Николовски : Имунизацијата е клучна за побрзо да стекнеме колективен имунитет

Денеска, вицепремиерот  Љупчо Николовски, согласно националниот план за имунизација  на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски" ја прими првата доза на вакцина за заштита од коронавирусот. 

Вицепремиерот Николовски во изјава за медиумите, рече дека имунизацијата е клучна за побрзо да се стекне колективен имунитет и да се надмине здравствената криза предизвикана од коронавирусот.

„Согласно националниот план за имунизација, тукушто ја примив првата доза од кинеската вакцина „Синофарм", односно вакцината којашто беше достапна во моментот. Имунизацијата е клучна за побрзо да стекнеме колективен имунитет и да ја оставиме оваа тешка здравствена криза зад нас. Само така, со заедничка одговорност придонесуваме кон колективното и јавно здравје, и само така побрзо ќе заврши оваа борба со пандемијата од КОВИД-19, рече вицепремиерот Николовски

Тој посочи дека сите вакцини што пристигнуваат и што дополнително ќе пристигнуваат, се безбедни, проверени, тестирани и сите еднакво штитат од хоспитализација, тешки форми на болеста и фатален исход.

„Затоа е важно, на секој што ќе му дојде редот за вакцинација согласно планот за имунизација, да се вакцинира со вакцината што е достапна во моментот. На овој начин, со вакцинацијата, ќе ја исполниме целта, ќе излеземе победници во оваа панедмија, за веќе во летниот период да имаме висок процент на имунизирано насление. Според информациите од Министерството за здравство, се зголемува бројот на новопријавени граѓани за вакцинација, и тоа е добро. Ги повикувам сите граѓани кои досега не го сториле тоа, да се пријават за термин на вакцинација.мк, да ги почитуваат добиените термини, да се вакцинираат, а со тоа да придонесат во справувањето со оваа битка", изјави вицепремиерот Николовски, при што порача дека вакцинацијата не значи и комплетно опуштање, важно е, и натаму се додека организамот не создаде имунитет, да се почитуваат мерките за лична заштита - маска, растојание и негрупирање во затворени простории.

Јојуз: Тврдам дека на крај сите ќе одат на „баци рака' кај Мицкоски

„ВМРО-ДПМНЕ ќе ги потпише уставните измени“

ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори, не е камелеон партија, најбројна е и најорганизирана, имаат програма, има економска програма за разлика од сите нив што немаат ниту една и тврдам дека на крај сите ќе одат на „баци рака' кај Мицкоски. Но, тука ќе се отвори Пандорината кутија дента кога ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Во таа Пандорина кутија тие преферираат да имаат коалиција со ВРЕДИ со тоа што цело време ја користат синтагмата „бугарски диктат“ и тука оправдување ќе им биде дека сега е т.н. европски диктат и тоа ќе им служи како изговор. Во политиката нема ништо случајно, рече Агим Јонуз во Само Вистина.

Хамас тврди дека САД му вршат притисок да го прифати договорот со Израел

Блинкен претходно неколку пати го повика Хамас да ја прифати понудата на Израел да ја прекине војната и да ги ослободи заложниците.

Високиот функционер на милитантната група Хамас, Сами Абу Зухри, денеска изјави дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен врши притисок врз Хамас да ги прифати барањата на Израел во преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

- Коментарите на Блинкен се спротивни на реалноста. Тоа не е чудно за Блинкен, кој е познат како министер за надворешни работи на Израел, а не на Америка, да дава такви изјави, ја пренесуваат светските медиуми изјавата на Абу Зухри која тој ја дал за Ројтерс.

Тој додаде дека „дури и израелскиот преговарачки тим признал дека Нетанјаху е тој што го попречува постигнувањето договор“.

Блинкен претходно неколку пати го повика Хамас да ја прифати понудата на Израел да ја прекине војната и да ги ослободи заложниците, опишувајќи ја како „исклучително дарежлива“, додека Абу Зухри рече дека групата сè уште ја проучува понудата./МИА

Пандов: ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени под бугарски диктат

„Имаме цврста намера и желба да направиме коалиција со ВРЕДИ“

Мицкоски го доживувам како политичар од 21-от век и не сме оптеретени со национализам, што јас го нарекувам шовинизам. Пораките се дека Македонија треба да се врати во рацете на народот, Историски гледано ВМРО-ДПМНЕ и со ДПА и со ДУИ имало коректна коалиција, но ДУИ се повампири во времето на Заев и работите ги доживуваат низ признма на бизнис и пари и така ја гледаат државата. Не прифаќам дека нема нова понуда, Мицкоски има земено кај себе многу млади кадри и тие луѓе не се бирани за да дојдеме на власт и да ги фатиме фотењите. Идејата е Македонија повторно да биде горда, имаме во секое село Албански комитети, има бошњаци, роми, власи. Мораме да го причекаме 8 Мај да видиме што ќе каже семафорот, очекувам да добиеме 58-60 пратеника. Имаме цврста намера и желба да направиме коалиција со ВРЕДИ, веруваме на нивната желба тие да го променат ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени под бугарски диктат тоа значи дека историската комисија може да разговара, но тоа да не биде услов за отворање поглавја со ЕУ, рече Александар Пандов во Само Вистина.

притисни ентер