МакедонијаНиколовски – Агелер: Извонредни резултати на Царинската управа во сузбивање на криминалотИзвонредни резултати на Царинската управа во сузбивање на криминалот и прибирање повисоки приходи во Буџетот. Соединетите Американски Држави се стратешки партнер на Република Македонија, и ќе бидат силен поддржувач на политиките што ги спроведува Царинската управа (ЦУ), е клучната порака од посетата на амбасадорката на САД Ангела Агелер, директорката на Канцеларијата за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите Вирџинија Елиот и заменик шефот на Канцеларијата за билатерална воена соработка, Даниел Силвер на Царинската управа. -Моето присуство овде е да Ви се заблагодарам и да Ви честитам за резултатите во изминатите осум месеци кои се воодушевувачки. Благодарност до царинските службеници кои се на границите и ги штитат граѓаните. Чекорите што ги преземате се многу значајни за нас, но уште повеќе за вашите граѓани и безбедноста на државата. Истовремено, поголемата наплата на приходи значи повеќе средства за вашите граѓани. Ние сме ваши партнери, пријатели и тука ќе бидеме за вас, истакна амбасадорката Агелер на средбата со директорот на ЦУ Бобан Николовски, заменик директорот Гарип Каба и тимот, одржана во рамки на посетата на Царинската управа. Директорот Николовски изрази особена благодарност до Владата на САД за континуираната поддршка во спроведување на активностите насочени кон зајакнување на капацитетите на Царинската управа. -Само во втората половина од 2024 година наплатени се една милијарда евра, или близу 65 милиони евра повеќе од истиот период претходната година. Годинава во јануари се остварени приходи од 148,5 милиони евра или 5,2 милиони евра повеќе од истиот месец минатата година, додека во февруари се остварени приходи од 312,15 милиони евра, или 9 милиони евра повеќе од минатата година, истакна Николовски. Во однос на реализираните заплени, во цела 2024 година, додаде директорот на ЦУ, евидентирани се вкупно 410 случаи при што 305 случаи на заплени се евидентирани во втората половина од годината. -До ОЈО во 2024 година поднесени се вкупно 89 кривични пријави, од кои 69 кривични пријави се поднесени во втората половина од годината. Со засилено темпо работиме и годинава, при што се остварени 74 случаи на заплени, а преку Секторот за контрола и истраги поднесени се 35 кривични пријави за 69 физички лица и 16 правни лица до Основно јавно обвинителство и до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, истакна Николовски, особено осврнувајќи се на случаите каде е откриен и спречен сериозен криминал. Притоа ја потенцира важноста од продлабочување на досегашната соработка се со цел остварување на заедничките приоритети за економска трансформација преку спроведување ефективни трговски политики и интензивирање на трговската размена, како и сузбивање на транснационалниот криминал и корупцијата. На состанокот остварен во рамки на денешната Николовски посета информираше дека како стратешки партнер во НАТО, Царинската управа се координира и комуницира со службите на Армијата со цел олеснување на увозот и побрз прием на оклопните возила што на Армијата ѝ се потребни за зајакнување на капацитетите и исполнување на обврските во рамки на НАТО. Во рамки на посетата амбасадорката и тимот го посетија и Дежурниот оперативен центар при Царинската управа каде беше презентиран системот за видео надзор и системот за препознавање на регистарските таблички, како и Центарот за обуки со помош на виртуелна дигитална напредна технологија. Воедно беше презентирана и опремата донирана од САД која ја користат царинските мобилни тимови од Одделението за оперативни работи за откривање на обиди за шверц, а беа извршени и презентации каде царински кучиња од К9 единицата ги демонстрираа вештините во откривање на оружје, дрога и пари. Амбасадорката упати честитки до царинските службеници, инспекторите во царинските мобилни тимови, и до инспекторите при Секторот за контрола и истраги во нивните особени напори во спречување на секој обид за криминал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноЕзеро крие најневеројатен феномен на светот- на секои две секунди над него удираат громови (ВИДЕО)Замислете место каде што громовите удираат 297 ноќи годишно, што трае до 10 часа на ден.Звучи како сцена од научно-фантастичен филм, но такво место навистина постои. Тоа е езерото Маракаибо во Венецуела, над кое се случува еден од најнеобичните природни феномени во светот - молњата Кататумбо (Relámpago del Catatumbo). „Светилникот на Маракаибо“ Овој спектакуларен феномен е толку чест што се случува пет од секои шест ноќи. Понекогаш, за една минута се регистрирани речиси 30 удари на гром! Езерото Маракаибо бележи 233 молњи на квадратен километар годишно, што го прави апсолутно светско жариште за атмосферски празнења, објавува Severe Weather. Зошто громовите удираат тука толку често? Одговорот лежи во единствената комбинација на географски и климатски услови. Локацијата на езерото го фаворизира честото формирање на бури, а околните планини и топлиот, влажен воздух играат клучна улога во ова. Во текот на ноќта, постуден воздух се спушта од планинските венци кои се дел од Андите и се судира со топол, влажен воздух над езерото. Овој судир на воздушни маси предизвикува развој на бури, особено во областа на устието на реката Кататумбо, каде што се влева во езерото Маракаибо. Поради својата фреквенција, интензитет и регуларност, овој феномен е наречен и „Светилник на Маракаибо“. Молњата е видлива од растојание од неколку десетици километри и со векови е впечатлива знаменитост во оваа област. „Континуирана молња“ Италијанскиот географ Агустин Кодачи еднаш ја опишал оваа сцена како „континуирана молња“, нагласувајќи дека феноменот се случува во таква позиција, речиси во правец на меридијанот на устието на езерото, што служи како „светилник“ за морнарите. Поради својата речиси постојана активност, молњата Кататумбо е позната и како „Вечна бура“. Пред да станат достапни поточни податоци, областа околу селото Кифука во Демократска Република Конго се сметаше за место со највисока фреквенција на удари од гром во светот. Таму годишно се евидентираат 158 молњи на квадратен километар, што е значително помалку од 233-те што се припишуваат на езерото Маракаибо.Тагови: громови езеро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПакистан испраќа војска во Саудиска Арабија- договорот е потпишан уште во август Пакистан ќе испрати војници во Саудиска Арабија за да помогне во зајакнувањето на одбранбените капацитети на земјата во услови на ескалација на нападите од страна на јеменските бунтовници Хути, соопшти денеска пакистанската војска.Во соопштението се вели дека пакистанските војници ќе бидат распоредени во Саудиска Арабија во согласност со постојните договори за одбранбена соработка, објави АП. Пакистанската војска не соопшти колку војници ќе бидат распоредени, какви ќе бидат нивните специфични задачи, колку долго ќе трае мисијата или кога ќе пристигнат во Саудиска Арабија. Одлуката на Исламабад дојде два дена откако саудиските, турските и пакистанските воени и одбранбени претставници се состанаа во Исламабад за да ја потврдат поддршката за Ријад според трилатералниот договор што го смета нападот врз еден член како напад врз сите три. Пакистан ја потврди својата посветеност на заштитата на двете најсвети џамии во исламот, во Мека и Медина, во соопштение, во кое се вели дека распоредувањето ќе помогне во зајакнувањето на одбранбените капацитети на Саудиска Арабија во услови на нови безбедносни предизвици. Саудиска Арабија ги обвинува Хутите за ракетни и беспилотни напади на нејзина територија, вклучително и обиди за напад врз Мека и Медина, што Хутите го негираат. Борбите во Јемен се интензивираа во текот на летото меѓу Хутите и силите поддржани од владата поддржана од Ријад. Пакистан, Саудиска Арабија и Турција потпишаа договор за меѓусебна одбрана во Мека на 7 август, велејќи дека тој е насочен исклучиво кон одбрана и не е насочен против која било друга земја. Пакистан има воено присуство во Саудиска Арабија со децении, каде што неговите војници ги обучуваат и советуваат саудиските сили од почетокот на 1980-тите.Тагови: Пакистан Саудиска Арабија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноВо куферите криеле стотици отровни тарантули и скорпии- цариниците во Перу шокирани (ФОТО)Перуанските царински службеници запленија 677 живи диви животни, вклучувајќи тарантули, стоногалки, скорпии и гуштери, на аеродромот во Лима, кои двајца кинески државјани се обиделе да ги прошверцуваат во своите куфери.Перуанските цариници запленија 677 живи диви животни, вклучувајќи тарантули, стоногалки, скорпии и гуштери, на аеродромот во Лима, кои двајца кинески државјани се обиделе да ги прошверцуваат во своите куфери, соопшти Перуанската Национална служба за шумарство и див свет (Serfor). Вредноста на запленетата пратка се проценува на околу 100.000 долари, а животните, според властите, биле наменети за нелегална продажба во Кина, пренесува AFP. Во два куфери, кои требало да бидат сместени во товарниот простор на авионот, пронајдени се 386 тарантули од различни видови, 166 стоногалки, 112 скорпии и седум гуштери, како и шест мртви мравки. Според соопштението на Serfor, некои од пронајдените видови претходно биле непознати за науката. Животните биле сместени во херметички затворени кеси, кои потоа биле сместени во пластични кутии и завиткани во влажни хартиени крпи за да го преживеат долгото патување од Лима до Кина. Кора Суарез, претставничка на агенцијата, изјави дека ова ново откритие е резултат на заедничка работа на надлежните агенции и претставува удар врз мрежите вклучени во нелегалната трговија со диви животни. Таа предупреди на растечката нелегална побарувачка за безрбетници, кои се продаваат како домашни миленици во европските и азиските земји. Двајца кинески државјани се во притвор од перуанската полиција, а против нив се води кривична постапка пред обвинителството специјализирано за еколошки злосторства. На почетокот на ноември, перуанските власти запреа и двајца германски државјани и еден Полјак на истиот аеродром кои се обидоа да ја напуштат земјата со повеќе од 10.000 тарантули скриени во нивниот багаж.Тагови: тарантули цариници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14