Њујорк Тајмс: Трамп одобрил воени удари врз Иран, но потоа го откажал

„Њујорк Тајмс“ објави дека американскиот претседател  Трамп одобрил воени напади врз Иран, во знак на одмазда за уривањето на американското беспилотно летало, но ненадејно  ја отповикал мисијата.

Весникот наведува дека по „интензивните разговори“ во Белата куќа - воените и дипломатските претставници очекувале во текот на ноќта воени удари врз Иран.

Официјални лица изјавија дека Трамп првично ги одобрил нападите врз неколку ирански цели, вклучувајќи радарски и ракетни батерии, објави „Њујорк Тајмс“, додавајќи дека тие требало да бидат непосредно пред зората на 21 јуни за да се минимизира ризикот за иранскиот воен персонал или за цивилите.

-Авионите веќе беа во воздух, а бродовите на своите позиции, но ниту еден проектил не е лансиран, кога стигнала пораката отстапете, изјавил за Њујорк тајмс висок претставник на Белата куќа.

Како што објави „ројтерс“, техеран бил предупреден за можниот напад од оман. Последните тензии следуваат ден откако Иран објави дека соборил американски шпионски дрон над своја територија, додека Вашингтон тврди дека тоа се случило во меѓународен воздушен простор.

Белата куќа се уште ниту ги потврдила, ниту ги демантирала ваквите тврдења. Неколку часа пред наводната операција, Трамп рече дека сите опции се отворени.

Курти ѝ се пожалил на американската државна потсекретарка за заканите од Србија кон Косово

Курти ја изрази својата загриженост поради постојаните закани на Србија кон косовската држава.

Косовскиот премиер, Албин Курти на денешната средба со потсекретарката за јавна дипломатија на Стејт департментот на САД, Елизабет Ален, која престојува во Косово, ја изрази својата загриженост поради постојаните закани на Србија кон косовската држава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти владината служба за информирање, Курти на средбата со Ален рекол дека „авторот и водач на терористичката и паравоена српска група“, која го изврши нападот во Бањска во северно Косово во септември минатата година, Милан Радоичиќ, сè уште е на слобода во Србија.

Косовскиот премиер изразил и жалење што барањето на Косово за членство во оваа институција не е ставено на агендата на Комитетот на министри на Советот на Европа за 17 мај.

„На средбата се разговараше и за односите меѓу Косово и Србија и за процесот на дијалог со посредство на Европската унија. По ова прашање премиерот Курти ја истакна важноста од целосно и безусловно спроведување на основниот договор и неговиот анекс. Во однос на патот на Косово кон евроинтеграциите, премиерот Курти изрази жалење што Комитетот на министри на Советот на Европа одби да го вклучи Косово во агендата за гласање на 17 мај, со оглед на тоа што Косово ги исполни сите критериуми за членство“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот.

Во текот на разговорот, Курти ја запознал Ален со „случувањата во земјата, напредокот во владеењето на правото, социјалните политики кои ги поддржуваат жените и децата, реформите во образованието со цел поврзување на образованието со пазарот на трудот, како и политиките и инвестициите во енергетиката“.

Курти изјави дека САД се сојузник и историски партнер на Косово и очекува зајакнување на меѓусебните односи во иднина, особено на полето на економијата и трговијата.

Пред да се сретне со Курти, американската дипломатка, Ален претпладнево се сретна и со претседателката на Косово, Вјоса Османи, со која потпиша договор за разбирање меѓу владите на САД и Република Косово, против манипулациите со информации од други држави. /МИА

Идентификувана точната локација на падот на хеликоптерот Раиси

 Командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) во Источен Азербејџан, Асгар Абасголизадех изјави дека ИРЦГ откриле сигнал од хеликоптерот и од мобилен телефон на еден од екипажот на местото на инцидентот.

- Во моментов, заминуваме со сите воени сили во областа и се надевам дека ќе им дадеме добри вести на луѓето, посочи Абасголизадех

Претходно, иранскиот заменик-претседател за извршни работи Мохсен Мансури изјави дека двајца патници од хеликоптерот со кој патуваше претседaтeлот Ебрахим Раиси, комуницирале со спасувачките сили.

Мансури истакна дека тоа значи оти несреќата најверојатно била со помал интензитет. /МИА

Се зголемува бројот на земји кои му нудат помош на Иран во потрагата по хеликоптерот на Раиси

Саудиска Арабија изрази подготвеност да обезбеди каква било помош за Иран по уривањето на хеликоптерот со кој патуваше иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

Во соопштението до саудиското Министерство за надворешни работи се наведува Кралството ги следи извештаите за несреќата со „голема загриженост“.

И Катар соопшти дела е подготвен да му помогне на Иран во потрагата по хеликоптерот.

Во меѓувреме и турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Иран „побарал техничка поддршка во потрагата“ и оти се разговара каква помош би можела да биде испратена што е можно поскоро.

- Се надеваме дека иранските власти, вклучително и иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи, Хосеин Амирабдолахиан, се здрави и здрави, се посочува во соопштението на турското МНР.

Претходно, Европската комисија на барање на Иран ја активираше услугата за сателитско мапирање за да помогне во лоцирањето на хеликоптерот на иранскиот претседател. Помош на Иран му понудија и Русија, Ирак и Азербејџан. /MИА

притисни ентер