МакедонијаНиколоски од Виенскиот економски форум: Македонија ги започнува стратешките проекти на транспортните Коридори 8 и 10Во Македонија моментално ги реализираме најкрупните капитални проекти во изградба на патната и железничката инфраструктура на главните транспортни Коридори 8 и 10. Имаме визија преку развој на инфраструктурата да придонесеме за регионален развој, за економска стабилизација и брз и сигурен транспорт кон Централна и Југоисточна Европа, истакна вицепремиерот Николоски на панел дискусијата на економскиот форум во Виена. Презентирајќи ги капиталните проекти, тој потенцираше дека во Македонија се работи на изградба на нови автопати на Коридор 8, на граничните премини како и на модернизација на автопатскиот Коридор 10. Исто така истакна, предизвик е развојот на железничката мрежа преку изградба на брзата пруга на Коридор 10 која ќе има силно влијание врз меѓународниот транспорт. Во својот говор зборуваше и за железничкото поврзување со Бугарија на Коридор 8 како и за плановите за железничко поврзување со Албанија. Во продолжение интегралниот говор на вицепремиерот Николоски: "Благодарам многу, чест и задоволство е да се биде тука. Вчера го споделив мојот став и моето мислење за регионот и можното проширување, сега ќе зобрувам повеќе за економскиот развој и за тоа што правиме ние во нашата земја и како тоа влијае врз целиот регион. Оваа влада беше избрана во јуни минатата година и веќе мина повеќе од една година од нашето владеење и имаме мошне амбициозна инвестициска агенда усвоена од Владата. Би сакале да ја искористиме можноста, единствената географска локација што ја има државата, иако немаме излез на море, сепак имаме среќа што еден од европските коридори минува источно од нашиот главен град Скопје, коридор 10, најдолгиот пан-европски коридор кој започнува во Атина, во пристаништето Переа и завршува во Финска, значи, целиот северо-западен европски коридор, а вториот е коридор 8, кој ги поврзува Јонското и Јадранското Море со Црното Море, тоа е источно-западниот коридор на Југоисточна Европа. Ова е огромна можност за нас која сакаме да ја искористиме и започнавме мошне амбициозно со развивањето на овие коридори. Со коридорот 10 во делот на автопатите состојбата е горе-долу добра, има добра инфраструктура и добар автопат од границата со Србија до границата со Грција. Со коридорот 8 ситуацијата не е толку добра, но започнавме да го развиваме. Па, или градиме или веќе сме завршиле или ќе изградиме автопати од границата со Албанија до границата со Бугарија. Во моментов ги реконструираме граничните премини и ги надградуваме бидејќи би сакале да имаме пократко време на чекање на граничните премини. Вкупната инвестиција во автопати и експресни патишта на коридор 8 ќе биде околу 1,5 милијарди евра, што за нашата економија, е навистина нешто огромно и нешто што е значајно. Го развиваме и коридорот 10д – коридорот кој го крати растојанието меѓу Атина и Скопје. Ако во моментов се патува осум до осум и пол часа, со ова ќе се скрати на пет до пет и пол часа. Од наша страна го градиме најголемиот автопат што е некогаш изграден во државата, околу 55 километри, а од другата страна градат и Грците и тоа е делот кој недостига од сложувалката, па се надевам дека кога од Виена ќе патувате кон Атина ќе скратите барем три часа со она што го градиме сега. Железницата за нас е огромен предизвик, но истовремено и огромна шанса. Имаме визија за која мошне гласно зборував кога бевме во опозиција. Се сеќавам дека кога во 2022 Пријатели на Европа ме избраа за највијателни личности под 40 години, а сега за жал над 40, зборував за ова и тоа беше сосема нова приказна за најголем дел од европските метрополи, вклучително и Виена. Со развивање на железничкиот коридор 10, брзата железница, може да го скратиме времето за снабдување за Европа од 21 до 24 дена. Зашто, ако сега пловилото минува низ Суецкиот канал, минува низ Средоземното Море, Гибралтар, Хамбург, Антверпен, Ротердам или северните пристаништа. Единствената причина поради која северните пристаништа се користат во толкава мера, тоа е затоа што имаат добра инфраструктура до централна Европа. Но ако успееме да создадеме добра инфраструктура на железницата на коридор 10, бидејќи тоа е најевтиниот и најбрз начин за транспортирање на стоки, тогаш тоа време може да се скрати на 21 до 22 дена. Поголемите пловила да се застануваат во Атина и да дојдат во Виена, а помалите во Солун и да пристигнат тука. Имаме амбициозна програма за изградба на брза железница, патничките возови ќе возат со 250 км на час, но она што е важно се товарните возови кои ќе возат 140 км на час, со најдолгите можни возови кои возат низ Европа во моментов, 750 метри долги возови. Веќе има брза железница меѓу Атина и Солун, меѓу Белград и Будимпешта, ќе биде во функција од на пролет, Будимпешта-Виена е горе-долу добра инфраструктура и она што ни недостига се Белград-Ниш-Скопје-Солун. Веќе имаме договор со нашите грчки пријатели, се сретнав со вицепремиерот на Грција пред еден месец, тие ќе го изградат делот кај нив што недостига, од Солун до нашата граница, а ние започнуваме на пролет следната година со изградба на нашиот проект. Тоа ќе биде најголемиот проект во Југоисточна Европа, иако ние сме една од најмалите држави во тој регион. Инвестицијата ќе биде околу 2 милијарди евра. Бидејќи не сме членки на ЕУ, имавме две алтернативи: да потпишеме со Кинезите, не е тајна дека тие дојдоа уште на првиот ден кога започнавме како Влада, понудија заем без камата, ако градиме со нив. Но ние мислевме дека од витално значење за Европа, бидејќи коридорите, особено железничките, користат мошне иновативна сигнализација што може да се искористи и за други работи, покрај железницата, решивме да потпишеме договор за стратешко партнерство со Велика Британија. Имаме 5 милијарди фунти, 6 милиони евра на располагање, од кои 2 ќе ги искористиме за овој проект, со добри услови, за жал не можам да ги споделам условите сега, бидејќи се’ уште се доверливи, но кога ќе се откријат, мислам сите ќе се согласат дека се поволни. Очекуваме да почнеме следната година и да завршиме во 2031, бидејќи се работи за двојна пруга, првата, товарната што ќе заврши во 2028 година. Очекуваме само од коридор 10 во правата година откако ќе биде завршена железницата, да имаме приход од користењето на железницата од околу 120 милиони евра, само за транзит. Тековниот приход е 12 милиони, само за споредба, а потоа и ќе се зголемува, па може да замислите каков процут ќе биде тоа за економијата за Австрија, за Унгарија, бидејќи тоа се копнените пристаништа од каде што се движат стоките кон остатокот на Европа. Втор е коридор 8, тој е мошне важен за безбедноста, за политиката. Од страната на автопати, веќе инвестираме многу, а развиваме и железнички коридор. Минатата недела имавме церемонија со бугарскиот вицепремиер потпишавме договор за заедничко спојување, ќе се споиме со тунел, познатиот тунел кој беше дел од политички кампањи и спорови меѓу двете земји. Сега тоа прашање е решено. Очекувам добар напредок. Имаме три делници за спојување на главниот град со границата со Бугарија. Првата е веќе во функција, од јануари годинава, втората ќе биде готова во октомври следната година, а третата, соработуваме со ЕИБ и ЕБРД и се надевам дека со промените нема да ни треба многу време, бидејќи дадов политичко ветување дека ќе го објавам тендерот во декември, па зависи колку ќе трае истражувањето на пазарот, се надевам нема да трае три месеци и дека ќе може да го објавиме повикот во декември, па ќе можам да ве поканам на пролет за церемонијата на поставување камен темелник на третата делница од автопатот што треба да не’ поврзе со Бугарија. И од другата страна вложуваат големи инвестиции, морам да ги поздравам. Од наша страна ние веќе инвестираме околу 800 мил евра, Бугарите инвестираат 1,2 милијарди евра, па вкупно ќе потрошиме околу 2 милијарди евра заедно да ги поврземе Скопје и Софија – нешто што е сон на многу генерации, нешто за што сме учеле во основно, во средно училиште. Ние, со бугарскиот вицепремиер, имавме среќа да го потпишеме овој договор, се надевам и нашите албански пријатели ќе се приклучат, бидејќи ова ќе има смисла ако сите се поврземе. Следниот предизвик е да го развиеме западното крило од железницата и истото да го направи и Албанија, па се надеваме дека до 2031 година прво ќе имаме редовна линија од Скопје преку Софија до Бургас, а потоа зависно од брзината на нашите албански пријатели, да го поврземе и Јонското Море. Има и други проекти, но сметав дека ова е важно да го споделам и е нешто што може да послужи како пример за регионот и како можеме да соработуваме заедно и со нетрпение ги очекувам подоцнежните прашања. Ви благодарам за времето и за трпението" - се обрати Николоски. Министерство за транспортКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
КошаркаВидео: Обрадовиќ експлодираше од среќа по тројка за победа од 9 метри во последната секунда!Еден од главните фаворити за титула во кошаркарската Евролига, Панатинаикос синоќа ја совлада Валенсија на спектакуларен начин со резултат 86:83.Еден од главните фаворити за титула во кошаркарската Евролига, Панатинаикос синоќа ја совлада Валенсија на спектакуларен начин со резултат 86:83, а херој на натпреварот беше Најџел Хејс-Дејвис, кој со звукот на сирената погоди неверојатна тројка од речиси девет метри. Завршницата целосно ги воодушеви љубителите на кошарката, но посебно внимание привлече реакцијата на Жељко Обрадовиќ покрај теренот. Искусниот стручњак не можеше да ги скрие емоциите – скокна, ги стегна тупаниците и бурно го прослави големиот триумф на грчкиот тим. Валенсија имаше предност од 83-80 на помалку од 40 секунди до крајот, но Кендрик Нан израмни со тројка. Домашниот тим потоа не го искористи својот напад, а Панатинаикос ја доби последната шанса за победа. Силвен Франсиско го пронајде Хејс-Дејвис, кој го реши натпреварот со спектакуларен потег во последните моменти. View this post on Instagram A post shared by Panathinaikos BC (@paobcgr) Снимката од реакцијата на Обрадовиќ брзо стана хит на социјалните мрежи, а навивачите ја коментираа неговата неверојатна страст. Од Панатинаикос дури порачаа дека овој момент заслужува да биде изложен во Лувр.Тагови: Евролигата Обрадовиќ Панатинаикос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Малешевска прженицаВо среда (18.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Горан Симевски.Состојки за денешниот рецепт: 300 гр. свинско месо (или џимиринки) 1 - 2 страка праз 3 суви пиперки 1 парче сирење малку буковка масло сол и др. зачини по избор За украсување: 2 лажици кисела павлака магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМал авион се урна во САД, меѓу загинатите има и децаШест лица, меѓу кои и две деца, загинаа во авионска несреќа што се случи вчера во близина на брегот на Мисисипи, потврди Крајбрежната стража на САД. Авионот паднал во Мексиканскиот Залив, пренесува Би-Би-Си. Се урнал во морето, нема преживеани. Според сервисот за следење летови „ФлајтАвер“ (FlightAware), станува збор за мал авион од типот „Цесна 210“ (Cessna 210), кој летал од Њу Орлеанс кон Форт Мајерс, Флорида. Контролата на летање изгубила контакт со леталото околу 15:45 часот по локално време, а надлежните соопштија дека несреќата се случила во областа помеѓу градот Паскагула и островот Хорн. Портпаролот на Крајбрежната стража, Хуан Рос, изјави дека спасувачите со часови трагале по патниците. Првично, на површината на морето пронашле само три појаси за спасување, сплав и делови од кабината. Подоцна, нуркачи ги откриле телата на четворица возрасни и две момчиња – на возраст од осум и десет години – во трупот на леталото. 🇺🇸 UPDATE: LIFE JACKETS, LIFE RAFT, and CABIN located after Mississippi plane crash A Cessna 210 flying from New Orleans to Fort Myers suddenly lost altitude about 30 minutes after takeoff. Flight data shows the aircraft descending from 8,800 feet at a staggering 18,000 FEET PER MINUTE. It was just south of Pascagoula, Mississippi, before its signal disappeared. The Coast Guard was alerted around 3:45 p.m. local time today after the FAA lost contact with the aircraft. Search crews have since recovered 3 LIFE JACKETS, a LIFE RAFT, and the PLANE CABIN near Horn Island, a remote island off Mississippi's coast. Four adults and 2 children were reportedly aboard. Source: CNN, Flightradar24 / Writer: Marie https://t.co/Vm1xmFK6tM — Mario Nawfal (@MarioNawfal) November 25, 2026 Командантот Тревор Блаунт, координатор на спасувачката операција на Крајбрежната стража, го коментираше исходот од потрагата. „Иако ова не е исходот на кој сите се надевавме, благодарни сме за одличната соработка меѓу сите вклучени служби. Тоа ни овозможи брзо да ги лоцираме патниците и на семејствата да им пружиме барем некаков мир“, рече Блаунт.Тагови: авионска несреќа САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook