ЖивотТајсон Фјури на 16 годишната ќерка за свадбен подарок ѝ дал 6 милиони евра- таа решила да живее во приколка Тешко е да се замисли поекстравагантен свадбен подарок од оној што Тајсон (37) и Парис Фјури (36) ѝ го дадоа на својата најстара ќерка Венецуела.Гордите родители ѝ дадоа на 16-годишната миленичка и на нејзиниот нов сопруг, аматерскиот боксер Ноа Прајс (19), неверојатни шест милиони евра во готово за да го „турнат“ својот живот заедно. Сепак, иако младенците се „на деветти облак“, овој потег предизвика поделени реакции во самото семејство. Некои членови на семејството веруваат дека тоа се премногу пари за толку млад пар и дека чувствата се мешани, но Тајсон и Парис се тие што одлучуваат - откри извор за „The Sun“. Свадбата, која се одржа минатиот викенд на островот Ман, беше олицетворение на луксуз. 16-годишната невеста, која го напушти училиштето пред пет години за да стане инфлуенсерка, носеше луксузна венчаница „сирена“ со шлеп долг дури 15 метри. Само фустанот чинеше неверојатни 40.000 фунти. Декорацијата вклучуваше 10.000 сини хортензии, тортата беше гигантска, а гостите ги забавуваше познатиот пејач Питер Андре, близок пријател на „Кралот на Ромите“. Она што најмногу ја шокираше јавноста беше одлуката на младата Венецуела, и покрај милионите на нејзината сметка, да ја напушти вилата на своите родители вредна 8 милиони фунти и да се пресели во статична приколка во Јоркшир. Причината е традицијата. Имено, Венецуела сака да го започне брачниот живот на традиционален „патувачки“ начин, исто како што правеа нејзините родители пред Тајсон да натрупа богатство проценето на 146 милиони долари. Таа сака да се грижи за домаќинството додека Ноа оди на работа. Нејзините родители го одобруваат тоа бидејќи и самите започнале така - вели извор близок до семејството. Покрај милионската свадба, Тајсон и Парис им платија на младенците и луксузен меден месец на тајна локација, до кој отпатуваа веднаш по церемонијата од аеродромот во Манчестер. Да потсетиме, Тајсон и Парис Фјури имаат седум деца, а Венецуела е најстарото. Двојката е позната по тоа што се држи до своите корени и традиции, и покрај огромното богатство што Тајсон го стекнал за време на неговата боксерска кариера.Тагови: приколка Тајсон Фјури Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБесплатни униформи за 7.500 ученици во Општина АеродромОпштина Аеродром и оваа учебна година обезбеди 7.500 бесплатни училишни униформи за учениците од основните училишта на територијата на општината. Униформите до 20 септември ќе бидат поделени во сите основни училишта.Со обезбедувањето на бесплатните униформи, Општина Аеродром продолжува да создава еднакви услови за сите ученици, а воедно им овозможува и значителна поддршка на семејствата при почетокот на новата учебна година. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска го посети ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, каде што на учениците им ги додели бесплатните училишни униформи. Униформите за секој ученик се состојат од две поло-маички, две блузи со долги ракави и еден дуксер, со што се обезбедува комплетна гардероба за потребите на учениците во текот на учебната година. Проектот е дел од континуираните активности на Општина Аеродром насочени кон унапредување на условите во основните училишта и создавање современа, уредна и еднаква училишна средина за сите деца. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотСекој петти адолесцент бил сексулано вознемиран во дигиталнииот просторСекој петти адолесцент во светот бил изложен на сексуално вознемирување и злоупотреба во дигиталниот простор во текот на изминатата година, потврдува новиот глобален извештај на УНИЦЕФ спроведен во 21 земја.Овие загрижувачки наоди покажуваат дека интернетот сè повеќе станува небезбедна средина за најмладите, а посебно предупредување упатува фактот што сторителите на ваквите дела во голем број случаи не се непознати профили, туку лица од нивното непосредно или пошироко опкружување. За родителите и семејствата ваквите податоци значат итен повик за будност и преиспитување на дигиталните навики во домот. Експертите укажуваат дека алгоритмите на популарните социјални мрежи системски го задржуваат вниманието на малолетниците, вовлекувајќи ги во појавата позната како „думскролинг“, односно непрекинато следење на вознемирувачки содржини што директно го зголемува ризикот од тешки психолошки состојби, анксиозност и депресија.Тагови: адолесцент Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаСДСМ: Задолжување како никогаш досега - Мицкоски ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долгСе потврди сè што СДСМ предупредуваше во изминатите месеци – пари во буџетот нема, касата е празна, а Владата повторно посегнува по нови долгови.Владата на Мицкоски усвои ново задолжување од 1,3 милијарди евра. Задолжување како никогаш досега. Со ова, за само две години, власта ја задолжува државата со околу 4 милијарди евра нов долг. Тоа е огромно задолжување кое ќе го плаќаат граѓаните, нивните деца и идните генерации. Со ова, 2026 година ќе заврши со околу 12 милијарди евра долг, односно над 65% од БДП. Наместо кај граѓаните парите завршуваат во криминални тендери. Минималните трошоци за едно четиричлено семејство за две години пораснаа за околу 9.000 денари, а минималната плата само за околу 3.500 денари. Работниците со минимална плата реално живеат полошо а Мицкоски одбива минималната плата да се зголеми на 600 евра. Буџетот денес е околу 7 милијарди евра. Од повеќе пари народот не добива ништо. Нема пари за повисоки плати, нема пари за повисоки пензии, дури и парите од вториот столб сакаат да им ги украдат на пензионерите. Нема мерки за помош на граѓаните. Нема мерки кои ќе го запрат растот на цените. Ништо нема за народот, само нови долгови. Во последниот ребаланс на Буџетот не е предвидено ова ново задолжување од 1,3 милијарди евра. Кочоска како извршител на Мицкоски треба да знае дека за незаконско постапување спротивно на Законот за Буџет следува и кривична одговорност и затворска казна. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter