Ништо од новата Лада Нива: Заминувањето на Рено од Русија го запре проектот - Канал 5

Ништо од новата Лада Нива: Заминувањето на Рено од Русија го запре проектот

Новата Нива требаше да се продава во две должини на каросеријата, на неколку пазари, вклучително и цела Европа.

Ништо од новата Лада Нива: Заминувањето на Рено од Русија го запре проектот

Како сопственик на рускиот АвтоВАЗ, Рено активно работеше на новата генерација на Лада Нива, легендарниот теренец. Сепак, по рускиот напад на Украина, Французите се повлекоа од АвтоВАЗ и така работата на новата Нива беше прекината.

Рено имаше две големи деловни единици во Русија. Рено Русија беше продаден на градот Москва, додека 67,69% од АвтоВАЗ, во сопственост на Французите, беше купен од Централниот институт за истражување и развој на автомобили и мотори НАМИ.

Француската компанија не ги откри износите на овие трансакции, но неколку извори споменуваат симболична цена за секоја од нив.

АвтоВАЗ е матична компанија на брендот Лада. Договорите за продажба на руските активности на Рено му даваат можност на францускиот производител да го откупи својот имот во рок од шест години.

Пред нешто повеќе од една година, Рено објави дека сака да ги спои брендовите Дачија и Лада во иста деловна единица, наведувајќи дека двете компании ќе останат одвоени со свои брендови, своја историја и стратегија.

Групацијата Рено развиваше нова генерација на Лада Нива, а новиот автомобил требаше да биде претставен во 2024 година.

Новата Нива требаше да се продава во две должини, на неколку пазари, вклучувајќи ја и цела Европа.

Големото растојание од подлогата, погонот на сите тркала и менувачот со редуктор беа на програмата на овој теренец, како и можноста за електрификација на погонот во согласност со еколошките стандарди на Европската унија.

Сега сето тоа падна во вода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче за 25 години од Охридскиот договор: Соживот, а не поделби и омраза

По повод 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача дека договорот е темел на мирот, соживотот и демократската иднина на државата. 

Филипче за 25 години од Охридскиот договор: Соживот, а не поделби и омраза

Филипче нагласи дека Македонија е заеднички дом на сите граѓани и дека различностите треба да бидат наша сила, а не алатка за политички поделби и ширење омраза, но денес, наместо да се негуваат вредностите на мирот, дијалогот и меѓусебното почитување, власта на Мицкоски повторно ги разгорува поделбите и создава атмосфера на страв и омраза.

„Денеска одбележуваме 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој беше ставен крај на вооружениот конфликт во 2001 година и се потврди територијалниот интегритет и демократската иднина на Македонија.

Токму најголемата сила на нашата држава е во тоа што е заеднички дом на Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други наши граѓани. Различностите се дел од нашето општество и наша обврска е да ги негуваме како вредност, а не да ги користиме за политички поделби.

Охридскиот рамковен договор е потсетник дека мирот, дијалогот и компромисот се секогаш посилни од конфликтот, поделбите и омразата. По 25 години, сите имаме должност да ја градиме иднината на Македонија низ соживот, еднаквост и меѓусебно почитување – а не со поделби, навреди и омраза.

Но токму во овие денови го гледаме спротивното. Криминалната група ВМРО и Мицкоски ја водат класичната кампања на Ванчо Михајлов - кампања за ширење омраза и поделби. Народот го нарекуваат „талог“.

Ги делат граѓаните. Создаваат непријател. Сеат страв. Додека зборуваат за мир и соживот, во пракса прават сè за да го уништат. Македонија заслужува да биде просперитетна, интегрирана држава - дел од Европа, каде секој граѓанин ќе се чувствува сигурен во сопствената земја. Не со поделби. Не со омраза. Не со етикети како „талог“. Со вистина, со правда и со достоинство“, посочи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на измами

Превентивна активност на тема „Носи кацига“

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на измами

Денеска (13.08.2026), полициски службеници од Отсекот за превенција на СВР Тетово реализира превентивна активност на тема „Носи кацига“, насочена кон возачите на мопеди, мотоцикли и електрични тротинети, на кои им беше укажувано за обврската и потребата за носење на заштитен шлем, напоменувајќи им дека секој учесник во сообраќајот е еднакво одговорен како за својата, така и за безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. Превентивни активности за безбеден сообраќај спроведоа и полициски службеници од СВР Штип во Кочани, Штип, Пробиштип и Делчево. Овие активности имаат за цел да се зголеми нивото на сообраќајна култура и да се намали бројот на сообраќајни незгоди.

Отсекот за превенција при СВР Куманово, пак, во Куманово спроведе превентивна активност со цел информирање на граѓаните како да се заштитат од измами, особено при купување огревни дрва. На граѓаните им беше сугерирано да бидат внимателни, особено доколку некој им нуди огревни дрва по значително пониски цени, затоа што може да бидат жртви на измама, односно да не ги добијат дрвата кои ги платиле.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во текот на изминатото деноноќие 14 лица лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возило

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Во текот на изминатото деноноќие 14 лица лишени од слобода поради безобѕирно управување моторно возило

Од нив, 10 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, од кои тројца малолетници. Додека, кај еден од возачите била пронајдена и бела прашкаста материја. Три лица управувале возило под дејство на алкохол, при што едно од нив учествувало во сообраќајна незгода. Едно лице управувало возило во спротивен правец во еднонасочна улица. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Министерството за внатрешни работи апелира сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат моторно возило без возачка дозвола, доколку имаат изречена мерка за забрана за управување, ниту под дејство на алкохол. Одговорното однесување во сообраќајот е заедничка обврска и клучен предуслов за поголема безбедност на сите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер