Николовски од Велес: Минималната плата ја качивме на 14.500 денари, ќе порасне до 20 илјади денари, затоа што работиме домаќински и во интерес на граѓаните

„За овие две и пол години видовме дека со домаќинско работење е можно, и тоа за краток временски период,   да ја качиме минималната плата за 60 процент, односнои од 9.000 на 14.500 денари. 

Во следниот мандат нашиот збор е дека минималната плата ќе ја покачиме за 120 проценти од износот на ВМРО-ДПМНЕ, односно на 20 илјади денари. За жал истите кадри од времето на режимот на Никола Груевски, кои 11 години ја држеа замрзната минималната плата, денеска сеуште се во врвот на ВМРО-ДПМНЕ и тврдат дека е невозможно да се зголеми минамланата плата. Еве се виде дека возможно, затоа што се работи домаќински и затоа што парите се враќаат кај граѓаните, а не се носат на Белизе, како што правеа тие", порача на денешната трибина во Велес, генералниот секретар на СДСМ и носител на ИЕ 3 на Коалицијата „Можеме", Љупчо Николовски.

Тој нагласи дека за само три квартали граѓаните добиле над 10 милиони евра преку проектот „Мој ДДВ" и најави дека во новиот мандат износот за поврат на ДДВ ќе се зголеми од 600 на 800 денари.

„Денеска со стопанствениците во Велес разговарав и тие се задоволни и од мерките од Владата за санирање на штетите од коронакризата. Во Велес 9964 граѓани веќе добиле платежни картички од по 9000 денари, млади, невработени за кои државта се грижи. Денеска 3600 вработени во Велес, во ваква криза, преку нивните фирми добиле субвенции на плата во износ од 14,500 денари. Над 160 компании од Велес добиле бескаматни кредити. Денес парите се враќаат во стопанството и кај граѓаните затоа што се работи домаќински", рече Николовски, се наведува во соопштението на СДСМ.

Анкета: Поддршката за членството на Полска во ЕУ - најмала во последнава декада

Поддршката за членството на Полска во Европската Унија падна на најниско ниво во повеќе од една деценија, според анкетата објавена денеска.

Според најновата анкета на институтот ЦБОС, и покрај победата на про-ЕУ коалицијата, поддршката за членството на земјата во Унијата падна на 77 отсто, што е најниско ниво од 2013 година.

Поддршката лани беше 85 отсто, а најголема беше во 2022 година, кога изнесуваше 92 проценти.

Про-ЕУ коалицијата дојде на власт во Полска на изборите во октомври по осум години владеење на партијата Право и правда (ПиС), ветувајќи дека ќе ги поништи законите воведени од десницата.

ПиС често беше во судир со западните сојузници на Полска и институциите на ЕУ во Брисел поради нивната загриженост за владеењето на правото во оваа земја. /МИА

Претставник на ОН тврди дека ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Газа

Претставникот на Обединетите нации, Пјер Лодамар денеска изјави дека ќе бидат потребни 14 години да се расчисти огромното количество урнатини, вклучително и неексплодирани експлозивни направи, што ги остави Израел за време на војната во Појасот Газа.

Лодамар, висок офицер во Службата за мини на ОН (УНМАС), на брифинг во Женева рече дека војната оставила околу 37 милиони тони отпад во широко урбанизирана, густо населена област.

Тој истакна дека иако не е можно да се одреди точниот број на неексплодирани убојни средства се смета дека под одредени услови, би можеле да бидат потребни 14 години да се расчистат остатоците, вклучувајќи ги и урнатините од уништените згради.

„Знаеме дека вообичаено има стапка од 10 проценти за неуспех, односно неактивирање на муницијата. Станува збор за 14 години работа со 100 камиони“, рече Лодамар. /МИА

Руски новинар на „Форбс“ е приведен поради наводно ширење лажни информации за армијата

Новинарот на магазинот „Форбс Русија“, Сергеј Мингазов е приведен под сомнение дека ширел лажни информации за руската армија, објави денеска магазинот.

„Форбс Русија“ додава дека досега не успеале да стапат во контакт со Мингазов. Неговиот адвокат Константин Бубон на Фејсбук објави дека новинарот е во притвор во источниот руски град Хабаровск, каде што живее.

Адвокатот рече дека Мингазов бил приведен поради преобјавување публикации за наводни руски воени злосторства во украинскиот град Буча, каде што убиствата на украинските цивили во првите недели од војната беа пријавени од Ројтерс и други новински организации.

Профилот на Мингазов на платформата Телеграм содржи бројни објави за Буча, а засега не е јасно за која од нив новинарот е приведен. /МИА

притисни ентер