Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
МакедонијаНиколоски: Планина поместивме да го изгрaдиме експресниот пат од Фариш до Дреново, од денеска го пуштаме за сообраќајОд денеска се пушта за сообраќај експресниот пат делница Фариш - Дреново, како дел од експресниот пат Градско – Фариш. Инвестицијата е вредна 44, 7 милиони евра и како што истакна вицепремиерот Николоски, ова била втората најтешка делница за работа, после автопатот Кичево-Охрид. Од денеска жителите на цела Пелагонија, Тиквешкиот регион и сите други граѓани ќе можат да возат по побезбеден, поквалитетен и побрз патен правец. Во продолжение интегралното обраќање на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски: “Навистина е големо задоволството што во ова лето, граѓаните од Тиквешкиот регион, од Прилеп, Битола, Ресен, Могила, Новаци, Кривогаштани и оние што сакаат полесно да патуваат до Охрид и таму да го поминат дел од одморот, ќе можат да го користат овој експресен пат. Навистина честитки до сите кои беа вклучени во реализацијата на можеби втората најтешка делница од сите што ги работиме во моментов. Гледано како подвиг после автопатот Охрид-Кичево, ова е дефинитивно најсложениот подвиг кој што беше за решавање. Тунелите позади нас и планинанта позади нив беа голем предизвик. Буквално планина се помести за да се изгради овој експресен пат и да е безбеден што е многу значајно. Ние решивме отворањето да се помести за неколку месеци со цел да имаме максимално безбеден експресен пат по кој граѓаните ќе можат да сообраќаат, но исто така и да ги отстраниме сите пречки кои што стоеја на реализацијата на овој пат. Замислете претходната Влада не помислила дека ако цела карпа стои на патот дека е возможно во дадени временски услови недајбоже истата да се сруши и на патот. Затоа на крајот на минатата година заедно со Премиерот донесовме одлука да се реши тој проблем, еве денеска е решен, ќе може да се види позади овие тунели дека планината не постои и тоа ќе е најлесниот и најбезбедниот начин за комуникација, што ќе значи од Скопје до Прилеп да се доаѓа за 1 час и 15, односно 1 час и 20 минути , а од Скопје до Битола да се патува за 1 час и 40 минути, а секако после реализацијата на автопатот Прилеп - Битола кој што доста интензивно се работи и за многу, многу пократко. Би сакал лично да се заблагодарам на Премиерот за неговата посветеност, немаше да бидеме денеска тука доколку лично не беше вклучен во реализација на овој проект, да се заблагодарам на директорот на ЈПДП и сите вклучени. И ќе ми дозволите, обично на свечени моменти не коментираме политика, но чесно е да се кажат два збора. Во текот на минатата година за време на изборната кампања, заедно со тогашните кандидати за пратеници а сега пратеници, снимавме еден спот во кој ветивме дека во рок од една година експресниот пат од Градско преку Дреново до Фариш ќе биде завршен. Неколку дена после нас, спот извадија и од СДСМ, тогашниот носител Венко Филипче со тогашниот министер за транспорт Благој Бочварски. И имаше две реалности, ние излеговме на пат кој што не постоеше, тие излегоа на завршен пат. И сфативме дека тоа се првите употреби на вештачка интелегенција во Македонија на лош начин, односно со вештачка интелегенција направиле како патот да е готов. Поладнето кандидатите за пратеници излегоа тука и ги поканија новинарите и се видоа позади купишта карпи и камења. Така што после година дена имаме реалност, а не вештачка интелегенција и затоа ние сме таму каде што сме, а нашите опоненти каде што се. Ќе продолживме да ја градиме Македонија уште поинтензивно, претседателе благодарам за подршката. Нека е со среќа и аирлија”- се обрати вицепремиерот Александар Николоски Свое обраќање имаа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски кои истакна за огромното економско и регионално значење за овој патен правец. Претходно беше пуштен за сообраќај експресниот пат делот од Градско до Дреново. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
ЕвропаБрод е погоден со дронови на 25 километри од брегот на Романија- има загинати и исчезнати (ВИДЕО)Романските власти најавија операција за пребарување и спасување во Црното Море откако избувна пожар на товарен брод. Едно лице загина, а тројца се водат како исчезнати. Властите не соопштија што го предизвикало пожарот на бродот, но неколку локални медиуми објавија дека бил погоден од беспилотни летала. Според Романската поморска администрација, инцидентот се случил околу 13 наутички милји источно од пристанишниот град Констанца и бил пријавен околу 10 часот по локално време. Екипажот на бродот се состоел од десет украински и тројца азербејџански државјани. „Најновиот инцидент со брод во Црното Море е дел од руската ескалација во регионот“, рече романскиот претседател Никушор Дан. 10 лица спасени од близок трговски брод Министерството за внатрешни работи соопшти дека граничната полиција добила извештај од Поморскиот координативен центар за пожар на трговски брод кој „претрпел сериозна штета и се превртел, со непосреден ризик од потонување“. Видеото што го споделил поранешниот советник на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашченко, покажува дека бродот е пред потонување. „Од 13-те лица на бродот, десет беа спасени од друг трговски брод што беше во близина. Девет лица се живи, а едно почина. Три лица сè уште се водат како исчезнати“, се вели во соопштението на министерството. Романската поморска администрација го идентификуваше бродот како товарен брод „Хорив“, кој пловеше под знамето на Коморите. Според податоците од веб-страницата MarineTraffic, која го следи морскиот сообраќај, бродот исплови од Турција на 21 октомври и се упати кон романското пристаниште Сулина. „Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преостанатите тројца членови на екипажот“, потврди поморската администрација. Таа додаде дека поради неповолните временски услови и слабата видливост, не било можно да се изнајми хеликоптер. The Comoros-flagged merchant ship Khoryv sank in the Black Sea off the coast of Romania this morning. Preliminary reports suggest the vessel may have been sunk by a drone attack. There were 13 crew members on board - 10 Ukrainian nationals and three Azerbaijani nationals, according to the Romanian Naval Authority. So far, rescue teams have pulled nine people alive from the water and recovered one body. The search and rescue operation is ongoing. — Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) October 23, 2026 Страв од ширење на војната Инцидентот следува по серија напади со беспилотни летала врз најмалку седум товарни бродови покрај бреговите на земјите-членки на НАТО, Романија и Бугарија, во текот на октомври. Нападите ги поттикнаа стравувањата дека војната на Русија во Украина се шири во соседните области на Црното Море. Неодамнешните напади во ексклузивните економски зони на двете земји се закануваат на важна меѓународна морска рута. Две лица загинаа во нив, а најмалку 25 лица сè уште се водат како исчезнати. Во саботата, романските пилоти, ангажирани во задачи за надзор на воздушниот простор, соборија два дрона во романските територијални води на Црното Море.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
ЕкономијаГоривата во Европа уриваат рекорди- дизелот и бензинот поскапеа и до 42% Цените на горивата и мазивата за патнички автомобили во Европската Унија во септември беа за 31,4 проценти повисоки отколку во истиот месец во 2025 година, објави Евростат.Растот на цените се забрзува од месец во месец. За споредба, зголемувањето на годишно ниво во јули изнесуваше 16,9 проценти, додека во август достигна 23,8 проценти. Според Европската статистичка служба, растот во септември беше поголем отколку во јули и август во дури 26 земји-членки на ЕУ (во споредба со 2025 година), објави Кликс. Најголем скок во три европски земји Во споредба со септември минатата година, цените на горивата скокнаа за повеќе од 40 проценти во три земји: • Бугарија: 42,2% • Естонија: 40,6% • Литванија: 40,2% Уште 12 земји-членки забележаа раст од повеќе од 30 проценти - од 37,5 проценти во Чешка до 30,3 проценти во Португалија. Од друга страна, најмал годишен пораст е забележан во Унгарија (6,9%), по што следат Ирска (17,7%) и Шведска (19,9%). Месечно зголемување на цените на дизелот и бензинот На месечна основа (септември во споредба со август), цените на дизелот во ЕУ се зголемија во просек за 5,9%, а цените на бензинот за 6,7%. Еден месец претходно, цените на дизелот се зголемија за 8,3% во споредба со јули, додека цените на бензинот се зголемија за 3,3%. Дизел: Цените се зголемија во 26 земји помеѓу август и септември. Најголеми зголемувања се забележани во Шведска (12,8%), Латвија (10,3%) и Полска (9,7%), а најниски во Шпанија (2,4%), Хрватска (2,5%) и Романија (3%). Бензин: Зголемувања се забележани и во 26 земји-членки. Највисок месечен раст е забележан во Шведска (13,8%), Полска (9,7%) и Естонија (9,5%), додека најнизок е во Кипар (3,8%), Романија (4,2%) и Словенија (4,6%). Немаше промена само во Малта, каде што цените на дизелот и бензинот се фиксни од 2020 година.Тагови: горивата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамВолво и Енвидија развиваат целосно автономни автомобили Волво и Енвидија ја прошируваат својата соработка што ќе овозможи развој на целосно автономни автомобили, способни за независно возење од точката на поаѓање до дестинацијата, вклучувајќи ги автопатите и градските сообраќајни метежи.Двете компании соработуваат од 2017 година, а во иднина Волво ќе го имплементира софтверскиот пакет Alpamayo на Енвидија, оперативниот систем Halos и сензорската и компјутерска архитектура Hyperion. Волво вели дека оваа технологија ќе овозможи систем со кој „возењето ќе биде полесно и поедноставно за клиентите“. Првиот чекор во оваа насока ќе биде воведување на систем за автономно возење кој не бара постојан надзор на возачот, таканаречен систем „очи-тргнување“. Ваквите технологии, класифицирани како Ниво 3, ги развиваат и други компании како што се Форд и Џенерал Моторс. Иако Мерцедес-Бенц и БМВ добија европски одобренија за своите системи претходно оваа година, неодамна привремено го запреа нивниот понатамошен развој. Тие ги наведоа високите трошоци и нискиот интерес на клиентите како причини. Волво, исто така, се стреми кон автономија „погледни-тргнувај“ Волво нема намера да застане на технологијата „погледни-тргнувај“. Шведскиот производител на автомобили планира постепено да воведува системи „одвлекување на вниманието“, каде што возачот повеќе нема да мора ментално да се занимава со возење. Компанијата не го откри точниот временски рок, но потврди дека еден од моделите од следната генерација ќе биде првиот што ќе го добие најновиот софтвер и хардвер на Nvidia. Алвин Бакенес, раководител на одделот за развој на софтвер на Volvo, за TechCrunch изјави дека ова ќе се случи во текот на оваа деценија. „Volvo е синоним за безбедност во автомобилската индустрија речиси 100 години“, рече претседателот и извршен директор на Volvo, Хакан Самуелсон. „Со партнерство со Nvidia, комбинираме два докажани квалитети: нашата водечка експертиза за безбедност и нивната најсовремена технологија за вештачка интелигенција. Оваа комбинација ни дава единствена можност да создадеме побезбедни и попривлечни автомобили за клиентите.“ Логичко расудување слично на човекот Технологијата Alpamayo на Nvidia се базира на системи за вештачка интелигенција кои се развиени за роботакси и автономни возила и се способни за логично расудување. Клучната карактеристика на системот е тоа што не само што реагира на визуелни стимули, туку може логично да ја процени ситуацијата и да ги објасни своите постапки, со што се приближува кон начинот на кој размислува човечкиот возач. Покрај автономната навигација од адреса до адреса, технологијата нуди и можност за целосно независно паркирање. Новиот Mercedes-Benz CLA е првиот автомобил на пазарот со пакетот Alpamayo, но користи само мал дел од своите реални можности.Тагови: Волво Енвидија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter