Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Скопје-Блаце - Канал 5

Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Скопје-Блаце

Започнуваме со изградба на автопатот Скопје-Блаце. Се поврзуваме со пристаништето во Бар со што отвориме нови можности за домашните компании.

Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Скопје-Блаце

Македонија за првпат во својата историја истовремено гради повеќе автопатски делници, колку што во моментов не гради никоја од земјите во регионот. Еден од клучните инфраструктурни проекти што започнува е автопатот Скопје-Блаце, со кој државата ќе добие современа автопатска врска со Косово, а индиректно и со Црна Гора и пристаништето Бар. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски в истакна дека станува збор за комплексен патен проект, чија вредност е проценета на околу 200 милиони евра.

„Прво ми е драго што ќе го почнеме овој проект. Се работи за еден од најфреквентните патишта, затоа што ова е спојка со Косово и со Црна Гора од една страна, а од друга страна во однос на бизнисот се отвораме уште кон едно пристаниште, а тоа е пристаништето во Бар, така што го кратиме многу патот“, изјави Николоски.

Според него, изградбата на автопатот Скопје-Блаце претставува сериозен инженерски зафат поради конфигурацијата на теренот и бројните инфраструктурни објекти што треба да се изградат.

„Проценетата вредност е некаде околу 200 милиони евра. Се работи за исклучително комплициран проект, со пет тунели, две галерии и 12 големи мостови. Драго што успеавме да го избереме ГРАНИТ како изведувач, за на тој начин да покажеме дека македонската оператива може да работи“, нагласи Николоски.

На прашањето дали избраниот конзорциум ќе може да ги исполни роковите за изградба, Николоски изрази целосна увереност, нагласувајќи дека постапката била спроведена според строгите правила на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

„Апсолутно, затоа што ние одевме според правилата на ЕБОР, кои што се многу строги на овој избор. Така што, ако ЕБОР од Лондон рече дека ова е во ред, значи е во ред“, изјави Николоски.

Осврнувајќи се на критиките од ДУИ дека проектот бил непотребно одложуван, министерот оцени дека причините за таквите реакции се поврзани со очекувањата за бизнис зделките на ДУИ за трасата на идниот автопат.

„Очигледно е дека се нашле како погодени, затоа што купуваа ниви на онаа траса која што тие мислеа дека ќе биде траса и мислеа дека експропријацијата ќе помине токму по тие ниви. За жал тоа нема да се случи, затоа што финалната траса не е баш таа која што ја замислуваа“, рече Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер