Нивото на јаглерод диоксид на Земјата е највисоко во последните 3 милиони години - Канал 5

Нивото на јаглерод диоксид на Земјата е највисоко во последните 3 милиони години

Концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата повторно достигна рекордно ниво, се вели во денешниот извештај на ОН.

Нивото на јаглерод диоксид на Земјата е највисоко во последните 3 милиони години

Концентрацијата на јаглерод диоксид (CO2) во 2020 година бил за 149% повисока од прединдустриските нивоа, според годишниот билтен за стакленички гасови на Светската метеоролошка организација (WMO).

Иако пандемијата на „ковид-19“ предизвика привремен пад на новото ниво на емисија, тоа веќе нема забележително влијание врз стакленичките гасови во атмосферата. Наместо тоа, продолжи постепениот тренд на зголемување на стакленички гасови што е забележано во изминатата деценија, пишува CNN.

„Со сегашната стапка на зголемување на концентрациите на стакленички гасови, ќе имаме пораст на температурата до крајот на овој век што е далеку над целите на Парискиот договор од 1,5 до 2 Целзиусови степени над прединдустриските нивоа“, рече генералниот секретар на СМО, Петри Таалас.

„Јаглерод диоксидот останува во атмосферата со векови, а во океаните уште подолго. Последен пат оваа концентрација на CO2 била на Земјата пред 3-5 милиони години, кога температурата била за 2 до 3 ° C повисока, а нивото на морето за 10 -20 метри повисоко од сега.Но тогаш немаше 7,8 милијарди луѓе“, додаде Таалас.

Нивото на метан и азотен оксид исто така е на рекордно ниво, на 262% и 123%, во однос на нивоата од 1750 година.

„Мерењата на стакленички гасови се како почеток на сообраќајна несреќа. Катастрофата е сè поблиску и поблиску, но не можете да ја спречите“, вели Еуан Нисбет од Универзитетот Ројал Холовеј во Лондон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. 

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Луис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во Мексико

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата  на трката за Големата награда на Мексико, трка по која може да се промовира новиот шампион во најбрзиот циркус.  

Луис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во Мексико

Хамилтон, седумкратниот светски шампион кој вози за Ферари, беше најбрз, пред Џорџ Расел во Мерцедес и својот тимски колега Шарл Леклер во квалицфикациите пред Гран прито во Мексико.

Макс Верстапен е четврти, додека лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, заврши на петтото место, пред Ландо Норис.

Трката во Мексико е на програмата во недела во 21:00 часот во европско време, а се очекува дваесетгодишниот Италијанец токму во Мексико да ја потврди титулата.

Тој беше блиску до премиерната титула уште минатиот викенд, но сега е навистина тешко да се замисли сценарио во кое тој нема да ја заврши работата.

Антонели не зависи од никого. Доколку заврши на едно од првите девет места, ќе ја обезбеди титулата.

Дури и ако не освои ниту еден бод, сепак може да стане шампион, под услов Расел и Хамилтон да не остварат добар резултат.

До крајот од сезоната се очекува голема борба за местата на подиумот, бидејќи зад Антонели се наоѓаат Џорџ Расел со 242 бода, Луис Хамилтон со 241, Макс Верстапен со 236, Шарл Леклер со 233, па дури и Ландо Норис, кој има 211 бода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повозрасен скопјанец во својот дом нападнат и ограбен од двајца познаници

76-годишен скопјанец во својот дом бил нападнат и ограбен од двајца познаници. 

Повозрасен скопјанец во својот дом нападнат и ограбен од двајца познаници

-Денеска (01.11.2026) во 05:30 часот во СВР Скопје, К.П.(76) од скопско, пријавил дека на 31.10.2026 околу 21:15 часот во неговиот дом бил физички нападнат од две лица кои ги познавал. Притоа, едно од лицата го удрило со кундак од огнено оружје, по што двајцата му одзеле пари. информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер