Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
1Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ЖивотНобеловата награда за економија за тројца научници кои работат во САД Нобеловата награда за економија годинава ја добиваат тројцата истражувачи Дарон Ацемоглу, Сајмон Џонсон и Џејмс Робинсон за истражување за разбирањето на разликите во влијанието на просперитетот меѓу народите.Истражувачите, кои работат во САД, денеска беа наградени за нивното истражување за тоа како „институциите го формираат и влијаат на просперитетот“, се вели во објаснувањето на жирито. Со прогласувањето на добитникот на наградата за економија заврши сезоната на доделување на Нобеловите награди кои ќе бидат врачени на 10 декември. Досега беа објавени имињата на добитниците на Нобеловата награда за медицина, физика, хемија, литература и мир. Нобеловите награди постојат благодарение на шведскиот научник и индустријалец Алфред Нобел, изумителот на динамитот, кој сакаше од неговиот фонд секоја година да се доделуваат пари на поединци кои дале најзначаен придонес за човештвото./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобранието има проблем со Бадинтеровото мнозинство,потврди собранискиот спикер ГашиСобранието има проблем со Бадинтеровото мнозинство, потврди собранискиот спикер Африм Гаши, откако десетина закони останаа заглавни поради не можноста да се обезбеди двојното мнозинство.. Гаши уверува дека се бара начин за надминување на разликите преку дијалог, но конкретно решение нема на повидок. Во моментов поради немање Бадентер тој не ги става на гласање законите за правична застапеност, за високо образование, за локална самоуправа, иако одмана ја имаат поминато целата собраниска процедура, а нов тест се очекува да биде и законот за висока раководна служба. -Јасно е дека во Собрание имаме проблем околу гласањето на закони за кои е потребно двојно мнозинство т.н Бадентерово, но за се во демкоратијата треба разговор, дијалог и треба да има решение. Јас лично заедно со сите пратеници разговараме, бараме начин како да ги надминеме овие разлики. Се надевам дека во блиска иднина ќе најдеме решение и ќе се договориме, ако треба закон по закон или концептуално. Како и да е, важно е Собранието да профункционира, изјави Гаши. Гаши пред медиумите го бранеше ставот со кој се произнесе за осудителната пресудата на Хашкиот суд за четворицата водачи на ОВК, откако минатата недела напиша дека за албанскиот народ овие лица се и остануваат ослободители на Косово. Неговата изјава како претседател на македонското Собрание предизвика многу реакции и дома, а беше прозван и од српскиот претседател Вучиќ, но тој изјави дека ставот бил личен и смета дека има право на тоа. -Личноста Африм Гаши не може да биде 24 часа и од политички аспект само претседател на Собранието. И затоа свесен дека не го кажувам тоа од позиција на претседател на Собрание, тоа беше мој личен став од моето политичко минато и затоа беше јасно дека и затоа беше јасно дека никаде не се повикав на Собранието или на институцијата. Затоа би сакал и вие и граѓаните да ме разберат дека тоа е мој личен став и не треба да се меша со функцијата која ја извршувам, изјави Гаши. Гаши информираше дека и на денешната координација со пратеничките групи била отворена темата за Изборниот законик, но засега партиите остануваат без консензус за ова прашање. Гаши од партиите се уште ги чека и предлозите за формирање на анкетната комисија што треба да ги истражи трагедиите Пулс, Модуларна, Ласкарци и Беса транс, а во меѓуврем очекува да се усвојат заклучоците за Кочани на постојаната анектна комисија за човеквои права која заседава уште лани во декември.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСедум години по трагедијата кај Ласкарци каде загинаа 16 патници во автобусот на Дурмо ТурсСедум години по трагедијата кај Ласкарци каде загинаа 16 патници во автобусот на Дурмо Турс, семејствата на загинатите и повредените сè уште чекаат конечна судска разрешница. По одлуката на Врховниот суд со која е укината пресудата за обвинетите и предметот е вратен на повторно одлучување пред Апелациониот суд, семејствата излегоа со писмо до јавноста. Велат дека одлуката ја примиле со неверување и чувство на неправда и дека дополнително ја нарушува довербата во правосудниот систем. -Сметаме дека ваквата одлука дополнително ја поткопува и онака сериозно нарушената доверба на граѓаните во правосудниот систем. Ова не претставува само неуспех на правосудниот систем, туку и сериозен удар врз целото општество,- - Писмо од семејствата на загинатите кај Ласкарци. Семејствата потсетуваат дека во меѓувреме дел од родителите кои ги загубиле своите деца не ја дочекале конечната судска разрешница. Тие бараат новата постапка да се води без понатамошно одолговлекување и одлуката да биде заснована на фактите и доказите изнесени во текот на судскиот процес. -Она што го бараме е правда заснована на фактите и доказите изнесени во текот на судскиот процес, кои недвосмислено укажаа на причините што доведоа до трагедијата и врз основа на кои беше утврдена одговорноста во првостепената постапка, а потоа и во второстепената, без понатамошно одолговлекување и без никакви компромиси во утврдувањето на одговорноста за изгубените човечки животи,- - Писмо од семејствата на загинатите кај Ласкарци. На 9 септември Врховниот суд ја укина пресудата на Апелација и предметот го врати на повторно одлучување. Во образложението подоцна наведе дека второстепениот суд не дал конкретни одговори на клучните жалбени наводи, ниту доволно објаснил како дејствијата на секој од осудените придонеле за трагедијата. Посочени се и прашањата околу техничката исправност на автобусот и вештачењата за причините за несреќата, како и тоа дека не било спроведено супервештачење за здравствената состојба на возачот. Сега Апелациониот суд повторно треба да ги разгледа жалбите и да донесе нова одлука. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат15:30Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваатМалопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит.Имајќи ги предвид влијанијата на погоре наведените елементи во формирањето на цените на нафтените деривати согласно Методологијата, утврдени се следните малопродажни цени на нафтените деривати: Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.09.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 99,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 101,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 5,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.09.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 104,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 7,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.09.2026 година 5 Изготвил: Јулијана Димоска-Исајловска и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 102,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,835 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.09.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 50,078 ден/кг. РКЕТагови: РКЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат15:30Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16