3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
АвтомобилизамНисан престанува со продажба на „дизелаши“ во ЕвропаНа местото на дизел моделите доаѓаат електричните опции.Јапонската автомобилска компанија Нисан постепено ќе престане со продавање на дизел автомобили во Европа., изјави портпаролот на компанијата. Според Ројтерс тоа е најновиот сигнал за се послабата побарувачка за ваков вид на автомобили во време кога купците се загрижени поради зголемувањето на данокот и можната забрана за дизел возила во многу земји, посебно Германија. -Во овој момент поради огромниот број на купувачи на модерните дизел мотори , ќе продолжиме да испорачуваме возила со ознаката на Нисан. Во Европа каде нашата продажба на дизелаши е сконцентрирана, ние со електрификацијата полека ќе ги истуркаме дизелашите, се со цел да ги претставиме новите верзии на автомобилите, изјави за Ројтерс портпаролката на компанијата. Инаку во цела Европа е забележан голем пад на продажбата на дизел автомобили. Посебно се неверојатни информациите од Германија, каде продажбата на нови дизелаши во март годинава паднала за цели 25 проценти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧелниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
МакедонијаРистовски: Го решивме проблемот што 12 години го кочеше македонското пливањеПо повеќе од 12 години, македонското пливање конечно исплива на површина. Националната пливачка федерација (НПФ) со поддршка од Министерството за спорт, го надмина долгогодишниот проблем со блокираната сметка и целосно се враќа во функција. Решавањето на овој проблем е значаен чекор кон финансиска и организациска стабилизација на Федерацијата и создавање услови за понатамошен развој на македонското пливање. На денешната прес-конференција, на која присуствуваа министерот за спорт, Борко Ристовски, и претседателот на Националната пливачка федерација, Сашо Лазаревски, официјално беше соопштено дека обврските се исполнети и проблемот е надминат. „По речиси една и пол година од состанокот што го имавме во Министерството за спорт и кој за македонското пливање значеше тргнување од мртва точка, еве денеска имаме уште поконкретен резултат. Секој си ги исполни зацртаните задачи во рамките на своите ингеренции и тоа донесе резултат. Обврската на Министерството за спорт и на Владата беа да се обезбедат средства и да се одблокира сметката на Федерација што беше блокирана 12 години и ние тоа во целост го исполнивме. Обврската на Националната пливачка федерација и на претседателот Сашо Лазаревски беше да обезбедат непречено функционирање, сите клубови да бидат во една федерација, да нема поделби и проблеми како претходно. Пливањето ќе ја има нашата поддршка затоа што во федерацијата има луѓе кои се посветени и одговорни, искрено го сакаат спортот и сакаат да напредуваат и сигурен сум дека во иднина ќе имаме уште поголеми успеси во овој спорт“ – рече министерот Борко Ристовски. Министерот за спорт истакна дека решавањето на долгогодишниот проблем е важен чекор кон враќање на стабилноста и создавање нови перспективи за македонското пливање. Во насока на долгорочно унапредување на пливањето, Министерството за спорт, во соработка со општините и раководството на НПФ, работи на создавање услови дел од базените што ги гради државата да бидат предадени на управување и користење на Федерацијата. „Нашата обврска како Министерство за спорт е да ги отстрануваме пречките што го кочат спортот и да создаваме услови во кои спортистите ќе можат да напредуваат и да остваруваат резултати. Ова е важен чекор, но продолжуваме и со конкретни мерки за подобрување на спортската инфраструктура и условите за тренинг. Во таа насока е и новиот модел на стопанисување со спортските објекти што ги гради државата. Еден од новите базени веќе е предаден на управување на Националната пливачка федерација, а наскоро ќе биде завршена процедурата за уште два други, сѐ со цел спортистите да добијат подобри услови за работа, со овие спортски објекти правилно да се стопанисува и тие во целот да ја исполнат својата намена“ - посочи Ристовски. Овој пристап има за цел да овозможи подобро искористување на спортската инфраструктура, поголема достапност на базените за пливачите, за Федерацијата и за клубовите и создавање подобри услови за развој на младите таленти. Претседателот на Националната пливачка федерација, Сашо Лазаревски, изрази благодарност за поддршката и добрата соработка со Министерството за спорт и најави почеток на нова ера за македонското пливање. „Со огромно задоволство сакам да соопштам дека заедно со Министерството за спорт успеавме да исполниме сите задачи што ги поставивме пред една и пол година и дека Националната пливачка федерација сега работи со одблокирана сметка,функционира одлично обединета и сите клубови заедно работат на тоа. Благодарност до министерот за спорт кој даде ветување и се заложи за нашата федерација, благодарност и до Владата која изнајде средства и начин да ни помогне и еве денеска ние започнуваме една нова ера“ – рече Лазаревски. Со решавањето на проблемот со блокираната сметка и со активностите за подобрување на инфраструктурните услови, Министерството за спорт продолжува со поддршката на македонското пливање и со заложбите за негова стабилизација и враќање на патот кон нови спортски успеси. Министерство за спортТагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧелниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
БалканСудири со полицијата, повредени и барања за оставка на Рама на протестите во ТиранаНасилството продолжи на улиците во Тирана. За време на вчерашните протести повредени биле двајца демонстранти и двајца полицајци.Судирите избувнаа пред министерството за образование, откако демонстрантите почнаа да фрлаат камења кон полицијата, која возврати со солзавец. Протестите предводени од студентите траат веќе 13 дена. Првично беа поттикнати од незадоволството од состојбите во образованието, високите трошоци за живот и ограничените можности за вработување на младите. Движењето прерасна во антивладини демонстрации, при што се бара оставка од премиерот Рама, кој во неколку наврати повика на дијалог, но демонстрантите тие понуди ги одбија. Тагови: Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаХристијан Мицкоски во „Само Интервју“Во четврток во „Само интервју“ гостува премиерот Христијан МицкоскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter