Николоски: Настанот во организација на УМС и IYDU е најголем политички настан што УМС го организирала во Македонија - Канал 5

Николоски: Настанот во организација на УМС и IYDU е најголем политички настан што УМС го организирала во Македонија

На денешниот настан организиран од страна на Унијата на млади сили и Меѓународната демократска унија, во изјава за медиуми потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски истакна дека овој настан е еден од најголемите настани.

Николоски: Настанот во организација на УМС и IYDU е најголем политички настан што УМС го организирала во Македонија

На денешниот настан организиран од страна на Унијата на млади сили и Меѓународната демократска унија, во изјава за медиуми потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски истакна дека овој настан е еден од најголемите настани организирани од Унијата на млади сили предводена од Сергеј Попов, како резултат на посветеноста, развојот и работата на Унијата.

„Би сакал да честитам, ова е најголемиот настан којшто Унијата на млади сили го има реализирано од своето основање, Меѓународната демократска унија е најголемото семејство на центар-десни, конзервативни и центар политички партии во светот, и со тоа нејзиниот подмладок е најголемиот политички подмладок којшто ги застапува овие идеи и овие политички визии. Со самото тоа, тоа што Скопје е одбрано на светската мапа и тоа што Унијата на млади сили е избрана од сите подмладоци да го организира овој настан, мислам дека многу говори за посветеноста на Унијата на млади сили, на тимот предводен од Сергеј Попов“, рече Николоски.

Николоски истакна дека овој настан е доказ дека Унијата на млади сили се развива, со посебно внимание од страна на државата во делот на образованието, поддршката на студентите, како и вработувањето на млади лица.

„Ова е најдобар доказ дека Унијата на млади сили се развива, нешто што е гордост за сите нас, секогаш најдобрите идеи и најдобрите кадри во ВМРО-ДПМНЕ произлегувале токму од Унијата на млади сили. Оваа генерација има светла иднина и дека партијата ќе црпи многу од овие луѓе коишто се сега во рамки на Унијата на млади сили. Европската народна партија е најголемо политичко семејство во Европа, низ еден дијалог ќе може Унијата на млади сили да презентира што правевме во изминатиот период и кои се нашите визии и планови за иднината. Посветуваме големо внимание, дали е тоа во делот на реформи во образованието, во делот на поддршка на студентите, вработување на младите лица, обучување и прифаќање на предизвикот за новите технологии кои што доаѓаат, навистина имаме еден широк спектар кадешто се бориме да помогнеме на младите луѓе“, вели Николоски, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседaтелката Сиљановска Давкова утре ќе учествува на надзорната расправа за „Алта банка“

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова утре ќе присуствува на надзорната расправа посветена на „Алта Банка“. 

Претседaтелката Сиљановска Давкова утре ќе учествува на надзорната расправа за „Алта банка“

Како што потврдија од нејзиниот кабинет за Канал 5, нејзината агенда била прилагодена да може да биде присутна на расправата, која почнува во 11 часот во Комисијата за финансирање и буџет, а потоа да се посвети на активностите за состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони в петок, а чиј домаќин е таа. Денеска од СДСМ ја прозваа Сиљановска дека по втор пат не одговорила на поканата за присуство на надзорната расправа.

На првата надзорна расправа која се одржа пред две недели сведочеа Мицкоски, Славески, министерката Димитриеска-Кочоска, вицегувернери, претставници на државни органи и граѓански организации, како и јавниот обвинител Ненад Савески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руте со предупредување: Подгответе се за војна

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги повикува земјите-членки да ги подготват не само своите вооружени сили, туку и нивното цивилно население за евентуална војна!

Руте со предупредување: Подгответе се за војна

Според него, подготвеноста бара соработка меѓу компаниите, државните институции, локалните заедници и граѓаните, објави Илталехти.

Руте зборуваше за ова прашање на состанокот на Парламентарното собрание на НАТО во Берлин. Покрај Финска, тој ги наведе Норвешка, Шведска и Данска како примери, кои, според него, се пред другите земји во однос на подготвеноста.

„Можеме да учиме од најдобрите примери во НАТО, а мислам дека тоа се сè уште Норвешка, Шведска, Данска и Финска.“

Руте повика граѓаните да бидат јасно информирани за тоа како да дејствуваат во случај на војна, како и да се подобри соработката меѓу полицијата, службите за итна медицинска помош и службите за спасување со вооружените сили.

Руската закана сè уште постои

Руте, исто така, предупреди дека заканата што ја претставува Русија нема да исчезне дури и ако заврши војната во Украина. Според него, руската воена индустрија работи со полн капацитет, а воената економија на земјата продолжува да расте.

Руте, исто така, се осврна на непријателските активности насочени против земјите од НАТО. Тој, меѓу другото, спомена палење фабрики, саботажи на железници и аеродроми, напади врз бродови и сајбер напади.

Тој, исто така, особено го истакна падот на руските ракети на полска територија и упадите во поморските простори на Романија и Бугарија.

Генералниот секретар, исто така, повика на зголемување на производството на оружје. Според него, земјите од НАТО би можеле да произведат околу четири милиони артилериски гранати следната година, што е речиси двојно повеќе во споредба со 2025 година.

Производството треба да се зголеми и кога станува збор за системи за воздушна одбрана, беспилотни летала и средства за нивно неутрализирање, како и прецизно оружје со долг дострел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кошаркар во инвалидска количка е обвинет за 11 случаи на силување- се соочува со доживотен затвор

Ли Фрајер (26), член на британскиот тим кој освои сребро на Параолимписките игри во 2024 година, се појави на суд за серија напади врз истата жена во период од пет години.

Кошаркар во инвалидска количка е обвинет за 11 случаи на силување- се соочува со доживотен затвор

Спортистот од Јоркшир, Англија, кој неодамна стана татко, е обвинет и за воајеризам, намерно давење, напад и контролирачко и принудно однесување во врска, објавува „Њујорк пост“.

Фрајер, кој ги загуби обете нозе, првпат беше уапсен во јули, по што беше суспендиран од британскиот кошаркарски тим во инвалидски колички. Подоцна беше обвинет и за поседување кокаин и попречување на правдата.

Обвиненијата за силување се однесуваат на наводни напади што се случиле во Шпанија, Јужна Африка и во неговиот дом во Англија. Првиот инцидент датира од мај 2021 година, додека најновиот наводен напад се случил оваа година.

Доколку биде осуден, Фрајер се соочува со доживотна казна затвор.

„Свесни сме за кривичните обвиненија против Ли Фрајер и ја признаваме сериозноста на обвинувањата. По неговото апсење, тој е суспендиран од тимот на Велика Британија и од сите активности на Британската кошарка во инвалидски колички, во исчекување на завршувањето на независна истрага. Со оглед на тоа што судските постапки се во тек, не би било соодветно да се даваат дополнителни коментари во овој момент“, се вели во соопштението на Британската кошаркарска федерација. Фрајер, кој стана татко во февруари, се изјасни за невин по сите обвиненија освен за воајеризам, за што не се изјасни, објавува Би-Би-Си.

Неговото судење е закажано за 22 март следната година, а тој ќе остане во притвор дотогаш. Тој се појави на суд само две години откако го имаше своето параолимписко деби како член на британскиот тим за кошарка во инвалидски колички. Тимот на Велика Британија го постигна својот најдобар резултат во последните 28 години во 2024 година. Во финалето за златниот медал, Британците загубија од Соединетите Американски Држави со 73:69.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер