Николовски од ШК Алкалоид на делба на второ место на турнирот во Параќин - Канал 5

Николовски од ШК Алкалоид на делба на второ место на турнирот во Параќин

Актуелниот младински првак до 14 години, шахистот на Алкалоид, Кирил Николовски го освои второто место на меѓународниот Отворен турнир во Параќин, каде што настапуваше на „Б“ турнирот за играчи со рејтинг до 2.000 поени. 

Николовски од ШК Алкалоид на делба на второ место на турнирот во Параќин

Николовски со пет победи и четири реми од девет партии, се најде на делба на второто место заедно со кинеската шахистка Јункинг Жао, која претходно ја победи во директен дуел. Николовски беше најуспешен од шест македонски претставници кои учествуваа на овој турнир.

Пред турнирот во Параќин, Србија, ШК Алкалоид на своите млади членови им организираше подготвителни активности (кампови) во клупските простории во центарот на Скопје.

- Ова се младинци кои веќе се во шаховските води повеќе од пет години и имаат поминато голем број на тренинзи и едукации, па во однос на програмата за работа главен акцент беше ставен во анализата на сложените позиции. Факторите за оценување на позицијата во такви услови подразбираат континуирано барање на одговори за прашањата кои се наметнуваат при одредени структури. Работевме четири дена и сметам дека поставивме добра база за унапредување на играта низ подлабоки анализи и владеење со позициите, како и реализација на предност во завршници, изјави велемајсторот Трајко Недев, кој работеше со постарите јуниори.

Покрај него предавачи на камповите беа и лиценцираните ФИДЕ тренери, велемајсторите Звонко Станојоски, Драгољуб Јаќимовиќ и Влатко Богдановски, како и интернационалниот мајстор Дејан Стојановски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?

Изјавата на Венко Филипче – „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ – е доказ дека Венко Филипче е во договор за ново предавство.

ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?

Венко Филипче застапува бугарски позиции наместо македонски интереси. Оттука, сосема легитимно е да прашаме:

Дали постои тајна дипломатија помеѓу старите другари Зоран Заев и Румен Радев?

Дали има комуникација и средби помеѓу нив?

Зошто инаку Венко Филипче на тацна им дава подароци на Радев и на бугарската политика, без да го заштити македонскиот национален идентитет?

Дали зад рушењето на ваквите позиции стои нов бизнис-договор?

Ова се легитимни прашања на кои мора да одговори Венко Филипче.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Со Мицкоски од предводници станавме губитници: четири земји имаат патоказ кон ЕУ – Македонија нема

Европската комисија подготвува патокази за четири земји, Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина. Македонија ја нема, изоставена е. Остануваме заглавени.

СДСМ: Со Мицкоски од предводници станавме губитници: четири земји имаат патоказ кон ЕУ – Македонија нема

За само две и пол години со Мицкоски од предводници на европскиот пат станавме губитници.

Тоа е резултатот на арамијата Мицкоски. Наместо реформи политика на изолација, лаги и празни ветувања.
Губиме време, пари, фондови, губиме генерации кои се иселуваат заради Мицкоски.
Реофрми нема. Европа бара исполнети обврски, независно судство и борба против корупцијата.
Фотографии по ходници не отвораат преговарачки поглавја. Партиски говори не заменуваат реформи.
Нападите врз опозицијата и црните кампањи не ја придвижуваат државата.
Цената ја плаќаат граѓаните. Скапо.
Од Македонија заглавена надвор од ЕУ корист имаат силите што сакаат слаб и поделен регион, отворен за влијанието на Москва.
Македонија им треба надвор од Унијата. Отстапница за Вучиќ.
Место за пари од криминал и корупција. Тампон-зона кон ЕУ - тоа ѝ треба на Москва.
Сигурно пристаниште за организираната криминална група ВМРО на чело со Мицкоски.
Мицкоски е руски прокси играч. Неговите сателити ја имаат истата задача.
Левица - руска партија: анти-НАТО, анти-Америка.
Затоа сите сили се споија. Земјата да стои во место.
Министер во Владата, кафеански реформатори, ЗНАМ 2.0, шемаџии — сите во служба на руските интереси и интересите на Арамијата.
Македонија не е ничија тампон-зона. Не е резерва за туѓи агенди. Македонија е татковина на граѓаните што заслужуваат европска иднина.
Кој ги кочи реформите, го кочи европскиот пат. Кој ја држи државата заглавена, мора да понесе одговорност.

Скопје, 30.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Канада е една од најлошите земји во светот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Канада е „една од најлошите земји во целиот свет“. 

Трамп: Канада е една од најлошите земји во светот

Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Отава, кои ги оптоваруваат историски пријателските односи. „Проблемот е што тие се однесуваа многу неправедно кон Соединетите Држави. Тие беа една од најлошите земји во светот. Знаете, ние добро соработуваме со Кина, добро соработуваме со луѓето и склучуваме добри договори“, рече Трамп во Овалната соба.

„Но, навистина беше многу тешко да се соработува со Канада.

Тие воведоа царини од 400 отсто и повеќе за нашите земјоделци. Тие ја злоупотребуваат нашата доверба“, додаде тој. Трамп: Канада е една од најлошите земји во светот. Тие ја злоупотребуваат нашата доверба. Денес стапи на сила забраната на Трамп за увоз на канадски стоки во вредност од речиси една милијарда долари, што претставува нова ескалација на трговскиот спор меѓу двете земји. Забраната се однесува на млечни производи, моторни возила и низа алкохолни пијалаци од Канада.

При потпишувањето на извршните налози за забраната, Трамп како причина ја наведе „дискриминацијата“ на американските производи.

Односите меѓу САД и Канада се невообичаено лоши за време на вториот мандат на Трамп. Причината не се само трговските спорови, туку и потезите на претседателот насочени кон припојување на Канада кон Соединетите Држави. Ситуацијата ескалираше во август по неуспехот на трговските преговори, по што двете земји воведоа меѓусебни царини. Претходно овој месец, Карни истакна дека неговата земја премногу се потпирала на „лесни“ економски врски со САД.

„Изминатите 40 години беа период на длабока економска интеграција со Соединетите Држави. Точно е дека тоа беше лесен пат, но нè направи премногу зависни од еден економски партнер. Јасно е дека тоа време помина“, изјави Карни во видео објавено на YouTube на почетокот на септември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер