Николоски од Подгорица: Модернизација на транспортната инфраструктура како услов за економски развој и посилна регионална соработка
2Николоски од Подгорица: Модернизација на транспортната инфраструктура како услов за економски развој и посилна регионална соработка
3ВМРО-ДПМНЕ: Герасим Лазов е човек кој добил функција поради тоа што е нечие внуче и затоа не може да коментира паушално
Шоу бизНиколас Кејџ се прости од филмската кариера: Кажав сѐ што имав да кажам (ВИДЕО)Николас Кејџ се појави во повеќе од 100 филмови во својата долга кариера, но неодамна откри дека неговата филмска кариера полека привршува, пренесува Variety.„Чувствувам дека до сега, по 45-годишна кариера и повеќе од 100 филмови, кажав сѐ што имав да кажам преку кинематографијата. Би сакал да се поклонам и да кажам „Адиос““, изјави Кејџ. „Мислам дека ми остануваат уште три или четири филма додека да дојдам до тој момент, а потоа се надевам дека ќе го сменам форматот и ќе најдам некој друг начин да ја изразам својата глума. „Посакувам да ја напуштев филмската индустрија кога бев на врвот, со филм како „Сценарио за соништата“. Но, имам други договори за исполнување, па ќе видиме“, продолжил тој. „Ќе бидам многу строг и пребирлив при изборот на филмови.“ Кога Кејџ би можел да го избере последниот филм во кариерата, тоа би бил Dream Scenario. Dream Scenario е црна комедија од продуцентската куќа А24 во која Кејџ ја игра главната улога. Филмот го режираше Кристофер Боргли, а продуцираа Ари Астер и Ларс Кнудсен. Кејџ објасни дека сака да престане да работи на филмови бидејќи сака да се посвети на своето семејство. Актерот следниот месец ќе наполни 60 години и би сакал да поминува што повеќе време со своите деца. Кејџ исто така рече дека би сакал да глуми во телевизиска серија што ќе се снима на една локација, дека нема да мора да патува и дека ќе може да биде со семејството. Оваа година Николас Кејџ глумеше во филмовите Dream Scenario, Renfield и The Retirement Plan, а наскоро ќе го гледаме и во хорор филмот Longlegs.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПилотот загина, патнички авион е тешко оштетен во напад на аеродромот во Ријад (ВИДЕО)Пилот на „Сауди ерлајнс“ (SV) загина, а еден од авионите на авиокомпанијата беше сериозно оштетен во вчерашниот напад врз Меѓународниот аеродром „Крал Халид“ (RUH) во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија.Саудиската национална авиокомпанија ја потврди смртта на пилотот и штетата на авионот, велејќи дека во времето на инцидентот немало патници во авионот. Авиокомпанијата го идентификуваше пилотот како капетан Хамуд Али ал-Калтами. Не откри кој авион е оштетен, ниту даде дополнителни детали за околностите на неговата смрт. Саудиската изјава следеше по извештаите на новинските агенции дека авионот на авиокомпанијата претрпел сериозна штета и се запалил додека бил паркиран на терминалот на аеродромот. Извори цитирани од агенцијата велат дека штетата можела да биде предизвикана од остатоци од пресретната ракета или директен удар од ракета. Снимките објавени на социјалните медиуми покажаа патнички авион „Ербас А320“ паркиран на аеродромот со уништен поголем дел од трупот. Достапните снимки, исто така, сугерираат дека траката за слетување се олабавила или е уништена. Нема официјална потврда дека авионот е оној што го спомена Саудиска Арабија во своето соопштение, ниту пак е објавен точниот обем на штетата. WATCH: Footage confirms a Houthi strike hit a stationary aircraft at Riyadh Airport, Saudi Arabia. https://t.co/0FLJXDyA4U — Clash Report (@clashreport) October 8, 2026 Нападите на Хутите го нарушија сообраќајот на аеродромот во Ријад Движењето Хути во Јемен ја презеде одговорноста за нападот со балистички ракети врз Меѓународниот аеродром „Крал Халид“ на 8 октомври 2026 година. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија соопшти дека пресретнала две балистички ракети над Ријад. Саудиските власти изјавија дека остатоците од пресретнатата ракета паднале врз градинка и медицински комплекс во Ријад. 🇸🇦| Riyadh Airport, Planes Ablaze: An "Airport Within an Airport" Becomes Reality | October 8, 2026 Saudi Arabia spent tens of billions of dollars transforming King Khalid Airport into a "global aviation hub." Today, that vision was realized. An airport within an airport. The planes are still there. The runways remain. Perfumes still sit on the shelves of the duty-free shops. Yet not a single aircraft can take flight. Saudi Civil Defense calls this "property damage." A Saudia A310 reduced to a heap of scrap metal on the tarmac. That is called property damage. Missile debris raining down on a kindergarten and a clinic. That, too, is called property damage. Tabuk closed for 11 hours. Yanbu closed for 12 hours. Riyadh closed for 30 minutes, with nine planes circling overhead, afraid to land. Saudi Arabia's "Vision 2030" aimed to create a global aviation hub. Today, it achieved that goal ahead of schedule: zero delays, zero congestion, zero accidents. Zero flights. Brigadier General Saree issued a statement: "A final warning." This is not a threat. It is free customer service, the Yemeni Armed Forces offering risk advisories to international airlines so they don't become the next exhibit on the tarmac. Your warplanes take off from Khamis Mushait to bomb hospitals, homes, and weddings in Yemen. Now, your airport has transformed into a facility where planes can park, but cannot fly. An airport, yet not an airport. An airport within an airport. That equation was burned into reality today on the runways of Riyadh. — Aprajita Nafs Nefes 🦋 Ancient Believer (@aprajitanefes) October 8, 2026 Нападот следеше по претходните напади врз аеродромите во Ријад и Абјан на 6 и 7 октомври, во кои, според саудиските воздухопловни власти, загинаа три лица, а 36 беа повредени. Воздушниот сообраќај на аеродромот во Ријад беше сериозно нарушен на 8 октомври. Хутите нападнаа два аеродрома во Саудиска Арабија: Тројца загинаа, 36 беа повредени, употребена е балистичка ракета Според податоците од компанијата за анализа на воздушниот сообраќај „Цириум“, 169 од 378 закажани појдовни летови тој ден беа откажани или не беа реализирани. Неколку меѓународни авиокомпании ги прекинаа летовите до саудискиот главен град, вклучувајќи ги „Луфтханза“ и „Ер Индија“.Тагови: авион пилотот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски од Подгорица: Модернизација на транспортната инфраструктура како услов за економски развој и посилна регионална соработкаЗаменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Подгорица, оствари средба и со министерот за транспорт на Црна Гора, Радош Зечевиќ.На средбата се разговараше за можноста за унапредување на транспортното поврзување меѓу Македонија и Црна Гора, подобар пристап на пристаништата и нови развојни политики за меѓусебна соработка. Николоски и Зечевиќ разговараа и за зголемување на економската и трговската соработка меѓу двете земји, а беше потенцирана и потребата од подобро регионално поврзување и модернизацијата на транспортната инфраструктура. Вицепремиерот истакна дека Македонија работи на доизградба и модернизација на европските транспортни коридори, со цел подобро поврзување на регионот, олеснување на транспортот и обезбедување подобар пристап до регионалните пристаништа. На средбата беа разменети и искуства и практики во областа на поморскиот сообраќај. Соговорниците се согласија за потребата од унапредување на соработката во областите од заемен интерес, со цел создавање подобри услови за транспорт, трговија, инвестиции и економски развој во регионот.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Герасим Лазов е човек кој добил функција поради тоа што е нечие внуче и затоа не може да коментира паушалноВнукот на контроверзната Вилма Русковска, поранешна јавна обвинителка, која определен период беше и шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал, се јави да зборува за состојби во Фудбалскиот сојуз на Македонија.Станува збор за претседавачот со Централниот одбор на СДС, Герасим Лазов, до сега познат како личност која само знае да седи и да праќа пораки колку се не чини во државава. Лазов е човек кој добил функција поради тоа што е нечие внуче затоа не може да коментира паушално. Сега му текна на Лазов да се јави и да критикува за ФФМ, а не гледа кога станува збор за СДС кој со кого е поврзан, како стигнува до функција, како делат функции и пари. На внукот на Русковска, позната како обвинител која гонеше неистомисленици, му порачуваме пред да се појави во јавност, прво да погледне околу себе и каде е тој и што е СДС предводена од Венко Филипче и неговиот учител Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35