ЗабаваНиколас Кејџ не се препознава- го смени личниот опис поради новата улога (ВИДЕО)Како што стојат работите, во 2026 година ќе има многу филмови што ќе го привлечат вниманието на гледачите.Еден од нив е „Маден“, за познатиот коментатор на американски фудбал Џон Маден. Главната улога му е доверена на Николас Кејџ, кој ќе го игра Џон Маден. Кејџ не е единствениот што го промени својот личен опис за улогата. Друг познат актер го стори истото, кој е на фотографијата на насловната страница на статијата. Дали би го препознале? Ако случајно не го препознавте, тоа е Кристијан Бејл. Тој го игра ликот на тренерот Ал Дејвис во филмот „Маден“. Според луѓето што го гледале тизерот, Кристијан Бејл феноменално влегол во оваа улога. Филмот „Маден“ ќе биде објавен во 2026 година, во ноември, на Денот на благодарноста.Тагови: Николас Кејџ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗа 2 години Влада на ВМРО-ДПМНЕ над 60 спортски проекти со вредност од над 21 милион евраЗа 2 години Влада на ВМРО-ДПМНЕ над 60 спортски проекти со вредност од над 21 милион евра, продолжуваат инвестициите во спортот низ државата.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во спортската инфраструктура и го враќа спортот на местото што го заслужува, меѓу клучните национални приоритети. Со конкретни инвестиции во спортската инфраструктура, се создаваат подобри услови за развој на младите, за спорт и за нови спортски успеси. Во изминатите две години се реализирани и започнати 60 спортски проекти, со вкупна вредност од над 21 милион евра. Овие инвестиции не претставуваат само изградба и реконструкција на објекти, туку вложување во генерациите што доаѓаат и создавање здрави животни навики. За 2 години се реконструираа и започнаа повеќе капитални инфраструктурни проекти, меѓу кои спортската сала „Расадник“, атлетските патеки во Велес и во Гевгелија, спортската сала во Радовиш. Започна реконструкцијата на спортската сала на УКИМ, изградбата на нови спортски сали во Општина Аеродром, во Крушево и во Воената академија во Скопје, како и изградбата на новите трибини на градскиот стадион во Тетово. Се градат нови спортски сали, реконструираат атлетски патеки, се градат мултифункционални игралишта, стадиони и базени кои ќе овозможат илјадници деца, млади и рекреативци да спортуваат во современи и безбедни услови. Владата на ВМРО-ДПМНЕ овозможува да се создаваат предуслови за развој на врвниот спорт и да се организираат спортски настани кои ќе придонесат и за локалниот економски развој. Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на реализација на нови капитални проекти, затоа што силната спортска инфраструктура е темел за успешен спорт, поздрави генерации и посилна Македонија. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со инвестициите во спортот, бидејќи тие носат вредност со децении, а придобивките од нив ќе ги чувствуваат и сегашните и идните генерации. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Реконструкција или театар за прикривање на неуспехот?Вчера во Собранието се водеше расправа за таканаречената реконструкција на Владата.Мицкоски зборуваше за „нова енергија и ново темпо“, додека во реалноста се работи за козметички потези кои не ја менуваат суштината. Ова не е реконструкција која носи одговорност туку е прегрупирање на луѓе кои веќе две години ја водат државата во криза. Економијата тоне, буџетот е празен, европскиот пат е блокиран, а граѓаните се соочуваат со секојдневно поскапување. Наместо да се соочи со сопствените неуспеси, Мицкоски прави театар во Собранието. Прво со Изборниот законик, сега со реконструкцијата. Наместо да признае дека нема пари и дека не може да го издржи мандатот, се обидува да создаде привид на активност. Особено е цинично што дел од владејачкото мнозинство се впушта во навреди на пратеници од опозицијата. Во тоа директно учествува и Мицкоски. Неговиот прв соработник, Иван Стоилковиќ, како претставник на „српскиот свет“, предничи во навредите, дури и отворено псуе пратеници од опозицијата во Собранието. Со тоа ја понижуваат највисоката институција во државата, а со тоа и граѓаните. Тоа не е сила, туку слабост. Мицкоски сака предвремени избори. Повеќе не може да ги крие неуспесите. Но му треба алиби. Веќе рече дека нема да има предвремени избори, па сега прави реконструкција, а паралелно создава хаос во Собранието за да има причина да ги распише. Сценариото е јасно: или преку некоја сателитска партија, или преку инциденти во парламентот, се обидува да си обезбеди изговор. Реконструкциите и преименувањата не ја решаваат кризата. Граѓаните веќе сè знаат. Лагите и празните ветувања повеќе не поминуваат. Скопје, 14.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
ФудбалФранција- Шпанија, европски класик, битка за мундијалско финалеВечерва од 21 часот со судирот меѓу европскиот првак Шпанија и светскиот вицешампион Франција стартува елитното полуфинале на 23 Светски фудбалски шампионат. До крајот на Мундијалот остануваат четирите средби оние најзначајни, дуелите кои решаваат за освојувачите на медалите. Елитното полуфинале во Далас може да се најави и како дуел меѓу Мбапе и Јамал? или како пресметка меѓу најдобриот напад против најдобрата одбрана на шампионатот. Секако едно е сигурно вечерва светот ќе ужива во сите убавини на најважната споредна работа на светот фудбалот. Полуфиналето на Светското првенство меѓу Франција и Шпанија носи судир на две сосема различни фудбалски филозофии. Дуел помеѓу две селекции кои се меѓу главните фаворити за освојување на трофејот. Французите го сакаат своето трето последователно финале на Светското првенство, додека Шпанците, предводени од Ламин Џамал, имаат можност да го потврдат почетокот на нова златна ера. Додека францускиот селектор Дидие Дешан ја нагласува силата на единството и напаѓачкиот потенцијал на својот тим, шпанскиот стратег Луис де ла Фуенте верува дека најголемите успеси се постигнуваат преку борбеност, многу трчање и упорност. Мундијалската завршница ќе се игра со нова топка наречена „Триода“. 🚨Mbappe certainly doesn’t like the new World Cup ball for the Semi finals pic.twitter.com/QHXZQPCDGO — Kalshi Footy (@KalshiFooty) July 13, 2026 ФИФА го претстави специјално издание на топката „Триода“, која ќе се користи во завршните фази на Светското првенство. Иако техничките карактеристики на топката останаа непроменети, новата комбинација на црна и златна боја веднаш му го привлече вниманието на Килијан Мбапе за време на последниот тренинг на француската репрезентација. Пред да им се придружи на соиграчите, Мбапе зеде една од новите топки, внимателно ја разгледа неколку секунди за да ги забележи разликите во однос на верзијата користена во четвртфиналето, а потоа ја постави на теренот за да го испроба чувството при неколку удари кон голот.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55