ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството го спаси Филипче за пожарот во модуларните, Абази ја доработува задачата како пион на СДС и ДУИ
СДСМ: Мицкоски и Вучиќ ја почнуваат операцијата „Талог“ - започнува кампањата на меѓуетнички тензии, поделби и омраза
1ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството го спаси Филипче за пожарот во модуларните, Абази ја доработува задачата како пион на СДС и ДУИ
2СДСМ: Мицкоски и Вучиќ ја почнуваат операцијата „Талог“ - започнува кампањата на меѓуетнички тензии, поделби и омраза
МакедонијаНиколоски: Започнат е дијалог за финалното решение на превозницитеНиколоски рече дека во моментов се води дијалог и има време да се изнајдат финалните решенија за превозниците зашто ќе се одложи примената на ЕЕС системот и наместо од април, ќе почне да се применува од крајот на септември.СДСМ ги извртува фактите, зашто превозниците со протестите го остварија едно од основните барања, а тоа е започнување дијалог кој се води и во негови рамки треба да се изнајдат финални решенија, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, отфрлајќи ги обвинувањата на претседателот на СДСМ Венко Филипче во врска со проблемот на транспортерте. Николоски вечерва присуствуваше во Прилеп на очетот од работата по 100 дена на прилепскиот градоначалник. Николоски рече дека во моментов се води дијалог и има време да се изнајдат финалните решенија за превозниците зашто ќе се одложи примената на ЕЕС системот и наместо од април, ќе почне да се применува од крајот на септември. - Претседателката на Европската комисија кажа дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ кој се вика Нова визна стратегија на Европската Унија, со кој возачите се признати како професионалци. Тоа беше едно од основните барања. И во рамките на овој дијалог кој се води во моментов треба да се донесат конечните решенија - никој никаде, а камоли во систем како Европската Унија не очекува дека за две недели сите работи да бидат решени. Туку, тоа што јас го кажав, тоа што го кажа тогаш Европската Унија беше дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по која ќе се оди. Така беше, така се случува. Сето друго е извртување на фактите. Веќе имавме еден состанок на политичко, еден на техничко ниво, изјави Николоски. Заменик претседателот на Владата најави дека на 24 февруари пак ќе има состанок на техничко ниво. - Има доволно време да се изнајдат финални решенија, имајќи предвид дека за превозниците ќе се одложи примената на ЕЕС системот и наместо од април, ќе почне да се применува од крајот на септември. Дотогаш има доволно време и доволно начини да се изнајдат финалните решенија и тие да се имплементираат од сите 29 земји членки на шеген-зоната, што не е мала работа, рече Александар Николоски при вечерашниот престој во Прилеп, отфрлајќи ги обвинувањата на опозицијата, сметајќи ги како извртување на фактите.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството го спаси Филипче за пожарот во модуларните, Абази ја доработува задачата како пион на СДС и ДУИЗа пожарот кој се случи во модуларната болница во Тетово на 8 септрмври, на 10 септември 2021 година беше оформен предмет, кој потоа со години стоеше во фиока.Предметот за 19-те модуларни болници, кои беа поставени за време на ковид кризата, и каде во модуларната болница во Тетово животите ги изгубија 14 лица, а за време на Венко Филипче како министер за здравство, беше во фиоките на Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска, од криминалното СЈО, па кај трета обвинителка, за сега Абази да каже дека Филипче не бил виновен. Одговорноста на Филипче во овој случај произлегува од начинот на кој биле регулирани модуларните болници уште пред нивното поставување. Тогашниот Закон за градење бил изменет, со што модуларните болници биле ставени во категоријата „урбана опрема“, а надлежноста за издавање одобрение за нивното поставување била префрлена на Министерството за здравство, односно на тогашниот министер Венко Филипче. Овие објекти не биле запишани во катастар, немале одлука од Владата за трајно користење и немале одобрение за употреба согласно Правилникот за простор, опрема и кадар. За овие околности постои документација во проектната единица на Министерството за здравство, која на 12.12.2023 година била предадена на Јавното обвинителство за организиран криминал. Каков цинизам треба да поседувате за да заклучите дека за 14 лица кои ги изгубиле животите, а притоа немало никакво исполнување на технички стандарди и објект подигнат над над бензиска станица, никој не е одговорен. Ова е буквално учебнички пример како СДС и ДУИ го контролираат Абази, за сега Филипче да излегува на прес-конференции и самиот да се тапша по рамо и да се фали дека бил одличен министер. Па еден куп скандали се случија за време на времето на Филипче како министер. Овој случај е токму пример за злоупотреба на службена положба и овластувањата. Топката пак на крај застана кај Ислам Абази, затоа што како најверниот послушник на Заев, Филипче и Ахмети, пред да си ги спакува куферите мора да си ја доработи својата задача и да испорача уште овој пат ,,нема основано сомнение за злоупотреба на службена положба“, за Венко Филипче. Како мислат дека ова народот не го гледа? ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаСДСМ: Мицкоски и Вучиќ ја почнуваат операцијата „Талог“ - започнува кампањата на меѓуетнички тензии, поделби и омразаХристијан Мицкоски ја започна предизборната кампања без ниту еден резултат во ниедна област.Економија, земјоделство, здравство, образование, дипломатија - баш ништо. Народот едвај крпи крај со крај. Потрошувачката кошница чини околу 70.000 денари, а минималната плата е 26.000 денари. Индустријата е во пад. Мицкоски веќе претрпе пад на гласови на локалните избори. Сега следува уште поголем пад на неговиот личен рејтинг поради секојдневните лаги и неисполнети ветувања од кампањата. Изгуби повеќе од 150.000 гласови. Парите во буџетот за партиски тендери се сѐ помалку. Тендерите на коалицијата го чинат многу. Патриотските теми веќе не поминуваат - сите се прочитани. Изборите ги распишува Вучиќ, мора и тој. Не може да издржи уште едни изгубени избори на своите ментори, како што беше со Орбан. Му треба нова кампања. На национална основа, затоа што само тоа му остана. Што е новото? Старата тема. Меѓуетнички тензии и односи во Македонија. Измислен судир со граѓаните Албанци. Сѐ во режија на Александар Вучиќ. Сателитите во Македонија добија нова задача, а поддршката пристигнува од регионот. Мицкоски мора да исценира нов проблем за да ги собере своите тврдокорни гласачи - својата база. Веќе еднаш го гледавме ова, исто како во времето на Груевски. Ново рециклирано решение од минатото. Со ова не само што му прави услуга на својот шеф и „брат“ Вучиќ во неговата кампања, туку и на себеси. Затоа во Македонија, кај Стоилковиќ на гости, пристигна претседателот на СНС Милош Вучевиќ. Прво беше Вучевиќ па сега и Мацут. Инструкции. Српските медиуми за неколку дена почнуваат со работа. Новинарите се веќе на своите позиции, само да го притиснат старт-копчето. Латас ја зеде својата диригентска палка и, заедно со Орбановите 40 %, добива тешка српска артилерија во вид на Вучиќевата „ало-група“ и лиценцата на Euronews, која ќе ја води Ивона Талевска. Времето на поделби почнува. Стартот го свиреше Мицкоски на Илинден. Операцијата „Талог“ и сеењето омраза по моделот на Ванчо Михајлов започнува. Сѐ тоа според познатиот Гебелсов пристап: „Колку повеќе и погласно, толку повеќе вистина!“ Првата акција беше веќе вчера - провокацијата на Мицкоски во Мала Преспа. Реакцијата од Албанија, веќе пристигна. Ова е само почеток. Кампањата почнува. Граѓани, гледајте. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова се сретна со македонските спортисти кои учествуваат на 20. Медитерански игриПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера во Таранто, Италија, го посети Медитеранското (олимписко) село и се сретна со македонските спортисти кои учествуваат на 20. Медитерански игри.Таа, во обраќањето пред учесниците посочи дека спортот е повеќе од натпревар за резултат, тој е школа за формирање на цврст карактер преку превземање одговорност и вежбање истрајност. Според неа, преку спортот се обликува и негува не само личниот, туку и колективниот и националниот идентитет. Спортските резултати и успеси, напомена таа, го јакнат единството на младите, надминувајќи ги разликите. Таранто, како спортски мегдан деновиве, смета таа, ќе биде место на коешто нашите спортисти имаат шанса достоинствено да ја претставуваат државата. Претседателката ги охрабри натпреварувачите да веруваат во сопствените можности и да го дадат максимумот, нагласувајќи дека победата е највредна кога е извојувана во фер борба. Сиљановска-Давкова ги охрабри македонските спортисти на големата меѓународна сцена да ја покажат препознатливата македонска спортска сила, нескротливата борбеност и нескршливиот дух. Медитеранските игри овозможуваат промоција на вистински вредности преку спортска дипломатија, верува претседателката. Претставниците на Олимпискиот комитет ја информираа претседателката дека ова е четврто учество на македонски спортисти на Медитеранските игри од независноста, а таа е првиот претседател на државата што присуствува на истите. На Игрите настапува најбројната македонска делегација досега, составена од 130 членови, од кои 88 спортисти, кои ќе се натпреваруваат во 19 спортски дисциплини, во индивидуални и колективни спортови. Посакувајќи им успех на сите натпревари, Сиљановска-Давкова им порача да веруваат во себе и преку витешка игра да ја манифестираат македонската спортска енергија на големата медитеранска спортска сцена.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter