3СДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%
МакедонијаНоќеска се уапсени 11 пијани возачи – рекордер е лице од Кочани со 2,41 промили алкохол Лишени од слобода 11 возачи во тетовско, Кочани, Виница, Неготино, Кавадарци, ресенско, Прилеп и Струга затоа што управувале возило под дејство на алкохол, следува пријаваНа 14.12.2025 во 01:05 часот на регионален пат Тетово-с.Јажинце, во с.Лешок, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Д.Б.(35) од с.Слатино, тетовско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,77 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. На 14.12.2025 во 02:50 часот на ул.„Евлија Челебија“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ја лишија од слобода К.Ѓ.(35) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел мерива“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувала, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,41 промили алкохол во крвта, по што веднаш била исклучена од сообраќај и задржана во полициска станица. На 14.12.2025 во 00:20 часот на ул.„Индустриска“ во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.К.(40) од Виница. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,09 промили алкохол во крвта, по што веднаш исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. На 14.12.2025 во 02:15 часот, на регионален пат Неготино-Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Д.Д.(26) од село Тремник, неготинско. При контрола на патниот сообраќај сопрено е патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,68 промили алкохол во крвта. На 14.12.2025 во 00:05 часот на улица „7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода А.Т.(36) од Неготино. При контрола на патниот сообраќај сопрено е патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,66 промили алкохол во крвта. На 14.12.2025 во 03:07 часот на улица „Цано Поп Ристов“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.С.(45) од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, сопрено е патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,60 промили алкохол во крвта. На 14.12.2025 во 01:32 часот на регионалниот пат Ресен-Стење, кај крстосницата за с.Горно Дупени, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Г.М.(31) од Ресен. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,62 промили алкохол во крвта. На 14.12.2025 во 01:00 часот на ул.„Трајко Николоски“ во Прилеп, полициски службеници го лишија од слобода М.К.(45) од Прилеп. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта. На 14.12.2025 во 00:46 часот на магистралниот пат Струга - Ќафасан, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Н.П.(39) од с.Радожда, струшко. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,74 промили алкохол во крвта. На 14.12.2025 во 01:24 часот на магистралниот пат Струга - Ќафасан, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода В.В.(44) од Струга. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,87 промили алкохол во крвта. На 14.12.2025 во 02:25 часот на регионалниот пат Струга - Дебар, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Н.М.(37) од с.Драслајца, струшко. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,56 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило", соопшти МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
Шоу бизБела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката. На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето. Вежбање, сауна и масажа Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби. На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа. Неодамна го прослави својот 30-ти роденден Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми. Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите. Ново поглавје во животот Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“. Извор: Индекс.хрТагови: Бела Хадид топлес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
МакедонијаМВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблемиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКрст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“. Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите. Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал. Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА Terrible!! Tragedia en la iglesia Perpetuo Socorro, sur de Guayaquil. El sacerdote Patricio Sánchez falleció tras caerle encima una cruz mientras oficiaba una misa. El lamentable suceso causa gran conmoción entre los fieles y la comunidad católica. https://t.co/647JgyCrA5 — Emergencias Ec (@EmergenciasEc) October 18, 2026 Тагови: свештеник Крст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36