ЗабаваНоќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје"По повод празникот „ 13 Ноември“, денот на ослободување на Град Скопје, Атлетска федерација на Македонија во соработка со град Скопје организира Атлетска ноќна улична трка во централното градско подрачје на 11 ноември. Стартот и целта на ноќната трка се на Плоштадот Македонија во близина на Триумфална Капија . Патеката е кружна во должина од 1200 метри и поминува преку плоштадот Македонија , Сутерен на Гратскиот трговски центар , покрај Градска Болница и Собрание на Р. Македонија , преку „ Рекорд „ и старо „ Мек Доналдс „ и повторно до плоштад Македонија . Се очекува учество на 10тина средни училишта од Скопскиот регион , кои ќе се натпреваруваат во машка и женска категорија на патеката во должина од 1200м или 1 круг , додека во главната трка на 6 километри се очекува учество на повеќе од 200 натпреварувачи во машка и женска конкуренција кои патеката од 1200м ќе ја свртат 5 пати . Стартот на програмата е закажан за 15:00 часот , додека училишните трки започнуваат во 15:10 за момчиња и 15:20 за девојчиња ,главата трка на 6 километри ќе стартува во 15:30 часот. Предвидени се парични награди за најуспешните 6-мина во Главната трка , додека во Училишните трки за најбрзите 5-мина се предвидени стокови награди .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканГрција им ги забранува социјалните мрежи на помладите од 15 години Грчкиот парламент донесе закон со кој им се забранува на децата под 15 години да користат социјални мрежи. Законот, кој стапува на сила на 1 јануари 2027 година, беше донесен поради растечката загриженост за влијанието на овие платформи врз здравјето и безбедноста на малолетниците, објави Ројтерс. Премиерот Киријакос Мицотакис изјави дека платформите имаат рок од два и пол месеци да развијат систем за проверка на возраста на корисниците и да обезбедат заштита на нивната приватност. Грција е една од седумте земји-членки на Европската унија кои соработуваат со Европската комисија за решение за проверка на возраста на корисниците. Greece passes social media ban for children under 15 https://t.co/QdfBz2ixXo — Economic Times (@EconomicTimes) October 23, 2026 Слични мерки веќе се забележани во светот. Минатата година, Австралија стана првата земја што законски го ограничи пристапот до социјалните медиуми за малолетници. Во Франција, пак, Уставниот суд го поништи таков закон во август. Помагање на родителите во борбата против зависноста Владата нагласува дека со овој потег сака да им помогне на родителите во потиснувањето на таканареченото бесконечно скролување. Тие наведуваат дека овој феномен ги лишува децата од сон, ја нарушува концентрацијата и го одзема времето од поминувањето време со пријателите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенеска променливо облачно со дожд претпладне и сончево попладнеВремето денеска ќе биде претпладне променливо облачно, а потоа сончево со мала облачност, информираат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) 3 Попова Шапка, 5 Лазарополе, 6 Маврови Анови, Битола, Крушево, 7 Крива Паланка, 8 Берово, Претор, 9 Охрид, Виница, Прилеп, 10 Куманово, Тетово, Штип, Струмица, 11 Скопје-Зајчев Рид, 12 Велес, Кавадарци, Демир Капија, Скопје-Петровец, 14 Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2) 21 Крива Паланка, 9 Виница, 8 Берово, 4 Куманово, 1 Штип, Лазарополе. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно, во утринските часови ќе има повремен локален дожд, а во текот на денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 24 степени. Во Скопје, претпладне променливо облачно, а потоа сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинчев: 23 Октомври е ден што нѐ потсетува на идејата за слободна Македонија23 Октомври е ден што нѐ потсетува на идејата за слободна Македонија, на храброста на оние што се бореа за неа и на одговорноста што ја носиме денес кон идните генерации.Идеалите на македонските револуционери се трајна обврска да ја чуваме слободата, да го градиме единството и да создаваме општество во кое правдата, достоинството и еднаквите можности се темел на заедничката иднина. Нека нивната борба биде поттик да продолжиме со верба, одлучност и посветеност кон силна, просперитетна и демократска држава, во која секој граѓанин ќе може да ја препознае својата иднина. Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! Срдечно, Горан Минчев Министер за јавна администрацијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter