МакедонијаНиколовски: Приходите од царина зголемени за 15,2 проценти, од акциза за 7,1Приходите од царина зголемени за 15,2 проценти, од акциза за 7,1, а од данокот на моторни возила за 17 отсто.Сузбиени организирани криминални мрежи кои вршеле криминални дела со над 230 употребувани автомобили, 230 килограми дрога и 600 килограми анаболици, спречен обид за криумчарење на половина милион евра вредно злато, 30 килограми сребро, над 200 килограми лекови и над 10 илјади килограми суплементи, 400 илјади парчиња цигари и пури. Во 94 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост запленети 180 илјади парчиња стока. Ова се само дел од резултатите што ги реализирала Царинската управа во изминатата година што денеска ги презентираше директорот Бобан Николовски на настанот „Една година резултати“. Спречени се прекршочни и кривични дела при што евидентирани се вкупно 520 случаи на заплени или двојно повеќе од годината претходно. Поднесени се и 181 кривична пријава за сторени кривични дела против 307 физички и 99 правни лица или, како што нагласи, за четири ипол пати повеќе споредбено со годината претходно кога биле поднесени 42 кривични пријави. -Ова се историски резултати кои што ќе се паметат во историјата на Царинската управа, истакна Николовски. Вели дека измината година по направена анализа на состојбите во институцијата работеле на иницирање итни, но одржливи и видливи промени, за поуспешно работење, поголема безбедност, борба против корупцијата, разбивање на организирани криминални мрежи, спречување на криумчарење. Имало зголемени контроли, зголемената професионалност на службите, унапредување на царинските процеси, но и подобрената соработка со компаниите, што, како што рече, резултирало со повисока наплата на приходи во Буџетот. -Тргнавме силно уште од првиот месец. Денеска Царинската управа претставува еден од главните столбови на кои се потпира државата, симбол за просперитет, симбол за безбедност, рече Николовски. Зголемените контроли, зголемената професионалност на службите, унапредувањето на царинските процеси, но и подобрената соработка со компаниите, според него, резултирале со повисока наплата на приходи во Буџетот. -Така во текот на изминатиот период од една година наплативме приходи во висина од над две милијарди евра или речиси 105 милиони евра повеќе од истиот период претходно. Раст на приходите има по секој основ. Приходите од царина бележат раст од 15,2 проценти, од акциза од 7,1 процент, а приходите од данокот на моторни возила бележат раст од 17 проценти. Ова претставува сериозен износ што се влева во Буџетот за повеќе капитални инвестиции, што ја раздвижаа економската активност и водат до повисок економски раст, нагласи Николовски. На сите гранични премини и гранични терминали, ставен е во функција системот за видео надзор и систем за препознавање на регистарски таблички, еден од најсовремените во Европа, при што снимките од системите претставуваат и веќе се користат како доказен материјал во предистражни постапки на Царинската управа, како и други истражни органи. Според директорот на Царинската управа, напредокот во борбата против корупцијата е веќе мерлив и признаен. - Годинава ДКСК во извештајот за 2024 година не оцени на високо петто место од вкупно 72 институции во спроведување на политики за интегритет, при што особено се забележани подобрувања во делот на идентификуваните точки на ризици од корупција, како и преземени конкретни чекори за спречување судир на интереси меѓу кои и изречени дисциплински, но и откази за царински службеници кои постапувале спротивно на законите, рече директотот на Управата. Во изминатиот период, нагласи Николовски, заеднички покажавме дека институциите можат да бидат двигател на позитивни промени кога се водат со визија, а тимската работа е ставена во прв план. -Не зборуваме веќе за индивидуални успеси – Царинската управа стана симбол на институционален капацитет што колективно испорачува резултати, рече Николовски. На настанот присуствуваат и премиерот Христијан Мицкоски, министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Трајко Славески, вицепремиери, министри, директори, пратеници, претставници на бизнис заедницата. Тагови: царина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешко во сосВо вторник (10.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Браќа Нуне.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. пилешко филе 150 гр. свежи печурки 100 мл. павлака за готвење 100 мл. масло 50 гр. путер 1 лажица путер од кикиритки сол, бибер и сув зачин Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Тони Менкиноски и Јован ДеспотовскиВечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Тони Менкиноски и Јован ДеспотовскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
ЖивотУбава, но и опасна фризура која доведува до опаѓање на косатаСобраната коса во цврсто опавче или пунџа е чест избор на многу жени. Ваквото минималистичко обликување на косата одговара на многу модни комбинации, но стручните лица предупредуваат на што да се внимава за да не изгубите дел од косата. Залижаната коса наназад, т.н. slick back, е редовен избор на припадничките од поубавиот пол. Овие фризури се практични, уредни и ги нагласуваат цртите на лицето. За измазнување на фризурата, најчесто се користат гелови, креми за стилизирање и четки со густи влакна, кои помагаат да се измазни и зацврсти непослушната коса. Но, експертите за нега на коса предупредуваат дека честото практикување на ваков тип фризура може да доведе до проретчување на косата долж линијата на челото. „Ризикот кај цврсто зачешланата коса е тракциска алопеција, односно губење на косата долж линијата на челото и на слепоочниците предизвикано од постојано влечење на фоликулите“, објаснува експертот за нега на коса Тина Муи за „Њујорк пост“. Губењето на косата не се случува преку ноќ, туку е резултат на често и постојано врзување на косата наназад. Според експертите, ваквите фризури можат да придонесат до ќелавост, но тие обично не се главната причина. Во последните години, забележан е пораст на губењето на косата кај жените од сите возрасти. Хормонската или нутритивната нерамнотежа, стресното секојдневие, болест, губење на тежината (вклучително и она предизвикано од лекови) или хроничен недостаток на сон, исто така можат да го нарушат циклусот на раст на косата и да доведат до нејзино засилено опаѓање. Фризурите кај кои косата е зачешлана наназад – доколку се носат премногу често, или премногу затегнато, можат да предизвикаат кршење на влакната, губење на густината или постепено повлекување на линијата на косата наназад. Затоа, експертите советуваат да се намали затегнувањето при собирање на косата. „Олабавете ја фризурата, не го влечете коренот и бидете нежни при чешлањето или стилизирањето. Ако чувствувате болка, пецкање или иритација на скалпот, пуштете ја косата“, советува Шаина Рејнфорд, сопственичка на бренд за нега на коса. Токму пронаоѓањето рамнотежа помеѓу посакуваниот изглед и здравјето на косата е клучно во одржување на нејзиниот квалитет и густина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter