МакедонијаНиколоски: Проблемот на професионалните возачи го решаваме самостојно, веќе се издаваат долгорочни визиМакедонија самостојно и успешно го решава проблемот со престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната, дециден е вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој информираше дека веќе се издаваат долгорочни работни визи, а склучени се договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, додека разговорите со Словенија, Австрија и Германија се во завршна фаза. Претходно дел од медиумите во соседството објавија дека Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија испратиле заедничко писмо до Европската комисија со барање за системско решение најдоцна до 10 август. Во однос на овие информации Николоски повтори дека земјава проблемот го решава на експертско ниво -Ова прашање го водиме самостојно, од причина што други земји е злоупотребено. Дел за естрада, дел за политички поени таму и се што кажаа од тие соседни држави до сега не се реализирапе. Би замолил македонските транспортери за тоа се свесни и им е доволно јасно да не се потпаѓа под туѓи пропаганди и ние да си ја гледаме нашата работа, а во моментов сум апсолутно задоволен како се одвива нашата работа и како се решаваат проблемите за нас,- Александар Николоски – министер за транспорт и врски. И превозниците сметаат дека решението треба да се бара преку билатерални договори со секоја земја од Шенген-зоната. Од „Макам-транс“ велат дека имаат доверба во домашните институции и во активностите што ги презема Министерството за транспорт..Како позитивен пример ја посочуваат Хрватска, но додаваат дека сè уште треба да се прецизираат процедурите и потребните документи за добивање годишни визи. -Уште на првиот состанок пред протестите кажавме дека не станува збор за политичко барање, туку за чисто егзистенцијален проблем кој сакаме да биде надминат. Имаме доверба во работата на нашите државни органи, бидејќи без нив не може да се реши проблемот затоа што сепак тоа мора да биде на билатерална основа,- Билјана Муратовска – генерален секретар на „Макам Транс“. Во меѓувреме, еврокомесарот за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер, изјави дека Европската комисија им предложила на земјите членки и на државите од Западен Балкан да се договорат за долгорочни визи за професионалните возачи. Во интервју за Европскиот весник ЕНР, Брунер нагласи дека ова би било привремено решение, додека долгорочно решение ќе се бара преку новата визна политика на Унијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
МакедонијаПриведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајциМинистерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. -На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР. Тагови: охрид полицијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругатаВо Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. -На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
ФудбалИталијанците воодушевени од Лука Модриќ Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“. Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар. Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим. „Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно. Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.Тагови: Лука Модриќ Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter