НАСА предлага испраќање мисија на Марс во 2026 година

Блумберг тврди дека има извадоци од планот на Исакман за „Проект Атена“.

Во документот се наведува дека една од компаниите способни да им помогнат на САД да испратат мисија на Марс би можела да биде СпејсИкс на милијардерот Илон Маск. Исто така, се споменува можна соработка помеѓу НАСА и Блу Ориџин, Рокет Лаб и Аксио Спејс.

Исакман претходно го потврди постоењето на „Проект Атена“. „Атена“ навистина беше проект на кој јас и многу мала група луѓе работевме од мојата прва номинација и неговото повлекување во мај. „Делови од овој план се веќе застарени“, напиша милијардерот на својата страница на социјалната мрежа „Х“. Тој исто така се запраша зошто документот протече во медиумите дури сега: „Се чини дека некои дозволуваат политиката да се меша во мисијата (на НАСА) и целите на претседателот во вселената“.

Претходно оваа година, Трамп веќе го номинираше Исакман за шеф на НАСА. На 30 април, Комитетот за трговија, наука и транспорт на американскиот Сенат препорача Исакман да биде потврден за функцијата. Се очекуваше конечното гласање за неговото назначување да се одржи во Сенатот во јуни. Сепак, на 31 мај, американскиот лидер објави дека ја повлекува кандидатурата на Исакман и дека има намера да номинира нов кандидат за позицијата.

Американските медиуми го нарекоа Исакман штитеник на Маск.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина Ратко Младиќ

Генералот Младиќ беше во притворската болница во Хаг од 2024 година.

Почина Ратко Младиќ

Поранешниот командант на Главниот штаб на Армијата на Република Српска, генерал Ратко Младиќ, почина во притворската болница во Хаг на 84-годишна возраст, изјави за Срна државната секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Србија, Лидија Павичевиќ.

Таа рече дека оваа информација ја добила од синот на генералот, Дарко Младиќ.

Генералот Младиќ беше во притворската болница во Хаг од 2024 година, каде што беше врзан за кревет изминатата година и пол, а Механизмот за кривични судови во Хаг ги игнорираше барањата да биде пуштен на лекување во Србија од хуманитарни причини.

Српскиот генерал претрпе неколку мозочни удари, од кои последниот беше на 10 април.

Тој имаше сериозни кардиоваскуларни заболувања, висок крвен притисок, невролошки оштетувања и проблеми со бубрезите.

Поради оваа причина беше хоспитализиран неколку пати и беше подложен на разни медицински и терапевтски процедури, вклучително и хируршки интервенции на срцето и ногата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм

„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари во следната деценија и ќе го ограничува начинот на кој тинејџерите ги користат Фејсбук и Инстаграм, согласно договорот со речиси сите сојузни држави во САД.

„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм

„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари во следната деценија и ќе го ограничува начинот на кој тинејџерите ги користат Фејсбук и Инстаграм, согласно договорот со речиси сите сојузни држави во САД, откако компанијата беше обвинета дека ги дизајнирала овие социјални мрежи за да создаваат зависност кај децата,

„Мета“ се согласи во следната деценија да го ограничи користењето на Фејсбук и на Инстаграм на тинејџерите на два часа дневно, а и да го блокира целосното користење од полноќ до 6 часот наутро, освен ако родителите не дадат согласност.

Овие ограничувања би можеле да бидат заострени доколку социјалните платформи Снепчет, Тикток и Јутјуб усвојат слични услови.

„Мета“, исто така, ќе ги исклучи повеќето известувања за тинејџерите во текот на наставата, од 8 до 15 часот, и ќе ги зајакне мерките за спречување на пристапот на децата до содржини со старосни ограничувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Забраната за движење во шуми продолжена до 30-ти септември

Поради зголемениот ризик од појава и ширење на шумски пожари, движењето низ шумите и шумските земјишта низ целата држава останува ограничено сè до 30 септември 2026 година.

Забраната за движење во шуми продолжена до 30-ти септември

Поради зголемениот ризик од појава и ширење на шумски пожари, движењето низ шумите и шумските земјишта низ целата држава останува ограничено сè до 30 септември 2026 година, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Оваа одлука е донесена со цел директна заштита на природните богатства и зачувување на шумскиот фонд во овој критичен период. Од надлежното министерство апелираат до сите граѓани на максимална одговорност и претпазливост, со цел да се избегнат инциденти и појава на нови пожари на отворен простор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер