Нисан го претстави атрактивниот Max-Out (ВИДЕО) - Канал 5

Нисан го претстави атрактивниот Max-Out (ВИДЕО)

За разлика од повеќето други производители, Nissan сè уште ја одржува во живот идејата за кабриолет.

Нисан го претстави атрактивниот Max-Out (ВИДЕО)

Има сѐ помалку и помалку кабриолети, особено во многу попристапната гама, што не е изненадувачки со оглед на помалиот интерес за оваа верзија на каросеријата. Последниот топлес Нисан беше родстерот 370Z, а го нема од 2019 година.

Во 2021 година, Nissan го покажа концептот во дигитална форма, а сега на настанот Nissan Future го покажа во физичко издание. Неговото име е Макс-Аут, а се уште нема информации за него. „Дизајниран да обезбеди ослободувачко чувство на отвореност, притоа нудејќи подобрено, динамично искуство во возењето“, се вели во официјалното соопштение, кое исто така нагласува дека иновацијата на Nissan вклучува создавање напредни возила со високо влијание кои имаат корист за поединецот, но и за општеството.

Јасно е дека се работи за електричен кабриолет, а дизајнерскиот лајтмотив е 3Д ефектот што го наоѓаме на предната табла, на задната страна и во изведбата на самите тркала. Оптичката илузија е видлива и во кабината со две „лебдечки“ седишта и осветлена решетка. Има и модерен „јарем“ волан, а впечатокот ќе го надополни поголем дигитален кокпит.

YouTube video

Секако, не треба да се очекува ништо слично во масовното производство. Ќе биде добро ако Nissan конечно воопшто понуди кабриолет. Веќе се најавени неколку електрични модели, но се сомневаме дека има место за нешто такво меѓу нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левица со задкулисните игри го блокираат напредокот на државата

СДС, ДУИ и Левица со задкулисните игри го блокираат напредокот на државата, тоа што не се донесе Изборниот законик е доказ дека опозицијата не е за реформи туку за опструкции.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левица со задкулисните игри го блокираат напредокот на државата

Тоа што не се донесе Изборниот законик е доказ дека СДС, Левица и ДУИ, го блокираат напредокот на државата, а политичките игри им се пред интересот на граѓаните.

Недонесувањето на новиот Изборен законик е уште еден доказ дека СДС, Левица и ДУИ се подготвени да го блокираат секој процес што значи напредок за државата, само заради сопствени политички интереси.

Изборниот законик не е прашање на дневна политика, туку важен реформски процес. Неговото донесување е потребно за усогласување со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, за исполнување на обврските од Реформската агенда и за обезбедување дополнителен напредок и придобивки за граѓаните.

Македонија успешно реализираше 9 од 10 реформи од Реформската агенда. Единствената пречка е блокадата предводена од СДС, Левица и ДУИ.

Однесувањето на СДС, ДУИ и Левица покажува дека кога имаат можност, наместо да работат за државните интереси, избираат опструкции и политички калкулации. За нив поважна е партиската стратегија отколку напредокот на Македонија и придобивките за граѓаните.

СДС, ДУИ и Левица наместо да преземат одговорност и да придонесат за донесување на закон што е во интерес на сите, тие се обидуваат да создадат политичка драма и да се претставуваат како жртви.

Граѓаните треба да знаат кој го кочи развојот и кој работи против реформите. Пропуштената можност за навремено усвојување на Изборниот законик значи и ризик од губење на дополнителни средства и можности од Планот за раст.

Политичките игри на СДС, ДУИ и Левица нема да го спречат патот на реформите. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за напредокот на државата, а одговорноста за блокадите останува кај оние што ги предизвикуваат.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Македонија се потврдени 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози

Во Македонија се потврдени 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози, со што вкупниот број на регистрирани жаришта од почетокот на годината достигна 17.  

Во Македонија се потврдени 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози

Според Агенцијата за храна и ветеринарство, новите случаи се регистрирани во Македонска Каменица, Чешиново–Облешево Бигла и Косевица -Делчевско, Малино -Свети Николско, Сопот како и во селото цера.

Од институцијата нагласуваат дека болеста не претставува опасност за луѓето, но предизвикува сериозни последици врз сточарството. Досега се усмртени повеќе од 1.400 животни, а постапката продолжува и во новопотврдените жаришта. Во текот на вчерашниот ден беше спроведена депопулација и на заразеното одгледувалиште во селото Сопот, Куманово.

АХВ воведе низа заштитни мерки за спречување на ширењето на болеста. Забрането е движење и транспорт на овци и кози во заштитните зони, освен во строго контролирани случаи за колење во одобрени кланици. Воедно, на целата територија на државата е забранета работа на добиточните пазари за овци и кози, како и организирање изложби и други собири на овие животни.

-Сопствениците се должни секој сомнеж за заболување или угинување на животни да го пријават во рок од 24 часа до надлежното ветеринарно друштво или официјалниот ветеринар- апелираат од АХВ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

48. Традиционален илинденски коњички марш – коњаниците повторно тргнуваат од Горно Лисиче кон Крушево

Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на големиот државен празник – 2 Август, Илинден.

48. Традиционален илинденски коњички марш – коњаниците повторно тргнуваат од Горно Лисиче кон Крушево

Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на големиот државен празник – 2 Август, Илинден во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“.

На 27 јули (понеделник), со почеток во 18:00 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, ќе тргнат кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои.

На 31 јули, коњаниците од Горно Лисиче ќе се обединат со учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола, испраќајќи силна порака за единство, почитување на традицијата и зачувување на македонското историско наследство.

Општина Аеродром упатува покана до сите граѓани да бидат дел од свеченото испраќање и заедно да им оддадеме почит на илинденците, чија жртва и идеали и денес претставуваат симбол на слободата, единството и државноста на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер