Николоски: Воена болница станува најмодерна во државата, целосно ја реконструиравме болницата “8-ми Септември” - Канал 5

Николоски: Воена болница станува најмодерна во државата, целосно ја реконструиравме болницата “8-ми Септември”

Со инвестиција од 12 милиони евра, целосно се реконструираше и се надгради болницата “8-ми Септември”. Инвестицијата се реализираше во соработка меѓу Владата и ТАВ.

Николоски: Воена болница станува најмодерна во државата, целосно ја реконструиравме болницата “8-ми Септември”

Со реализација на овој проект се направи целосна реконструкција и опремување на оперативниот блок, потоа реконструкција на одделот за интензивна нега, административниот дел, реконструкција на одделот патологија и клиничка лабораторија и комплетна реконструкција на кровот. Исто така поставени се и фотоволтаични панели со што се подобрува енергетската ефикасност.

На увид во реконстурираната болница, присуствуваа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик претседателот Александар Николоски, министерот за здравство и други претставници на Владата како и директорот на ТАВ.

Во своето обраќање вицепремиерот Николоски истакна дека граѓаните добиваат најмодерна болница во државата.

“ Навистина е посебно чувство кога се завршува еден голем проект, а денес завршуваме проект што има огромно значење не само за градот Скопје, туку и за целата држава. Во оваа болница секојдневно доаѓаат пациенти од цела Македонија барајќи врвна здравствена услуга. Се работи за врвна задравствена институција. Со оваа целосна реконструкција, дефинитивно најдобрите здравствени услови ќе можат да се најдат во “8-ми Септември”.

Кога се завршува еден проект, важно е да се каже и како започнал. Веднаш по изборот на оваа Влада, анализирајќи ја документацијата и состојбите што ги затекнавме, утврдивме дека имa околу 15 милиони евра нереализирани средства од страна на ТАВ, како концесионер на двата аеродроми. Во однос на ова размислувавме што да правиме и на еден состанок со премиерот Христијан Мицкоски, тој ја даде идејата да инвестираме во нешто што ќе остане за генерациите по нас – целосна реконструкција на популарната Воена болница, денешна „8-ми Септември“.

Денес, го имаме проектот завршен под негово водство, во соработка со директорот на болницата, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, ТАВ и ние како Министерство за транспорт, помогнавме таму каде што беше потребно. Се надевам дека од тука ќе излегуваат добри приказни, успешни оперативни зафати, излекувани пациенти и луѓето ќе си замниуваат со насмевки од тука, а ние ќе продолжиме да работиме”-истакна вицепремиерот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Изолацијата не е достоинство – европската иднина се гради со резултати, а не со лаги

ВМРО-ОКГ повторно се обидува да ја претстави својата изолација како „достоинство“.

СДСМ: Изолацијата не е достоинство – европската иднина се гради со резултати, а не со лаги

Но достоинството не се гради со празни фрижидери, со реформи кои не постојат и со европски пат кој е целосно запрен.

Мицкоски ветуваше подобри преговарачки позиции со Европа. Две години подоцна, резултатот е јасен: целосна блокада, нула поместување и длабока изолација.

Ова не е подобра позиција. Ова претставува национален пораз за сите граѓани на Македонија.

Ветуваше дека Реформската агенда ќе биде исполнета до 1 јуни. Денес повеќе не го споменува тој рок.

Европската иднина што ја ветуваше се претвори во изолација и чекање „покана од Европа“.

СДСМ не загрози никакви национални интереси. Тоа го потврдија самиот Мицкоски, претседателката Сиљановска и Тимчо Муцунски. Националниот интерес е заштитен. Затоа нивниот наратив за „отстапки“ е чиста пропаганда за внатрешна употреба.

Ова што сега го прават Мицкоски и организираната криминална група ВМРО, претставува загрозување на националниот идентитет преку изолација на земјата, како и загрозување на иднината на граѓаните и на идните генерации во Македонија.

Особено е цинично кога за патриотизам и национален идентитет зборува влада во која министри, пратеници и нивните семејства имаат бугарски државјанства, европски пасоши и фирми во Бугарија. Тие си обезбедиле приватна Европа за себе и за своите семејства, а на граѓаните им продаваат лажно достоинство и лажен патриотизам.

Мицкоски дојде на власт со лаги и со лаги владее. Сега, кога нема пари за криминалните тендери, прави реконструкција на Владата само за да ја замаи јавноста и да купи време.

Мицкоски преку создавање политички кризи, измените на Изборниот законик и неисполнувањето на Реформската агенда се обидува да создаде алиби за предвремени избори, бидејќи повеќе не може да го крие фактот дека нема резултати во ниту една област, дека буџетот е празен, а економијата е во катастрофална состојба.

Во таа игра му помагаат и партнерите од тендер-коалиција и сателитските партии.

СДСМ нема да учествува во оваа претстава. Нема да му бидеме алиби за изборите што ги бара поради паника од падот на рејтингот и празниот буџет.

Народот веќе знае. Лагите и пропагандата повеќе не поминуваат.

Народот победува! Европска Македонија ќе победи!

Скопје, 13.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Луѓето на Трамп за смртта на Греам: „Беше отруен од Иран или Русија“

Американскиот сенатор Линдзи Греам почина во саботата по „кратка и ненадејна болест“, се наведува во соопштението од неговата канцеларија.

Луѓето на Трамп за смртта на Греам: „Беше отруен од Иран или Русија“

Два дена пред оваа вест, републиканскиот сенатор беше виден во Киев, Украина, каде што се сретна со претседателот Володимир Зеленски и повика на крај на војната со Русија.

Посетата на Греам на Украина пред неговата смрт поттикна бран шпекулации на интернет, при што неколку истакнати личности од движењето „MAGA“ тврдат дека американскиот сенатор можеби бил отруен од Русија.

Теориите беа дополнително поттикнати откако Греам повика на поголеми санкции против Русија и вети поголема поддршка од САД за Украина во услови на тековната војна. Од друга страна, многумина се сомневаа дека Иран е вмешан во смртта на Греам. Поранешната продуцентка на „Фокс њуз“, Кајли Џејн Крамер, ги истакна заканите кон американски сенатор од ИРГК.

„ИРГК се закани дека ќе ја убие сенаторката Линдзи Греам пред само пет дена. Потребна е целосна истрага за неговата смрт“, напиша таа на X.

Можната иранска врска ја спомена и Лаура Лумер, која беше меѓу првите од кампот на MAGA што изрази загриженост поради смртта на Греам. „Пред 5 дена, сенаторот Линдзи Греам објави дека ИРГК се заканила дека ќе го убие. Тие се заканија дека ќе ме убијат мене, како и претседателот Трамп, а на погребот на Хамеини, оперативците на ИРГК држеа исти постери со нашите ликови, на кои повикуваа да ни паднат главите“, напиша Лумер на X, додавајќи дека неговата смрт не изгледа како случајност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ бараат изговори за да го блокираат Изборниот законик, тие не се за реформи туку за политичка блокада

СДС, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека не сакаат нов Изборен законик, туку политичка блокада.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ бараат изговори за да го блокираат Изборниот законик, тие не се за реформи туку за политичка блокада

Иако со месеци учествуваа во разговорите и усогласувањето на текстот, во моментот кога требаше да се постигне договор, се повлекоа и го урнаа целиот процес.

Венко Филипче после 4 месеци преговори во Собранието за Изборниот законик најде нов изговор и се сети дека му се потребни експерти.

Блокадата на Изборниот законик е заеднички проект на СДС, Левица и ДУИ, трите партии си подготвуваат алиби поради стравот од избори и пораз.

ВМРО-ДПМНЕ останува подготвена веднаш да прифати договор меѓу опозициските партии, доколку тоа овозможи конечно да се олесни гласањето на дијаспората.

Одговорноста ако Македонија продолжи со стариот Изборен законик е целосно на СДС, Левица и ДУИ.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер