Ништо не остана од Лексусот по страшната несреќа на илегална тинејџерска трка (ВИДЕО)

Лексус не треба да биде првиот избор во трките за забрзување, особено не SUV. На Флорида за малку е избегната катастрофа на илегална брзинска трка на двајца тинејџери.

Трката била организирана на јавна сообраќајница од локални тинејџери и снимена од надзорна камера. Бидејќи патот е премногу тесен за по него да возат две возила паралелно, едното со голема брзина заврши на тревата, по што возачот ја изгуби контролата. Луксузниот Lexus е катапултиран и по неколку превртувања заврши на покрив.

Според локалните медиуми, двајцата тинејџери се повредени, но никој не бил во животна опасност.


притисни ентер