Нокаутираната Црногорка порача од болница: Може да ми го скршат носот, не и насмевката (ВИДЕО)

Јулија Пајиќ, црногорската ММА борачка на синоќешниот натпревар во ПФЛ го претрпе првиот пораз во професионалната кариера по трите победи. По само 51 секунда, Лариса Пачеко ја совлада со технички нокаут.

Пајиќ заврши во болница, а денес им се обрати на фановите преку Instagram Story. "Луѓето можат да ви го скршат носот, но никогаш не дозволувајте да ви ја скршат насмевката. Ви благодарам на сите за поддршката. Учам и ќе се вратам посилна. Ве сакам", напиша таа покрај сликата на која се наоѓа во болнички кревет.

Пајиќ стана голема ММА sвезда за само неколку години поради агресивниот стил на борба и атрактивниот изглед. Таа е посебна по тоа што успеала да победи маж во еден натпревар. Станува збор за Германецот Стефан Шолц, но таа борба не е вклучена во нејзиниот професионален рекорд, имајќи предвид дека натпреварите помеѓу припадници од различен пол, можат да се сметаат само за егзибиција. Сепак, Пајиќ ја покажала својата впечатлива сила во таа борба, а Шолц се предаде во втората рунда по серијата удари по телото.

Барселона ја тужи шпанската федерација, судот одлучува за голот на Јамал против Реал

Барселона не дозволува да стивне бурата по „Ел Класико“ во кое Реал победи со 3:2.

„Фантомскиот гол“ на Ламин Јамал ​​и понатаму е тема на шпанските медиуми. Барселона не дозволува да престане да се зборува за тоа.

И по самиот меч имаше остри критики за судењето, немањето технологија за гол-линијата и „злоупотребата на ВАР системот“.

Првиот човек на клубот, Жоан Лапорта, најави дека Барселона ќе ги искористи сите средства да ја истражи ситуацијата и да утврди дали тоа било гол или не.

Барселона сега отиде чекор подалеку и најави дека ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација и дека решение на оваа ситуација ќе бара на суд.

Ден по натпреварот беше објавена и комуникацијата на главниот судија со играчите и судиите од ВАР-салата, но изостана делот од видеото поврзан со ситуацијата околу голот на Јамал ​​кој не беше признат.

Федерацијата го одби барањето на Барселона да му ја даде на клубот целосната снимка од комуникацијата помеѓу судијата и ВАР-собата и Каталонците сега сакаат да ја добијат преку судовите.

Лапорта останува на ставот дека доколку се покаже дека Барселона е оштетена, ќе бара реприза. /МИА

ДИК: Гласањето се одвива мирно, поголема за 9% е излезноста во однос на минатите избори

Претседателот на ДИК ги соопшти најновите резултати од претседателските избори. 

Најголема излезност е во Новаци од 67,19 % , а најамала во Пласница само 19%, рече Даштевски.

Видео: Коњи трчаат низ центарот на Лондон, еден е облеан во крв

Жителите на Лондон утринава забележале два коња без сопственик во центарот на градот, од кои едниот изгледал облеан во крв. Носеле седла и узди.

„Околу 8 часот и 40 минути добивме пријава дека коњи без сопственици трчаат низ градот. Полицајците ги запреа на автопатот кај Лајмхаус. Чекаме возило за да ги однесеме на ветеринар“, соопшти полицијата.

Скај њуз вели дека коњите припаѓаат на дворската коњаница, дел од британската армија. На социјалните мрежи се појавија видеа од настанот на кои се гледа како црн и бел коњ трчаат по улицата. Набрзо зборуваше портпаролот на армијата.

„Одреден број воени коњи се олабавиле за време на рутинска вежба. Сите коњи сега се вратени во кампот. За време на инцидентот се повредени одреден број вработени, како и коњите. На сите им била укажана лекарска помош ," вели тој .

Извор: Индекс.хр

притисни ентер