Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава
Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија
1Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава
2Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија
АвтомобилизамВо фабриките на БМВ автомобилите возат без возач (ВИДЕО)Во фабриките на БМВ и Мини автомобилите ќе се возат без возачи.Во очекување на целосно автономни возила на патиштата низ Европа, се спроведуваат ограничени пилот програми. Еден од нив е оној во погоните на БМВ кој трае цели две години. BMW воведе систем за автономно возење во своите фабрики во Динголфинг и Лајпциг за да ја зголеми продуктивноста. Напредниот систем за автономно возење се тестира од 2022 година. Првично започна на моделите од Серија 5 и Серија 7, а се работи за автономно возење меѓу две сали на рута долга повеќе од еден километар. Интересно е што системот работи на сите модели, без разлика на инсталираната опрема. Тоа е затоа што Lidar сензорите се поставени долж патеката и работат заедно со надворешен планер за движење и модел на околина што го контролира движењето на возилото. Пилот програмата во Динголфинг штотуку заврши и влегува во сериска фаза. Фабриката во Лајпциг, пак, користи систем за автономно управување во фабриката на 90 отсто од единиците произведени во фабриката. Ова ги вклучува фабричките модели на BMW и Mini. Следната година BMW ќе го воведе системот во своите производствени капацитети во Регенсбург и Оксфорд. Новата фабрика во Дебрецен, Унгарија, исто така ќе ја користи технологијата кога ќе започне со сериско производство. „Автономното управување во фабриките го оптимизира нашиот производствен процес и носи значителни придобивки во ефикасноста за нашата логистика“, рече Милан Недељковиќ, член на одборот на BMW одговорен за производство. „Затоа брзо ќе ја воведеме оваа технологија во нашата производна мрежа“, продолжи тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјаваДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација. Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.Тагови: Везилка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на СрбијаМинистерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација. По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите. Кабинет на Министер за Јавна АдминистрацијаТагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДиректорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново СелоВчера (23.06.2026) директорот на БЈБ Јанев оствари работни посети во Струмица, Полициското одделение Ново Село и Граничниот премин Ново Село, каде се запозна со состојбите и предизвиците на полициските службеници на терен.На средбите беше разговарано за безбедносната состојба, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за спречување на прекуграничниот криминал. Посебен акцент беше ставен на унапредување на условите за работа, техничката опременост и зајакнување на координацијата со надлежните служби и соседните држави. Беше истакнато дека ГП Ново Село е важна точка за проток на патници и стоки, при што останува приоритет обезбедување на ефикасна, професионална и безбедна услуга за граѓаните.Тагови: БЈБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook