Синоќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, 102 санкции за возачи на мотоцикли, шест лишени од слобода
2Синоќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, 102 санкции за возачи на мотоцикли, шест лишени од слобода
МакедонијаНиколоски: Со сложени инженерски зафати кои за прв пат се користат во регионот, ќе го доизградиме автопатот Охрид-КичевоЗа прв пат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова за прв пат се изведува во регионот, а се со цел да се овозможи стабилизирање на косините и земјиштето од овој обем. Ова го изведуваме за целосна доизградба и ставање во функција на безбедно автопатско решение - истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, пратеникот Ѓорѓи Сајкоски и градоначалниците од Кичево и Дебрца извршија увид на работите на автопатот Охрид-Кичево. “ Ние досега само зборувавме колку е тежок овој проект, но денеска целата македонска јавност може да се увери, дека се работи за најтешкиот инженерски проект, не само во Македонија, туку и во целиот регион. Се работи буквално на пробивање на планини, за косини коишто се од 100 до 200 метри, за земјиште коешто постојано се спушта до главната траса и за бројни проекти, кои што за жал 11 години откако почнал да се гради овој автопат не биле решавани. Со изборот на новата Влада, почнаа овие проблеми да се решаваат. Решаваме вкупно 16 косини, од кои што на 14 ќе имаме стабилизација со така наречени галерии, нешто што за прв пат ќе се изведува, не само во Македонија, туку во целиот регион, каде што со армиран бетон се застанува цела планина, нешто што регионот го нема видено”, истакна Николоски. Вицепремиерот Николоски упати благодарност за посветеноста на сите инволвирани работници, изведувачи и инженери, кои работат на изведбата на овие инженерски зафати и како што потенцира, целта на изградбата на автопатот Охрид-Кичево не е само да се заврши, туку да биде и безбеден патен правец кој што ќе се користи во наредните децении. Министерство за транспорт Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШеснаесет маратонци пливаат на 39. Охридски пливачки маратонШеснаесет маратонци, од кои 11 во машка и пет во женска конкуренција, учествуваат на 39. Охридски пливачки маратон, што денеска се плива во водите на Охридското Езеро.25 километри долгата патека Климе Савин од Свети Наум до градското пристаниште во Охрди го пливаат маратонци од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина. Боите на Македонија ќе ги бранат Александар Илиевски, Петар Цеков, Леонид Мишевски и Росана Гошева. Покровители на маратонот се Општина Охрид, Министерството за спорт и претседателката Гордана Силјановска Давкова, додека технички организатор е пливачкиот клуб „Охридски Бранови 2008“ од Охрид. Наградниот фонд на годинашниот маратон изнесува 15 илјади долари, а паричните награди ќе бидат распределни соодветно за најдобрите пливачи во двете категории.Тагови: Охридски пливачки маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиноќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, 102 санкции за возачи на мотоцикли, шест лишени од слободаСообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Во текот на изминатата вечер (21/22.08.2026) во периодот од 18:00 до 01:00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје, спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот со посебен акцент за преземање мерки за мотоцикли, мопеди трицикли и четирицикли при што санкционирани се 262 возачи. Од нив за возачи на мопеди и мотоцикли изречени се 102 мерки и тоа 93 санкции за управување мотоцикли без заштитна кацига, четири мерки за несоодветна категорија, пет санкции за управување без положен возачки испит и 160 останати мерки за други видови на прекршоци меѓу кои за не носење возачка дозвола, не носење сообраќајна дозвола, не истакнати таблици, минување на црвено... Исто така привремено е одземен еден мотоцикл поради измината важност на регистрација повеќе од шест месеци, а шест лица се лишени од слобода по член 297 а од Кривичниот законик. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Битола беше одбележан Денот на формирањето на седмата македонска ударна бригадаЗаменик градоначалничката на Битола Марина Крстиќ денеска присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на Денот на формирањето на седмата Македононска ударна бригада 22 август 1944 година.На свеченоста беше интонирана химната на Република Македонија, по што присутните положија свежо цвеќе пред спомениците. Во име на општина Битола свежо цвеќе положи и се поклони пред спомениците на народните херои Васко Карангелевски и Пецо Гудовски во градското шеталиште во Битола, заменик градоначалничката Крстиќ. Пригодно обраќање имаше претседателот на огранокот за формирањето на седмата Македонска ударна бригада, а свеченоста ја организираше Здружението на ветерани на одбраната и безбедноста на Република Македонија-огранок Битола. Општина БитолаТагови: Општина Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook