Николоски во Лондон во посета на музејскиот кабинет на Черчил - Канал 5

Николоски во Лондон во посета на музејскиот кабинет на Черчил

Вицепремиерот Александар Николоски во Лондон го посетил музејскиот кабинет на поранешниот британски премиер Винстон Черчил.

Николоски во Лондон во посета на музејскиот кабинет на Черчил

Николоски ги разгледал оригиналните мапи од Втората светска војна на кои Черчил означувал каде да напаѓа и да с ебрани британската армија

Јорданов: Две лица насилно ја запалија штипската депонија „Трештена скала“

Тој побара надлежните да постапат и ги санкционираат.

Јорданов: Две лица насилно ја запалија штипската депонија „Трештена скала“

Насилно се пали депонијата „Трештена скала“, на која се депонира сметот од граѓаните и фирмите во Општина Штип. Две лица со моторни возила насилно влегле во депонијата и ја запалиле, а на чуварската служба на ЈП „Исар“ и упатиле и смртни закани, ова е причината за вчерашниот пожар на депонијата, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Тој посочи дека случајот е пријавен во Полиција, откако се евидентирани од страна на чуварите на депонијата преку видео надзорот кој е поставен на депонијата „Трештена скала“ во Штип.

-Одредени лица со возила влегуваат насилно во депонијата, ја палат, за во наредните денови полесно да го селектираат железото и металот. Но, предизвикуваат општа опасност, еколошка катастрофа, загадување на животната средина и опасност од ширење на пожар, изјави Јорданов.

Штипскиот градоначалник, истакна дека лицата се добро познати на институциите, пријавени се во Полиција и апелираше соодветно да постапат и да одговараат.

-Апелирам до надлежните институции доколку имаат потреба од детални информации, стоиме на располагање. Се надевам дека ова ќе биде последен случај, оти се работи за здравјето на граѓаните, рече Јорданов.

Екипите на ЈП „Исар“ продолжуваат и во наредниот период со 24 часовен надзор. Инаку, депонијата „Трештена скала“ е на неколку километри од градот Штип, а пред неколку години, кога исто така беше запалена од страна на собирачи на старо железо предизвика и пожар во атарите на две штипски села, предизвикувајќи штета на земјоделски култури, а пожарникарите мораа брзо да интервенираат со цел огнот да не ги зафати и првите куќи во селото Драгоево.

Трипуновски: Имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот

„Имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи според податоците на ДЗС“.

Трипуновски: Имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот

„Државниот завод за статистика изминативе денови излезе со податоци, со споредба на првиот квартал од 2024 година и со првиот квартал од 2025 година. Бројките говорат дека имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од општина Босилово.

„Во градинарскиот сектор зголемувањето е до 50% во споредба со првиот квартал од 2024 година. Тоа значи дека навистина како Влада, како Министерство се движиме во вистинска насока, да го зголемуваме производството и девизниот прилив во државата“, појасни министерот.

Министерот посочи дека и во другите сектори има зголемување во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи.

„Тоа е еден добар параметар, добар показател дека навистина она што го работиме изминативе 10-11 месеци како Влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски дава позитивни резултати“, истакна министерот Трипуновски.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Претставата „12“ на МНТ ќе го отвори 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Претставата на Театар Комедија ќе го затвори 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Претставата „12“ на МНТ ќе го отвори 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Претставата „12“ во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Македонскиот народен театар од Скопје, ќе го отвори 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој ќе се одржува одржува од 6 до 13 јуни во Прилеп. Во официјалната конкуренција се девет претстави и пет претстави од независната продукција.

Свеченото отворање на Фестивалот ќе биде на 6 јуни во 20 часот на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“. Тогаш ге бидат доделени и наградатите за животно дело. Годинашни добитници се актерите: Снежана Коневски-Руси, Гоце Тодоровски и Соња Михајлова.

Претстава „12“ е дел од официјалната селекција на Фестивалот.

На затворањето на фестивалот, на 13 јуни, на истата сцена во Центарот за култура во Прилеп од 20 часот во чест на наградените ќе биде изведена претставата „Вистината 2“ од Флоријан Зелер, во режија на Владимир Јурц во продукција на Театар Комедија.

Фестивалот за претставите ќе ја користи сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“ која ќе ги задоволува сите стандарди за одржување масовна манифестација, а ќе се користат и други алтернативни сцени в Прилеп. Ќе има промоции, изложби, разговори на тркалезната маса за претставите.

Влезниците за фестивалските претстави ќе бидат пуштени во продажба на 2 јуни на билетарницата од Центарот за култура „Марко Цепенков“, како и онлајн.

Фестивалот ја објави и целосната програма.

притисни ентер