МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
2МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
1Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство - едно семејство со хумана одлука спаси два човечки живота
СветНиту американска ниту иранска делегација не отпатува на разговори во ИсламабадДоговорот за прекин на огнот помеѓу САД и Иран истекува за еден ден, а Вашингтон и Техеран тврдат дека се подготвени за продолжување на војната.И покрај најавите дека американска и иранска делегација ќе допатуваат во Исламабад на втор круг преговори, тие досега не пристигнаа во Пакистан. Си-ен-ен (CNN) повикувајќи се на неименувани извори објави дека засега е одложено патувањето на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс за Исламабад. Изворите тврдат дека Венс пристигнал во Белата куќа на состанок за следните чекори на американската администрација, на кој присуствуваат и државниот секретар и министерот за одбрана, Марко Рубио и Питер Хегсет. Претходно, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмил Багаи за државната телевизија ИРИБ изјави дека сè уште не е донесена конечна одлука дали Иран ќе учествува на мировните преговори со САД. - Причината е јасна, ова не е прашање на неодлучност. Се соочуваме со контродикторни пораки, недоследно однесување и неприфатливи потези од страна на САД, наведе Багаи. Тој потенцира дека „дипломатскиот процес мора да биде ориентиран кон резултати“ и кога Иран ќе процени дека условите се исполнети „ќе ја донесе потребната одлука“. Во меѓувреме и двете страни тврдат дека се подготвени за продолжување на војната, а примирјето истекува в среда по американско време односно четврток по иранско време. Американскиот претседател Доналд Трамп за Си-ен-би-си (CNBC) изјави дека Иран „нема избор освен да испрати“ претставници во Пакистан на разговори со САД. Тој одговарајќи на прашање дали ќе го продолжи примирјето ако биде постигнат договор во преговорите, истакна: „Не сакам да го направам тоа“. - Очекувам дека ќе бомбардираме, бидејќи тоа би бил подобар пристап, истакна Трамп. Тој додаде дека американската армија го искористила примирјето за да ја надополни опремата и оти е подготвена да ги продолжи нападите врз Иран. Според него, Иран малку ги обновил своите резерви оружје. - Вооружени сме до заби. Имаме толку многу муниција, толку многу од сè … Подготвени сме. Армијата е нетрпелива да започне, наведе Трамп. По изјавата на Трамп, иранската новинска агенција Тасним објави дека Техеран е „целосно подготвен за можноста од повторно избувнување на војната“. Според Агенцијата. Иран е подготвен за прераспоредување на воените сили, има список со цели и е спремен за нови изненадувања.Тагови: делегација Исламабад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево и многу топло со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Во четврток и во петок попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и наместа појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица времето ќе биде стабилно, а дневната температурата ќе биде во постепен пораст. УХМРТагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработенитеМинистерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги.Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и, во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до привремен прекин во остварувањето на правата од здравственото осигурување. По преземените активности, состојбата е нормализирана и овозможено е непречено користење на правата од здравственото осигурување за вработените во Министерството за внатрешни работи. МВР и Фондот за здравствено осигурување ќе продолжат со координирани активности за изнаоѓање системско решение кое ќе овозможи во иднина непречено функционирање на здравственото осигурување и навремено остварување на правата од здравственото осигурување за сите вработени.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаАндраш Бака, судијата што му се спротивстави на Орбан е нов претседател на УнгаријаУнгарскиот парламент попладнево го избра поранешниот претседател на Врховниот суд, Андраш Бакa, за нов претседател на земјата..Бака беше избран на оваа претежно церемонијална позиција со гласовите на владејачката десничарска партија тиса, а пратениците од опозициската ФИДЕС не гласаа. Претседателската функција остана празна минатиот месец по разрешувањето на Тамаш Суљок, кој беше голем сојузник на Орбан. Бака во 2012-та беше разрешен од позицијата прв човек на Врховниот суд, откако јавно го критикуваше потегот на тогашниот премиер за намалување на старосната граница за пензионирање на судиите. Западните медиуми пишуваат дека неговиот мандат претставува симболичен чекор во напорите на премиерот Петер Маѓар да ги демонтира упориштата на моќта на Орбан. Тагови: Андраш Бака Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook